fbpx
Таг: Велес

таг: Велес

Патничките возови од утре ќе сообраќаат и за викендите, но со редуциран возен ред

Железници на РСМ-Транспорт од утре, 16 мај, ќе ги стави во функција патничките возови и за време на викендите. Возови во сабота и недела ќе има на релациите Скопје-Гевгелија-Скопје, Скопје-Битола-Скопје и Скопје-Велес-Скопје, додека нема да се сообраќаат возовите од Скопје кон Куманово, Кичево и Кочани. Почнувајќи од утре, на релацијата Скопје-Битола ќе сообраќаат возовите во 6:57 и 14:30 часот, додека...

Во зградата на велешката Топилница има сулфурна киселина, предупредуваат екологистите

Голема количина сулфурна киселина складирана во депо, сѐ уште стои во објектот на некогашната Топилница во Велес. Екологистите од овој град предупредуваат дека не само огромниот црн рид со згура е опасност за здравјето на велешани. Загадувањето демне и од напуштената зграда, која како сениште стои и потсетува на еколошката агонија која ја поминаа жителите на Велес. Таа е...

За првомајските празници нема да сообраќаат патничките возови

Foto: Borce Popovski
Патнички возови за време на првомајските празници ќе нема. Граѓаните кои планирале да отпатуваат на пикник за продолжениот викенд ќе треба да го откажат ваквиот план или да користат друго превозно средство за патување. Од Железници - Транспорт информираат дека в сабота (2 мај) и в недела (3 мај) патничките возови нема воопшто да сообраќаат. В петок (1 мај), ќе сообраќаат...

Од понеделник нови измени во возниот ред на патничките возови

По скратувањето на полицискиот час во земјава, Железници -Транспорт направи нови измени во возниот ред на патничките возови, кои стапуваат на сила од полноќ на 27 април (понеделник). Со направените измени и понатаму нема да сообраќаат возови на релациите Скопје-Табановце-Скопје, Скопје-Кичево-Скопје и Скопје-Кочани-Скопје. Меѓу Скопје и Гевгелија ќе сообраќаат два воза дневно, со поаѓања од главниот град во 6:23 и...

Велешката згура може да патува и за Африка и за Источна Европа

Две држави, една во Источна Европа и една во Африка, се новите потенцијални дестинации каде што би можела да се транспортира згурата од велешката Топилница. Останува отворена и опцијата троската да замине и за Малезија, која на почетокот на годината ги затвори границите за увоз на отпад. Компанијата „Кепс монт груп“, која доби концесија да ја собере и продаде...

Запира ремедијацијата на почвата во Велес, ќе продолжи кога ќе се дислоцира троската

Ремедијацијата на почвата во Велес ќе продолжи кога ќе биде исчистен огромнот рид со троска, остаток од работењето на некогашната Топилница за цинк и олово. Годинава, првпат по 15 години, нема да се садат растенија кои од почвата извлекуваат тешки метали, со оглед на тоа што последното се покажа како неуспешно. Наместо да се намалуваат, концентрациите на олово, цинк...

Во викенди забрана за движење (полициски час) од 16 часот попладне до 5 наутро

Владата донесе одлука да се забрани движењето за сите граѓани во текот на викендот во периодот од 16 до пет часот следниот ден, информираа оттаму. Ова следува откако денес беше објавено дека бројот на заболени лица во земјата се искачи на 177. Министерот за здравство, Венко Филипче, информира дека починала пациентката од Дебар која повеќе денови беше на респираторна машина,...

Во Велес воздухот е почист, но почвата сè уште е отровна

Велешани дишат почист воздух во последните години, откако е затворена Топилницата, но тоа не е случај и со почвата во градот. Нивоата на кадмиум, цинк и олово во воздухот се под максимално дозволените вредности, покажуваат податоците од мерењата направени од Институтот за јавно здравје од Велес. Почвата, пак, и по деконтаминацијата во градот и околината, со засадување маслодајна репка,...

Од првите лаги до кампањите со лажни вести – и улогата на Балканот во сето ова

Уште од првиот момент кога човекот станува свесен за своето постоење, тој станува и склон кон злоупотреба на начините за комуникација за ширење озборувања и, неизоставно, лаги. Познатиот израелски автор и професор по историја, Јувал Ноа Харари, во својата книга „Сапиенс: кратка историја на човештвото“ тврди дека озборувањето е темел на опстанокот на нашиот вид и е еден од главните...

Малезија сè уште не дала дозвола за влез на згурата од велешката Топилница

Малезија сè уште не дала дозвола на нејзина територија да се увезе отпадот од Топилницата од Велес. Во таа земја во тек е шестмесечен мониторинг на сите договори од овој тип, откако на почетокот на годината беше забранет секаков увоз на отпад. Тоа е причина што транспортот на минералната техногена суровина од троската сè уште не започнал, иако подготвителните...

