fbpx
Таг: Велес

таг: Велес

Стартуваат шест проекти за медиумска писменост и критичко мислење

Во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и „Евротинк - центар за европски стратегии“, шест граѓански организации денеска во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје ги презентираа своите замисли со кои во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ во неколку градови во земјава ќе работат на развојот на критичкото мислење и...

Руска сајбер шпионка роварела во Македонија по кумановските настани

Заедничката истрага на „Базфид њуз“ и Проектот за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP) покажува дека индустријата за политички вести на Велес не е започната „спонтано од аполитични тинејџери“. Според истражувањето, по разгледувањето на објавите на социјалните медиуми, државните записи, информациите за регистарот на доменот и архивираните верзии на лажни веб-сајтови за вести, како и интервјуирањето на клучните играчи,...

Царовска: Ќе побараме стан за семејството со трите деца што настрадаа во пожар

На семејството чии три деца минатата седмица загинаа во пожар во нивниот субстандарден дом во Велес, социјалните работници му нуделе сместување под кирија уште пред да се случи трагедијата, но, одбивало. Дали постои евентуален пропуст во нивната работа, испитува социјална испекција која во петокот и денеска е во велешкиот Центар, вели министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Таа...

Центарот за социјални работи и Општина Велес ќе го организираат погребот на трите деца

Центарот за социјална работа во Велес и Општина Велес денеска се ангажираат за организирање на погребот на трите деца, две сестри и еден брат, на возраст од 1,2 и 4 години, кои вчера ги загубија животите во пожарот во нивниот дом под ридот Вршник во Велес, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Од министерството појаснуваат дека семејството било...

Обвинителството го истражува пожарот во Велес во кој загинаа три деца

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство - Велес вчера извршил увид во куќата под ридот Вршник во Велес, каде во пожар во куќа загинаа три деца на возраст од четири, две и една година. Според првичните сознанија на јавниот обвинител, родителите ги заклучиле децата, две сестри и еден брат, и заминале во продавница. За тоа време, од засега непознати...

Владите од регионот се обврзаа на поевтин роаминг и поголема дигитална поврзаност

На крајот на дводневниот Дигитален самит на Западен Балкан, министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски одржаа прес конференција на која ги пренесоа пораките и заклучоците кои произлегоа од првиот самит за дигиталната агенда на регионот. Манчевски ги изнесе и конкретните заклучоци за кои се обврзаа сите земји од Западен Балкан. - Ние сме...

Поповски: Ќе се обидеме Велес да стане синоним на борбата со лажните вести

На панелот „Медиумите во дигиталната ера: Борбата против лажните вести“ на Дигиталниот самит кој денес завршува во Скопје, министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, рече дека Велес, за жал, станал синоним на лажните вести. - Ние ќе се обидеме Велес да стане синоним на борбата со лажните вести не само во тој град, туку и во Македонија – рече...

Земјотрес вечерва близу Велес

Земјотрес со интензитет од 4 степени според Европската макросеизмичка скала и магнитуда од 2,6 степени според Рихтер е почувствуван вечерва во Велес и околината, со епицентар близу селото Каратманово, извести Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Земјотресот се случил во 19.07 часот.

Тешко повредени тројца велешани откако на нив налетал автомобил

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила ноќеска во 3.30 часот близу Градската библиотека во Велес, тешки телесни повреди задобиле тројца тинејџери, од кои двајца потоа се пренесени во Ургентниот центар во Скопје во животозагрозувачка состојба. Како што извести СВР Велес, околу 03.30 часот на улицата „Алексо Демниевски“, Т.Т (33) од Велес изгубил контрола над автомобилот „фиат пунто“ со велешки...

Пронајдени 18 револвери во стара куќа во Велес

Дури 18 стари револвери, за кои полицијата вели дека се произведени во 1938 година, биле пронајдени вчера, во стара куќа во Велес. Според билтенот на МВР, околу 13.30 часот вчера, во СВР Велес било пријавено дека во куќа на улицата Максим Горки во Велес, сопственикот на куќата, И.Ѓ.(68), во еден од ѕидовите пронашол 18 револвери марка „нагантс“, калибар 7,62 милиметри. Според...

СДСМ прогласи победа во скопски Центар и во Аеродром, во Велес и во Битола

Кандидатот за градоначалник на Велес од СДСМ, Аце Коцевски, прогласи победа на локалните избори, а според партиски извори, извесна е победата на СДСМ и во Битола, Берово, скопската општина Бутел, Валандово, Гевгелија, Делчево и во уште неколку помали општини. Победа во првиот круг прогласи и Саша Богдановиќ, кандидатот за градоначалник на СДСМ во скопската општина Центар, кој рече дека ваквиот...

