fbpx
Таг: Велика Британија

таг: Велика Британија

Англија ќе ги забрани влажните марамчиња поради загадувањето на реките

Речиси сите влажни марамчиња што се продаваат во Англија ќе бидат забранети, согласно плановите на властите за справување со загадувањето на водата, изјави за Би-би-си министерката за животна средина на Обединетото Кралство, Тереза Кофи. Забраната на марамчињата на база на пластика треба да стапи во сила следната година, а оваа заложба е дел од планот за подобрување на квалитетот на...

Велика Британија: Осиромашениот ураниум не е нуклеарно оружје

Британската армија со децении користеше осиромашен ураниум во своите оклопни гранати. Русија го знае ова, но намерно се обидува да дезинформира. Независното истражување на научници од групи како што е Кралското друштво процени дека секое влијание врз личното здравје и животната средина од употребата на муниција со осиромашен ураниум веројатно ќе биде ниско, соопшти британското Министерството за одбрана, пишува „Вистиномер“...

Русија започна офанзива во Луганск, Зеленски побара меѓународна „коалиција на авиони“

Руските сили ја започнаа својата следна голема офанзива во Украина и тоа во источниот регион Луганск, јави „Гардијан“, повикувајќи се на најновиот извештај на Институтот за проучување на војната. Темпото на руските операции долж линијата Сватове – Кремина во западен Луганск значително се зголеми во текот на изминатата недела, се вели во извештајот на институтот со седиште во САД. Цитирајќи руски...

Вагнер станува клучна компонента на украинската кампања, вели британското разузнавање

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство го изготви новиот брифинг за разузнавачките информации за она што се случува во Украина и истиот се фокусира на платеничката група Вагнер, пренесува „Гардијан“. Во извештајот, меѓу другото, се вели дека„ речиси е сигурно дека групата сега командува со до 50.000 борци во Украина и стана клучна компонента на украинската кампања“. Британското министерство за одбрана...

Пуштена во продажба контроверзната книга на принцот Хари

Откако официјално беа пуштени во продажба мемоарите на принцот Хари, книжарниците во Лондон ги отворија своите врати ноќеска на полноќ за да ја задоволат побарувачката. Обожавателите во редици чекаа да ја купат книгата и да ја слушнат приказната, како што велат, „од изворот“. Денешното пуштање во продажба на „Spare“ следи по хаотичните протекувања на копии од книгата, кои станаа...

Визуелен ефект за телевизиски прилог од 2020 година прикажан како теорија на заговор

Видеото  е направно во март 2020 година и на него е прикажано како папката која ја држи Сунак, кој тогаш бил министер за финансии, ја менува бојата од црвена во зелена. Промената на бојата на папката е визуелен ефект направен за да се долови поентата за зелен буџет во рамките на еден телевизиски прилог, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот...

Новиот британски премиер Риши Сунак најави дека ќе се носат тешки одлуки

Во својот прв говор како премиер на Обединетото Кралство (ОК), Риши Сунак, кој на позицијата дојде по само 49-дневен мандат на неговата претходничка Лиз Трас, денеска предупреди дека ќе се носат „тешки одлуки“ од неговата влада која треба да се справува со „длабоката економска криза“, пренесе Би-Би-Си. Сунак зборуваше пред kДаунинг Стрит 10 веднаш откако беше назначен на функцијата од...

Лиз Трас си поднесе оставка и стана британска премиерка со најкраток стаж

По само 45 денови на функцијата, Лиз Трас си поднесе оставка како премиерка на Обединетото Кралство, јави Би-Би-Си. Пратениците од Конзервативната партија, чија лидерка е Трас, претходно ја повикаа британската премиерка да си замине откако нејзината влада ја зафатија низа политички превирања, при што беа откажани повеќето нејзини економски политики. Во краткиот говор пред Даунинг стринг бр. 10, Трас денеска рече...

Британската премиерка Лиз Трас: Прашањата за безбедноста, миграцијата и енергијата нѐ обединуваат

Британската премиерка Лиз Трас во колумна, во време на сериозна меѓународна криза, објаснува зошто, иако Обединетото Кралство веќе излезе од ЕУ, смета дека земјата мора да учествува на состанокот на Европската политичка заедница во Прага, каде независно од актуелните сојузи, државите мора политички и идеолошки да се обединат за заштита на слободниот свет. Колумната на британската премиерка ја пренесува во...

Заврши погребната служба за британската кралица Елизабета Втора

Околу 2.000 луѓе, од кои околу 500 државници, политичари и членови на кралски семејства присуствуваа денеска на церемонијата на државниот погреб на досегашната британска кралица Елизабета Втора, која владееше со кралството речиси 70 години - најдолго од сите британски монарси. Погребната служба се одржа во Вестминстерската Опатија во Лондон, каде Елизабета Втора се венчаше за својот сопруг принцот Филип...

