fbpx
Таг: Велика Британија

таг: Велика Британија

На кралот Чарлс му е дијагностициран рак, соопшти Бакингемската палата

На британскиот крал Чарлс му е дијагностициран облик на рак, соопшти вчера Бакингемската палата, а пренесе Би-би-си. Видот на ракот, како и стадиумот, засега остануваат неоткриени. Кралот вчера започнал со редовни третмани и ќе ги одложи јавните обврски во меѓувреме, соопшти палатата. 75-годишниот монарх лично ги информирал двата сина за неговата дијагноза, а принцот од Велс, Вилијам, бил во редовен контакт...

САД и Британија бомбардираа воени бази во Јемен, каде избија масовни протести

Вчеравечер воените сили на САД и Обединетото кралство бомбардираа воени бази во Јемен, известува Би-би-си. Нападите се одговор на нападите врз бродови во Црвеното Море од страна на Хути, екстремистичката организација која го управува Јемен. Нападите на Хути започнаа по војната во Газа и нивната иницијална цел беше да се спречи гориво и други ресурси да стигнат до Израел....

САД и Британија соборија ракети од досега најголемиот воздушен напад на Хути во Црвеното Море

Американски и британски сили соборија ракети лансирани од Хутите во Црвеното Море, известува Гардијан. Не се забележани загинати лица. Нападот на јеменската исламистичка група се смета за најкомплексниот досега откако таа почна да таргетира бродови во регионот по конфликтот во Газа. Како последица на напади на Хути, најголемите шпедитерски фирми ги пренасочуваат своите бродови да кружат околу Африка наместо да одат...

Возел 320 километри на новогодишната ноќ за да спаси од евтаназија што повеќе кучиња од Британија

Семи Вилкинсон, љубител на расата кучиња „XL бул“ (XL Bully) возел повеќе од 320 километри (200 милји) на новогодишната ноќ за да земе кучиња од оваа раса и да ги однесе Шкотска, само неколку часа пред да биде воведена забраната за оваа раса во Англија и Велс, пренесува Индипендент.  Забраната за оваа раса стапи на сила во неделата, на 31...

Во Британија на полноќ стапува на сила забрана за расата „XL бул“ кучиња

Забраната на расата кучиња „XL бул“ (XL Bully) од денеска на полноќ треба да стапи на сила во недела во Англија и во Велс, по најавата од септември од страна на владата на Обединетото Кралство дека постои пораст на фатални напади од оваа раса кучиња. Расата „XL бул“ беше додадена во септември на листата на кучиња забранети во Англија и...

Презентерка на Би-би-си покажа среден прст на вести во живо, па се извини

Презентерка на вести на Би-би-си, која случајно беше фатена како покажува среден прст на почетокот на програмата, се извини за, како што рече, „глупавата шега“ која била наменета за колегите, но не и за гледачите. Мерјам Мошири, една од главните водителки на Би-би-си, во средата беше фатена како на пладневното издание на вестите покажува среден прст и кренати веѓи, по...

Британија и Грција во спор за враќањето на старогрчки споменици

Долгогодишниот конфликт меѓу Грција и Британија околу враќањето на „елгиновите мермери“, кои во 19-от век биле земени од Партенонот од британскиот дипломат Лорд Елгин и однесени во Британскиот музеј во Лондон, повторно предизвика дипломатски тензии, известува Би-би-си. Во последен момент, Британија ја откажа закажаната средба меѓу премиерот Риши Сунак и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Откажувањето е последица на неделното гостување...

Велика Британија ќе гради сателит за следење на климатските промени и природните катастрофи

Велика Британија ќе помага во финансирањето и изградбата на ново вселенско летало кое ќе им помогне на научниците да ја следат климатската криза и природните катастрофи, соопштува Гардиан. Новиот сателит ќе биде финансиран со 3 милиони фунти од Вселенската агенција на Обединетото Кралство, придружувајќи им се на Шпанија и Португалија во проектот „Atlantic Constellations” од 80 милиони евра. Проектот развива група...

Ситибанк отпушти вработен, на патување на службен трошок си ја нахранил и партнерката

Шаболч Фекете, банкар вработен во британската бранша на Ситибанк изгубил случај откако претходно се пожалил за нефер отпуштање, пишува Би-би-си.  Фекете првично тврдеше дека тој сам изел два сендвичи и два оброка со тестенини и дека испил две кафиња за време на службеното патување во Амстердам. Кога се вратил во Лондон, побарал да му бидат покриени трошоците, што тој сметал...

Велика Британија ја обвини Русија дека планира минирање на бродови со украинско жито

Велика Британија ја обвини Русија дека планира саботажа на цивилни танкери натоварени со украинско жито, со поставување на морски мини на приодите до црноморските пристаништа во земјата, јавува „Гардијан“. Обединетото Кралство врз основа на, како што беше истакнато, декласифицирани разузнавачки информации, рече дека Русија не сака директно со проектили да ги нападне трговските бродови користејќи го новосоздадениот хуманитарен коридор на...

