fbpx
Таг: Велес

таг: Велес

„Кепс Монт груп“ ќе се жали на одлуката на Општина Велес да не им даде Б-интегрирана дозвола

Општината Велес не му издаде Б-интегрирана дозвола на концесионерот „Кепс Монт груп“, заради тоа што отпадот во депонијата од топилницата не го третира како историска жешка точка, туку како техногена минерална суровина. Во решението општинарите навеле дека го отфрлаат барањето на компанијата за продолжување на дозволата, бидејќи постоеле опасности, заради начинот на кој се предлага да се работи на...

Троската од Велес може да се реупотреби и така ќе се чисти, тврдат од Министерството за животна средина

Троската од депонијата на некогашната топилница во Велес е отпад што може повторно да се употреби заради металите кои ги содржи во себе. Истиот случај е и арсенот од јаловиштето на некогашниот рудник „Лојане“, за кој исто така ќе се бара концесионер што ќе треба да го изнесе надвор од државата, за понатамошно искористување на металите кои ги содржи....

Велес дефинитивно не дава дозвола за дробење и мелење на згурата, депонијата останува закана за градот

Општината Велес и официјално донела одлука да не ја продолжи Б-интегрираната дозвола на компанијата „Кепс Монт груп“, која требаше да ја извезе згурата од депонијата на топилницата како техногена минерална суровина. Од Општината за Мета.мк потврдуваат дека веќе се изработува и решението кое ќе го достават до концесионерот, а како причина за одбивање ќе бидат наведени двете дополнителни дејности кои...

Градоначалникот на Велес, Колев, нема да потпише дозвола за дробење и мелење на згурата од топилницата

Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев одлучи да не ја потпише Б-интегрираната дозвола за компанијата „Кепс Монт груп“ која треба да ја исчисти депонијата со згура на некогашната топилница. Колев, на последната седница на Советот на Велес, изјави дека сериозно го анализирал барањето на „Кепс монт груп“, и дека смета дека е грешка што остатоците на депонијата се третираат...

Згурата од велешката топилница чека дозвола за да се извезува во Јужна Кореја и во Албанија

Советот на Општина Велес утре ќе расправа за постапката за доделување нова Б-интегрирана дозвола на компанијата „Кепс Монт груп“, која има обврска да ја расчисти депонијата со тешки метали од некогашната топилница. Концесионерот, кому претходната Б-интегрирана дозвола му истече во октомври минатата година, сега бара дејноста да се дополни со уште две активности, дробење и мелење на згурата, како подготовка...

Училишта од Струмица и Велес ќе станат регионални центри за средно стручно образование

Две средни општински училишта од Струмица и Велес ќе прераснат во регионални центри за стручно образование, одлучи Владата во соработка со проектот на Европската Унија „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието за возрасни“. Станува збор за струмичкото училиште „Никола Карев“ и велешкото „Коле Неделковски“, кои со помош на ЕУ ќе бидат целосно реконструирани,...

Вебинар за жешките еколошки точки: Потребни се итни решенија, за човечките животи се работи

Решавањето на жешките еколошки точки во земјава е итно потребно и без дополнителни одлагања од страна на државните власти, констатираа соговорниците на денешниот вебинар насловен „Жешките еко-точки низ новинарска призма“. На настанот говореа професорот Трајче Стафилов од Институтот по хемија на Природно-математичкиот факултет, новинарите Бојан Блажевски и Сања Наумовска од новинската агенција Мета.мк. како и Фисник Џелили, новинар за...

Армијата доби 120 нови подофицери и 150 професионални војници

Во касарната „Алексо Дамниевски Бауман“ во Велес, денеска се одржа свечена промоција на 120 подофицери и свечена заклетва на 150 професионални војници. Армиските припадници од редовите на професионалните војници поминаа тримесечна обука за подофицери во Командата за обука и доктрини, а денеска го добија првиот подофицерски чин. Министерката Славјанка Петровска на новите подофицери им порача дека секој кој што пристапува...

Шорткат ја носи приказната за кучето Медена – симбол на издржливоста

Приказната за кучката Медена која стана симбол за кроткост и издржливост во Струга, и за скулптурата со која светски познатата уметница Лида ја овековечува Медена, погледнете ја во новата епизода на „Шорткат“ – нашите вести за млади. Во најновото информативно издание носиме податоци за извршените здравствени услуги и активности кои ги побарале младите минатата година, за решавањето на проблемот со...

Велешанецот со хеморагична треска рибарел покрај Вардар, можно е да бил каснат од крлеж

Пациентот од Велес, кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести како трет случај со потврдена конго-кримска хеморагична треска, рибарел покрај Вардар, па можно е болеста да ја добил од каснување на крлеж или друг инсект. Ова во изјава денеска го кажа д-р Милена Стевановиќ, директорката на Клиниката. Таа информира дека во саботата вечер, пациентот е примен како суспектен...