Од вкупно 1,8 милиони тони згура на црниот рид на велешка Топилница, само стотина тони заминале за Малезија

Само стотина тони, како пробни количини суровина, од црниот рид згура од велешката Топилница се транспортирани во Малезија. Компанијата „Кепс монт груп“ сè уште не започнала со редовен транспорт на остатоците во јаловиштето, а општинските власти во Велес немаат информации каде е застојот. Концесионерот во октомври минатата година ја доби Б-интегрираната еколошка дозвола, која беше последната препрека да започне...

Јавен превоз лани користеле 72 милиони патници, продолжува трендот на опаѓање (инфографик)

Со јавен превоз во сите градови од земјава лани биле превезени 72.040.000 патници, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Со линиите од градскиот превоз во 2019 година патувале 42.404.000 патници, додека автобусите од приградските линии превезле 29.636.000 патници. Во овие бројки се вклучени податоците од главниот град, но и од градско-приградскиот превоз што се одржува во Куманово, Велес,...

Од велешаните се фасцинирав, Македонците се поевтини за моите сајтови, вели екс-директор на „Фокс“ и новопечен „велешки бизнисмен“

Од „велешаните“ се фасцинирав - Македонците ми се поевтини да ги ангажирам за моите веб-сајтови, а всушност не правам ништо лошо, вели за „Њујорк тајмс“ Кен Ла Корт, поранешен директор во американската телевизиска мрежа „Фокс“, кој сега има некои веб-сајтови со, како што тој го нарекува тоа „хиперполитика“ и на кои му работат млади луѓе од Македонија оти „се...

„Македонска фабрика“ за лажни вести украде Фејсбук-страница од „Ветераните за Трамп“

Со ветување за приходи од по неколку десетици илјади долари месечно, Македонец што се претставил како Андреј Спасовски, успеал да го убеди главниот администратор на популарната Фејсбук-страница „Vets for Trump“ („Ветераните за Трамп“), која ја следеле околу 100.000 корисници, да му даде администраторски пристап, односно на неговата фејсбук-страница Ad Break. Откако тоа го направил, Спасовски го тргнал дотогашниот главен...

Аудио документарец на БиБиСи: „Докторка за лажни вести“

Светскиот сервис на БиБиСи објави аудио документарец на тема сајтови за лажни вести од Велес, Северна Македонија со наслов Doctor Fake News („Докторка за лажни вести“) во кој се потсетува дека прв медиум што објави официјални разговори со сопствениците на порталите за лажни вести беше агенцијата Мета.мк. “It’s easy to manipulate passionate people.” Welcome to Veles, North Macedonia, where fake...

Армијата доби нови 125 професионални војници

Армијата на Република Северна Македонија од денеска во своите редови има нови 125 професионални војници, прва од двете планирани класи за оваа година. Минатата година беа примени 375 нови професионални војници. На свеченоста во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, истакна дека со приемот на овие 125 професионални војници, се подмладува армискиот состав, а се...

Отровниот рид во Велес чека струја од ЕВН за да почне да се чисти

Бавноста на македонската администрација и незаинтересираноста на институциите за брзо решавање на еколошките проблеми се главните причини што отровниот рид остатоци од работењето на топилницата за олово и цинк се уште ги труе граѓаните на Велес. Иако Владата на 86. седница одржана во септември минатата година дозволи компанијата „Кепс монт груп“ да ја презеде концесијата за експлоатација на троската...

Никако да почне чистењето на отровниот рид во Велес

На бандерите во Велес секојдневно можат да се забележат жални вести за починати и млади и средовечни лица кои прерано си заминуваат бидејќи заболуваат од рак и други болести предизвикани од долгогодишното труење од топилницата за олово и цинк. Иако овој индустриски капацитет не функционира веќе петнаесетина години отровните остатоци од неговото работење сè уште ја загадуваат животната средина...

За 18 години се загубиле 40 милиони патници од јавниот транспорт (инфографик)

Извор на фотографија: Општина Прилеп
Бројката на превезени патници во јавниот превоз во Македонија опаѓа низ годините, но сè повеќе македонски општини се одлучуваат да воведат редовен линиски превоз во градовите. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека лани услугите на градско - приградскиот превоз ги користеле 71.410.000 патници, додека со јавен транспорт во 2000 година биле превезени 111.408.000 патници. Статистичките податоци укажуваат на...

Велешката болница е првата одобрена од Агенцијата за квалитет и акредитација

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска ја посети Општата болница Велес и им честиташе на раководството и на вработените на успехот да бидат првата општа болница што добила акредитација на три години од Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи. -Оваа акредитација значи квалитет и безбедност во здравствената заштита, која ги развива, ревидира и унапредува стандардите на здравствена заштита...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...