fbpx
Таг: Велигден

таг: Велигден

Религиозните дизајни на натпреварот за украсување јајца во Белата куќа се забранети со децении

Натпреварот за украсување јајца во Белата куќа се однесува на креации од децата на членовите на Националната гарда, според Американ ег борд, партнер кој Конгресот го основаше во 1976 година. На Бордот му е забрането да дискриминира во сите програми и активности врз основа на религија, политичко уверување и сите други категории. Бордот е поддржувач на овој настан со...

Денот за видливост на трансродовите лица се совпадна со Велигден, одбележувањето нема врска со Бајден

Бајден не ја прогласил велигденската недела за ден на трансродовите луѓе, како што тврди оваа објава на Фејсбук, туку 31 март – Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица годинава коинцидентно се падна на ист ден кога се одбележува Велигден. Секоја година Велигден се одбележува во недела, но на различен датум, додека Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица...

Католиците го слават Велигден, честитка од претседателот Пендаровски

Христијанските верници денеска го прославуваат големиот христијански празник Воскресение Христово -Велигден според Грегоријанскиот календар. Претседателот Стево Пендаровски, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски и до сите верници со поздравот – Христос воскресна! Во честитката Пендаровски пишува дека во овој поздрав е сублимирана сржта на христијанската вера дека Бог во Исус Христос целосно се поистовети...

Куриер нема насловна страница на која е прикажан Зеленски како краде велигденски јајца

Ваква насловна страница не може да се најде на ниту еден број од францускиот неделник. Куриер има издание од 6 април со серискиот број како на лажната насловна страница со Зеленски  (N°1692), но со различен дизајн. Како што објаснува Courrier International за насловната страница од 6 април изборот на уредниците бил направен во корист на Индија, која е најнаселена...

Не е точно дека Украина го забранила Велигден годинава

Велигденските празнувања не беа забранети ниту во Киев, ниту каде било на друго место во Украина. Постот дезинформира дека  Украина годинава го забранила Велигден. На  видеоматеријал снимен на 16 април 2023 година, може да се погледне како верниците се упатуваат кон храмовите во Киев. Во дворовите на црквите свештениците поздравуваат со „Христос воскресе“ и изведуваат ритуал на прскање со...

„Сте се запрашале ли како самохран родител го поминува месецот?“ – реакции по велигденскиот говор на владиката Петар

Богохулна, противприродна и отровна идеологија – вака митрополитот преспанско-пелагониски г.Петар ја опиша родовата еднаквост во своето велигденско обраќање кое предизвика лавина реакции во јавноста и на социјалните мрежи. Пренесувајќи ги своите пораки за христијанскиот празник, владиката Петар се осврна и на феминизмот и родовата еднаквост, за која рече дека „молскавично му се заканува“ на нашето општество и дека била поопасна...

Војната во Бахмут беснее и за Велигден, Русија и Украина разменија војници

Украинските и руските вооружени сили водат интензивни борби во разурнатиот град Бахмут и за време на Велигден, пишува Гардијан. Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека борците од платеничката група Вагнер зазеле уште два дела на Бахмут, кој е главна цел на руската офанзива веќе подолг период наназад во источна Украина. Серхиј Черевати, портпарол на источната воена команда на Украина за...

Честитки од државниот и партискиот врв по повод празникот Велигден

Македонскиот државен и партиски врв по повод празникот Воскресение Христово Велигден денеска упати честитка до православните христијани и до поглаварот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија г.г. Стефан. Претседателот Стево Пендаровски во упатената честитка наведува оти се надева дека  Велигден ќе ни донесе добра мисла, оптимизам и инспирација за правење добри дела и помагање на сите на кои им...

Посебен режим на сообраќај за велигденските празници во Скопје

Утре и задутре, по повод празникот Велигден, на подрачјето на град Скопје, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Во сабота, во периодот од 18.00 часот па до завршување на манифестацијата „Воскресение Христово...

ЈСП за велигденските празници ќе вози по неделен возен ред, паркирањето во Центар бесплатно

Во престрет на велигденските празници, Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) ја информира јавноста дека возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат според изменет возен ред. Утре сите автобуси ќе сообраќаат по неделен возен ред, освен на линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160 и 164 кои ќе се движат според саботниот возен ред. Во текот...