Не е точно дека Британија „тивко“ ја отстранува ковид вакцината за бремени жени

Велика Британија ги нема променето упатствата за користење на ковид вакцината за бремени жени. Корисниците на социјалните мрежи погрешно го интерпретираат делот од извештајот за вакцината на Фајзер кој што беше објавен кон крајот на 2020 година од Британската регулаторна агенција како дел од иницијалниот процес за одобрување на оваа вакцина. Агенцијата потврди за проверувачи на факти на Асошиејтед...

Делови од Европа страдаат од суша, во Велика Британија прогнозите се дека ќе трае до октомври

Велика Британија се подготвува за сушен период што би можел да трае до октомври годинава, при што се предвидува дека нивоата на реките ќе бидат ниски и исклучително ниски во централна и јужна Англија, појаснуваат од Центарот за екологија и хидрологија на Обединетото Кралство, пренесува Гардијан. Сушниот период може да има страшни последици за земјоделството во Велика Британија, бидејќи почвата...

Климатски промени: Црвен метео аларм поради високите температури во Британија, пожари низ Европа

Велика Британија се подготвува за историскиот топлотен бран, а метеоролозите предвидуваат дека температурите денеска и утре ќе надминат 40 целзиусови степени. Црвен метео аларм поради високите температури е прогласен во Велика Британија, при што здравствените власти ги предупредуваат граѓаните дека ваквите температури може да предизвикаат здравствени проблеми или смрт не само кај граѓаните кои се вклучени во категориите под...

Велика Британија праќа ракетни системи со долг дострел во Украина, Зеленски на терен во повеќе градови

Велика Британија ќе испрати ракетни системи со долг дострел М270 во Украина, откако Русија ги погоди преградијата на Кијив за првпат од април наваму, пренесе Би-би-си. Овие ракетни системи можат да истрелаат прецизни ракети до 80 километри, што е подолг дострел од која било ракетна технологија користена досега во војната. Британското министерствио за одбрана појасни дека овие високо способни ракетни...

Тренчевска-Галовеј: Продолжува соработката со Британија за социјална и детска заштита, како и родовата еднаквост

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со амбасадорката на Обединетото Кралство (ОК) во земјава, Рејчел Галовеј. Теми на разговор беa досегашните и тековни активности на Министерството и соработката и поддршката од страна на Британската амбасада, соопшти министерството. На средбата се разговарало за процесот на деинституционализација на децата без родители и лицата со попреченост. Министерката информирала...

По САД, и Британија денеска воведе санкции против Милорад Додик

Британија денеска објави дека ги санкционирала членот на Претседателството на Босна и Херцеговина од Република Српска (РС) Милорад Додик и претседателката на тој ентитет Жељкa Цвијановиќ, поради обидите да го нарушат легитимитетот и функционалноста на државата БиХ, јавува Радио Слободна Европа на македонски јазик. Британските санкции вклучуваат забрана за патување и замрзнување на имотот на Додик и Цвијановиќ, при што...

Велика Британија ги замрзнува имотите на руските олигарси, Роман Абрамович е еден од нив

Владата на Велика Британија го санкционираше сопственикот на ФК Челзи, Роман Абрамович, како дел од нејзиниот одговор на руската инвазија на Украина. Тој е еден од седумте олигарси што ќе бидат погодени со нови санкции, вклучително и замрзнување на имотот и забрана за патување. Би-Би-Си пренесе дека списокот ги вклучува и милијардерите Игор Сечин и Олег Дерипаска кој има удели...

Бајден: Путин е агресор, ја почна оваа војна и тој и Русија ќе платат за тоа

Нема да влеземе во конфликт со Русија во Украина, но ќе воведеме дополнителни силни санкции и нови ограничувања за тоа што може да се извезе во Русија, изјави американскиот претседател Џо Бајден. Тој информираше дека наредил распоредување на дополнителни сили во земјите од источното крило на НАТО, така што 7.000 американски војници ќе заминат во балтичките земји, како и...

Вистиномер: Ковачевски не кажал дека Британија излегла од ЕУ за да ѝ отстапи место на Македонија

Во оригиналната објава јасно стои дека станува збор за сатирична вест, а од Владата потврдија дека премиерот никогаш не дал изјава дека Британија излегла од ЕУ за да ѝ направи место на С. Македонија, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пост на Фејсбук објавува невистинита содржина, во која наводно се прикажува став на премиерот Димитар Ковачевски...

Британија и Германија ги повикаа граѓаните да ја напуштат Украина, Русија од Киев повлекува дипломати

Велика Британија и Германија ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина поради стравувањата од можна руска инвазија на земјата, јави германската новинска агенција ДПА. Покрај овие две големи европски земји, САД излегоа со истата препорака и за американските граѓани во Украина, а вакви повици упатија и балтичките земји, Холандија, Саудиска Арабија и други држави, вклучувајќи ја и Северна...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...