Владата почнува со изработка регистар на население

Владата на Република Македонија на денешната редовна 29. седница, меѓу другите точки на дневниот ред, донела одлуки во врска со планираниот регистар на население, односно била усвоена информација за статусот на спроведување на проектот „Регистар на население“, за кој, како што се вели во владиното соопштение, се очекува во иднина дури и да го замени пописот. Истовремено, Владата го задолжила...

„Си-ен-ен“: Велеc со лажни вести се подготвува за изборите во САД во 2020 година

„Заспаниот крајречен град во Македонија е дом на десетици веб-страници кои објавуваат лажни приказни направени за да го привлечат вниманието на Американците. Секој клик додава пари на нивните банкарски сметки“, вели „Си-ен-ен“ во опширната приказна за младите велешани кои заработија многу пари, пишувајќи лажни вести во корист на претседателот на САД, Доналд Трамп, кога тој беше претседателски кандидат. Еден од оние кои...

Коџабашиев: На Зоран Заев и на политичарите на СДСМ не им е местото во Велес

Велес е градот кој најмногу пропати од политиките на СДСМ, кои значеа затворање фабрики, технолошки вишоци и бркање луѓе на улица без работа, изјави денеска Ѓорѓи Коџабашиев од ВМРО-ДПМНЕ. - СДСМ во Велес е синоним на поимите транзиција и криминална приватизација. На Зоран Заев и на политичарите на СДСМ не им е местото во Велес. СДСМ во Велес е синоним...

Заев во Велес: Ја барам вашата поддршка за целосно да ја укинеме проклетата сиромаштија

Премиерот Зоран Заев денеска во Велес соопшти дека кандидат за градоначалник на претстојните локални избори во оваа општина ќе биде Аце Коцевски и побара поддршка од граѓаните за централната заедно со локалната власт да работи на подобрување на економијата. - Ја барам поддршката од граѓаните заедно со Владата на Република Македонија, со новите општини по локалните избори да работиме на...

Обвинителството ја продолжува истрагата за автобуската несреќа

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Велес синоќа извршил увид на местото на несреќата, која се случи синоќа околу 19 часот, кога автобус со македонски регистерски таблички, кој превезувал патници кои се враќале од летување во Грција, излетал од коловозот. Истрагата била прекината, а продолжува денеска. Причините за несреќата се утврдуваат. По наредба на јавниот обвинител, од возачот...

Вработените во „Колска“ блокираа возови во Велес

Вработените во фабриката за шински возила „Колска“ во Велес изутринава го блокираа железничкиот сообраќај. На железничката станица во Велес, утрово штрајкувачите блокираа четири патнички возови, три домашни и еден меѓународен, кои од 7 до 9 часот стоеја на станицата во Велес. Вработените тврдат дека блокадата на сообраќајот е единствениот начин да извршат притисок врз „МЖ - Транспорт“ и врз Министерството за...

Заев вети дека ќе се реши проблемот со платите во „Колска“

Премиерот Зоран Заев презел обврска уште денеска да почне решавањето на проблемот на вработените во фабриката „Колска“ во Велес, кои шест месеци немаат земено плата, а ќе се најде и трајно решение за статусот на компанијата, соопшти Владата. На средбата со синдикатот на фабриката за шински возила „Колска“ од Велес, Заев ветил дека проблемот финансиски ќе биде решен, со што...

Велешанец удрил полицаец со камен по глава и го онесвестил

Полицаец во Велес вчера доцна попладнето се онесвестил откако бил удрен по глава од млад велешанец, соопшти СВР Велес. Инцидентот се случил 18.10 часот, вчера на улицата Благој Страчковски во Велес. Двајца полицајци дошле на интервенција поради нарушување на јавниот ред и мир во поголем обем, при што едниот забележал дека млад маж сака да го удри неговиот колега со...

Сосед убил 64-годишна велешанка откако ја скршил влезната врата

Велешанец свирепо убил своја 64-годишна сосетка денеска напладне во нејзиниот дом, откако првин ја скршил влезната врата, соопшти Јавното обвинителство. Убиецот најпрвин се заканувал на велешанката и на нејзините син и снаа, а потоа тргнал кон нив носејќи нож и земјоделска алатка. Кога тројцата го виделе тоа, влегле дома и се заклучиле, но убиецот ја искршил влезната врата и веднаш...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...