Британска помош за зајакнување на НАТО капацитетите на МНР

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и амбасадорот на Обединетото Кралство Метју Лосон потпишаа Меморандум за соработка за реализација на проектот за менторство и градење на капацитетите на Директоратот за НАТО и политичко-безбедносни прашања при Министерството за надворешни работи (МНР), информираат од МНР. „Со денешното потпишување на Меморандумот дополнително го зацврстуваме нашето сојузништво во рамки на НАТО Алијансата и ја...

Доживотна казна затвор за медицинската сестра што уби седум бебиња во Велика Британија

Серискиот убиец – медицинската сестра Луси Летби никогаш нема да излезе од затвор откако судијата ја осуди на ретко пресудуваната доживотна казна за „садистичко“ убиство на седум бебиња во Велика Британија. 33-годишната Летби е третата жива жена на која ѝ е изречена ваква затворска казна во Обединетото Кралство. Таа денеска беше осудена во судот во Манчестер, јавува Гардијан. Поранешната неонатална медицинска...

Министерот Бујар Османи не поседува компании во Велика Британија

Несомнено постојат повеќе луѓе со име Бујар Османи, а оваа објава на Фејсбук манипулира со тој факт. Намерата е да се претстави лажен наратив дека министерот за надворешни работи Бујар Османи поседувал 10 фирми. Со пребарување на интернет со податоците на Османи наведени во неговата биографија, не најдовме ниту една фирма која може да се поврзе со него, пишува...

Стратешките партнери на С. Македонија ни го честитаа празникот Илинден

Објавата што ја анализираме, шири дезинформации и ги оцрнува стратешките партнери на С. Македонија, нарекувајќи ги „душмани“, а на сметка на тоа ја глорифицира Русија. Точно е дека Русија ни го честита празникот Илинден, но честитки испратија и амбасадите на САД, Франција и Велика Британија, како и делегацијата на ЕУ во Скопје, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го...

Единици на Вагнер се движат кон Москва, забележани во областа Вороњеж

Министерството за одбрана на Велика Британија во најновиот разузнавачки извештај потенцира дека единици на платеничката војска Вагнер на Евгениј Пригожин се движат „северно од областа Вороњеж“ и речиси сигурно имаат за цел да стигнат до Москва, пренесува Би-би-си. Вороњеж се наоѓа на половина пат меѓу милионскиот град Ростов-на-Дон на југот на Русија и рускиот главен град. Платеничката војска Вагнер објави...

Тројца мртви во три инцидента во британскиот град Нотингем, еден е уапсен

Во три различни инцидента, веројатно поврзани со еден човек, три лица загинале во британскиот град Нотингем утрово и претпладнево. Еден 31-годишен маж е уапсен под сомнеж за убиство, јави Би-Би-Си. Најпрвин полицијата била повикана во 4 часот утрово на улицата Илкестон, каде биле пронајдени двајца мртви. Потоа е пронајдено уште едно мртво тело на улицата Магдала. Сите инциденти се случиле во...

Не е точно дека на повидок е нова пандемија на птичји грип

Двајца работници на фарма во Англија беа позитивни на птичјиот грип, но ниту еден здравствен претставник не посочил дека тоа претставува почеток на нова пандемија. Велика Британија не потврдила дека тоа е почеток на нова пандемија, ниту пак Бил Гејтс рекол дека следната пандемија ќе ги таргетира децата. Тврдењата изнесени во објавата се произволни и не се поткрепени со...

Од денеска нови летови од Охрид кон Лондон и Манчестер

Охрид од денеска авионски се поврзува со две нови дестинации. На охридскиот аеродром утрово слета првиот авион со туристи од Манчестер, Велика Британија, а подоцна и вториот авион од аеродромот Гетвик во Лондон. Воведувањето на двете нови сезонски авиолинии од и кон охридскиот аеродром беше одбележано со воден мост и свечен пречек на туристите. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски...

Англија ќе ги забрани влажните марамчиња поради загадувањето на реките

Речиси сите влажни марамчиња што се продаваат во Англија ќе бидат забранети, согласно плановите на властите за справување со загадувањето на водата, изјави за Би-би-си министерката за животна средина на Обединетото Кралство, Тереза Кофи. Забраната на марамчињата на база на пластика треба да стапи во сила следната година, а оваа заложба е дел од планот за подобрување на квалитетот на...

Велика Британија: Осиромашениот ураниум не е нуклеарно оружје

Британската армија со децении користеше осиромашен ураниум во своите оклопни гранати. Русија го знае ова, но намерно се обидува да дезинформира. Независното истражување на научници од групи како што е Кралското друштво процени дека секое влијание врз личното здравје и животната средина од употребата на муниција со осиромашен ураниум веројатно ќе биде ниско, соопшти британското Министерството за одбрана, пишува „Вистиномер“...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...