Министерството за животна средина дозволи отпадот од велешката топилница да се дроби и меле, за полесно да се извезе

Троската од депонијата на велешката топилница ќе се дроби и меле пред да се извезува. Министерството за животна средина и просторно планирање го одобри елаборатот за заштита на животната средина за проектот „Експлоатација на техногена минерална суровина на локалитетот Баш Kолиби со поставување на постројка за дополнителни активности на дробење и мелење на ТМС во општина Велес“. Со тоа, концесионерот...

Мета факт: Бавно се одвива изградбата на велосипедски парк околу Велес и обновата на Градскиот парк со тартан патека

Во периодот на предизборието пред локалните избори во октомври 2021 година, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Велес, Марко Колев вети дека ако ги добие изборите, тој ќе го реконструира Градскиот парк во Велес со поставување тартан патека во должина од 800 метри, како и дека ќе направи велосипедски парк околу Велес. Овие посочени проекти се во почетна фаза...

Во Велес се отвори петтиот EUROPE HOUSE во земјава

Во Велес вчера беше отворен петтиот EUROPE HOUSE во нашата земја, со што се зајакнува мисијата на Делегацијата на Европската унија за поврзување на младите со Европската унија и вредностите што ги носи Унијата, информираат од Делегацијата на ЕУ. „Надоврзувајќи се на инспиративните примери на EUROPE HOUSE Скопје, Струмица, Крива Паланка и Битола, отворањето на EUROPE HOUSE Велес означува ново...

Притвор за лицето од Подлес штo уби сосед и рани уште едно лице

Наредба за спроведување истражна постапка против 61-годишниот жител на селото Подлес, Градско, кој вчера уби еден, а рани уште еден свој сосед, донесе јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес. Наредбата е донесена поради постоење на основано сомнение дека жителот на Подлес ги сторил кривичните дела убиство, убиство во обид и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и...

Шорткат: Како да се заштитиме од онлајн измами?

На онлајн купување лани сме потрошиле над 550 милиони евра, што е рекордна сума за македонските граѓани. Растат трансакциите, но расте и бројот на онлајн измами – незадоволни купувачи, неиздадена фискална сметка, испразнети банкарски картички. Како да се заштитиме при купувањето на интернет, дознајте во новата епизода на емисијата „Шорткат“. Во новите вести за млади информираме за полагањето државна матура,...

Онлајн измама: Двајца велешани продавале празни цедеа за „учење странски јазици“

Двајца велешани добија кривични пријави поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „посебни случаи на фалсификување на исправи“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што информираше полицијата, двајцата, претставувајќи се во име на скопско училиште за странски јазици, преку онлајн продажба продавале цедеа (ЦД-а) за учење странски јазици. Цедеата биле празни, односно без содржина, со што...

Приведени двајца велешани кои изработувале фалсификувани банкноти

Двајца велешани се лишени од слобода откако се обиделе на купат производи со фалсификувани банкноти, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што обзнани министерството, В.М (21) и Д.Р (20) вчера на пазарот во Велес се обиделе да купат производи со фалсификувана банкнота од 1.000 денари. Продавачот тоа го забележал и го пријавил во полиција. Двајцата велешани побегнале од местото, но...

На изборите во САД следната година, вештачката интелигенција може да ги замени „велешаните“

Вештачката интелигенција со разни алатки набргу ќе може да креира купишта лажни содржини - фотографии, звучни записи и видеа - и да се обиде да ги замаја и излаже гласачите и дури и да влијае на исходот на избори, пишува меѓународната новинска агенција „Асошиејтид Прес“ во обемна анализа. Со тоа, на претседателските избори во САД следната година би можело да...

Ќе се исклучи мерната станица во Велес – имало многу прав од реконструкција на улица

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) соопшти дека ќе ја исклучи мониторинг станицата Велес 2. Причините за ова е дека инструментите покажувале превисоки вредности на аерозагадување, поради реконструкција на улица во околината на станицата. Станува збор за мерната станица во градинката „Димче Мирчев“ и реконструцијата на улицата Благој Ѓорев во непосредна близина на станицата. Измерените вредности на честичките...

Концертот „Нова ера“ на Никола Мицевски в сабота во Велес

Албумот „New era“ (Нова ера) на Никола Мицевски ќе доживее концертна промоција во сабота во Велес. Концертот ќе се одржи во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, а Мицевски ќе биде придружуван од 40-тина врвни музичари и хористки на сцена. Велешката публика ќе има можност да ги проследи настапите и на специјалните гости на концертот – Дамјан Пејчиноски и хорот...

Македонија е втора најзагадена држава во Европа, според годишниот извештај на IQAir

Само седум земји го исполнуваат меѓународниот стандард за квалитет на воздухот, при што смртоносното загадување на воздухот на места се влошува поради враќањето на економската активност и токсичното влијание...