Папата Франциск побара да се стави крај на војната во Украина

Архивска фотографија од Папата Франциск, 2016 година | Фото: Long Thiên, CC BY-SA 2.0, Викимедија комонс
Во својата велигденска порака „До градот и светот“ (Urbi et Orbi), поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска ги осуди нападите на Блискиот Исток, повика да се стави крај на војната во Украина, а ги спомена и настраданите во земјотресите во Турција и Сирија. Папата се обрати пред околу 100.000 верници на плоштадот Свети Петар во Ватикан, и ја изрази...

Католиците го слават Велигден, честитки од Пендаровски, Ковачевски и Џафери

Верниците на Римокатоличката црква, кои се раководат според Грегоријанскиот календар, денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден. Честитки до католиците во земјава и во светот упатија претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието, Талат Џафери. „Годинава Велигден се празнува во време на голема неизвесност и на човечки страдања предизвикани од бројни кризи, воени жаришта, елементарни...

Путин присуствувал на годинешнава Велигденска литургија во Москва

Фотограф на „Асошиејтед Прес“ го фотографирал Путин на службата за Велигден во Москва. Фотографиите покажуваат дека тврдењата дека рускиот претседател не бил на велигденската литургија во црквата Христос Спасител во Москва и дека снимката од руските државни медиуми е или стара или претходно снимена, се невистинити. И други реномирани медиуми како „Ројтерс“ и „Франс Прес“, исто така објавија свои...

Православните христијани го празнуваат Велигден – честитки упати врвот на државата

Православните христијани во поголемиот дел од светот денеска го празнуваат Велигден. Со честитање „Христос воскресе!“ и одговор „Навистина воскресе!“ од полноќната воскресна литургија, тие го одбележуваат своето верување дека Исус Христос воскреснал од гробот на третиот ден и со тоа ги отплатил гревовите на оние што веруваат во Неговата спасоносна жртва. Христовото воскресение - Велигден е најголемиот христијански празник. Со овој...

Од вечерва повторно полициски час, изминатово деноноќие 436 граѓани казнети за неносење маска

По временото повлекување на полицискиот час изминатата ноќ, заради празнувањето на Велигден, од вечерва повторно е на сила забраната за движење на граѓаните, освен со посебна дозвола, од 21 часот до 5 часот следниот ден. Минатата година во текот на повеќедневните велиденски празнувања беше на сила неколкудневна забрана за движење. Времено повлекување на полицискиот час ќе има и за Рамазан...

Честитки од претседателот, спикерот и премиерот: Велигден како празник на надежта ги исполнува срцата со топлина

Најголемиот христијански празник Велигден - Воскресение Христово - на православните верници, припадниците на Евангелско – методистичката црква и на останатите христијански деноминации во земјава што го одбележуваат Празникот над празниците со Православната црква во светот им го честитаа претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Зоран Заев. „Посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје, исполнети...

Православните верници го празнуваат Велигден

Православните верници во земјава и во светот денеска го прославуваат најголемиот христијански празник Велигден. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква. На крајот наВоскресенските богослужби, верниците што постеа во текот на Великиот пост, се поздравуваа со „Христос воскресна – навистина воскресна“ и се кршеа во црвените јајца. За разлика од минатата година, кога беше воведен...

ЈП Комунална хигиена ги чисти верските храмови во пресрет на Велигден

ЈП Комунална хогиена
ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведе активности за одржување на хигиената на поголемите православни верски храмови во сите скопски општини. Со помош на три автоцистерни екипите на ова претпријатие извршија рачно и машинско миење на дворовите и непосредната околина на: соборниот храм Св. Климент Охридски, црквите Св.Богородица, Св.Димитрија, Св.Јован Крстител, Св.Петка, Св.Ѓоргија, Св.Илија, Св.Архангел Михаил, Св.Петар и Павле, Св.Спас и други. „Во...

Филипче апелираше на почитување на мерките за Велигден и да нема причест во храмовите

Ако има најава за причестување од иста лажичка тоа го осудувам и апелирам да не се прави, одговори министерот за здравство Венко Филипче на новинарско прашање на денешниот настан на примопредавање на донација од Словачка на четири респиратори за Клиниката за детски болести. Тој уште еднаш повтори дека верските лидери се обврзале да апелираат до граѓаните да се придржуваат...

Полицискиот час од утре од 21 до 5 часот, исклучок ќе има ноќта меѓу 1 и 2 мај, за Велигден, и меѓу 13 и 14 мај, за Рамазан Бајрам

Владата на денешната седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и ги донесе измените на мерките за заштита и спречување на ширењето на ковид-19. Според нив, од утре, 28 април (среда), забраната за движење на населението и на возилата од јавен превоз на целата територија на државата, наместо од 20 часот, ќе важи од 21 до 5...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...