fbpx
Таг: Ваутер Пломп

таг: Ваутер Пломп

Закројувањето на лозјата ги доведе амбасадорите во „Стоби“ и во „Тиквеш“

Стотици гости меѓу кои и холандскиот амбасадор Ваутер Пломп, италијанскиот амбасадор Карло Романо и унгарскиот амбасадор Виорел Станила присуствуваа на свечената прослава на празникот Св.Трифун во винарницата „Стоби“. На денешниот настан гостин беше и претставникот од холандската компанија „Шермер“, која воедно е првата дистрибутерска фирма со која „Стоби“ има потпишано договор. Закројување на лозјето според сите обичаи имаше и во винарската визба...

Амбасадорот Пломп твитна слика на билборд од Хаг со реклама за одмор во Охрид

Холандскиот амбасадор во земјава, Ваутер Пломп, на својот твитер-профил сподели слика од реклама за туризам во Македонија на билборд во Холандија. „Заебележано во Холандија (сликано од возот Хаг - Лајден) дестинација за одмор #Македонија #Охрид“, напиша Пломп на „Твитер“. На рекламата е претставен Охрид и се вели дека холандските туристи можат да добијат осум дена одмор за 189 евра. Рекламата е од тур-операторот...

Ахмети на средба со Пломп: ДУИ е свесна за тешките одлуки што треба да се донесат

Демократската унија за интеграција (ДУИ) многу внимателно ја следи постизборната ситуација и е свесна за тешките одлуки што треба да се донесат во блиска иднина, истакнал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со амбасадорот на Кралството Холандија во земјава, Ваутер Пломп. На средбата, која се одржала во седиштето на партијата во Тетово, Ахмети и холандскиот амбасадор размениле мислења за...

Пломп: Загрижен сум за општата атмосфера на говор на омраза

Амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп, во емисијата „360 степени“ соопшти дека сите земји чии амбасадори беа објавени со некролози на социјалната мрежа „Имгур“, ги повикале македонските амбасадори во нивните земји и им побарале објаснување за дипломатскиот скандал. - Јас лично не бев многу погоден од овие фотографии. Но, моето министерство во Хаг покажа голема загриженост и веднаш го повикаа...

Касами – Пломп: Да се продолжи мандатот на СЈО и да се формира специјален суд

Основачот и претседателот на Беса, Билал Касами, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп, со кој разговараше за условите за евентуално учество на Беса во конституирањето на новата влада. - Бараме да се продолжи мандатот на Специјалното јавно обвинителство, да се најде можност за основање на специјален суд и да се врати Македонија на патот на евроатлантските...

Заев – Пломп: Граѓаните се одлучија за влада посветена на реформи

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Ваутер Пломп, извесуваат од партијата. - Мнозинството граѓани во Македонија, повеќе од 600.000 луѓе избраа промени. Промените веќе се случија и никој не може да ги запре - изјавил Заев. На средбата била нагласена одговорната и принципиелна поставеност на СДСМ на провокациите кои ѝ се најмалку потребни на...

Пломп: Многу е важно како државните институции се соочуваат со разновидноста

ЛГБТИ-правата не се застапени во агендите на политичките партии, покажува анализата на здружението на граѓани „Субверзивен фронт“, изработена според прашалници испратени до политичките партии за застапеноста на ЛГБТИ-проблемите во платформите на политичките партии. Од „Субверзивен фронт“ испратиле прашалници до 31 политичка партија, а одговор добиле само од пет партии: СДСМ, Либерална партија, ДОМ, ЛДП и Левица. - Анализата покажува дека ЛБГТИ-правата не...

Тасева: Нема политичка волја за заживување на Законот за заштита на укажувачите

Во ниту една државна институција во земјава не се спроведува Законот за заштита на укажувачите (whistleblowers), иако е донесен пред точно една година, а нема ниту интерес и политичка волја кај надлежните за имплементација на законот. Ова беше главна тема на денешната завршна тркалезна маса во рамките на проектот на „Транспаренси интернешнл Македонија“, насловен „Законот за заштита на сведоци -...

Ахмети и Пломп зборуваа за изборите и за задачите на идната влада

За процесот на организирање и на одржување на изборите на 11 декември, задачите на новата влада, како и за интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ со целосна имплементација на Охридскиот договор, денеска разговараа претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, и холандскиот амбасадор во Македонија, Ваутер Пломп, во седиштето на партијата во Тетово. Како што соопштуваат...

Министерот за образование Лутфиу се сретна со холандскиот амбасадор Пломп

Министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу, се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Ваутер Пломп. На средбата била истакната досегашната успешна соработка на полето на образованието и на науката меѓу двете земји. Министерот Лутфиу го информирал амбасадорот Пломп дека МОН целосно стипендира тројца студенти на додипломски студии и двајца студенти на магистерски студии за академската 2016/2017 година на универзитетите „Гронинеген“, „Лајден“...

Амбасадорот Пломп учествуваше во еко–акција за собирање отпад на кејот на Вардар

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп и вработените и раководството на „Пивара Скопје“ и на компанијата „Пакомак“, исчистија повеќе од три километри од кејот на реката Вардар во Скопје. - Како вљубеник во природата и планинар, забележувам дека загадувањето е голем проблем кој ги загрозува овие природни убавини. Единствен начин да се реши овој проблем е заеднички пристап на државните институции, бизнис-секторот и на граѓаните, а тоа...

Десет компании добија награди за најбрзорастечки

Десет мали и микрокомпании денеска ја добија националната награда за најбрзорастечки фирми „Газели“.  Од пријавените 33 компании, само 10 ги исполниле критериумите и тие добија грант од 615.000 денари за опрема и за материјали. Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп рече дека Холандија на многу начини ја поддржува Македонија, особено кога станува збор за приватниот сектор. Таа соработка резултирала со повеќе заеднички обуки, програми и...

Заев и Пломп разговараа за изборниот процес

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Ваутер Пломп. Тема на состанокот беше неопходноста од регуларен предизборен и изборен процес, како и програмата на СДСМ, која содржи мерки за надминување на економско-социјалните проблеми во Македонија. „Европската Унија бара да види добар и фер натпревар на изборите во декември е пораката што ја...

Трајанов – Пломп: Потребно е формирање на експертска влада

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, денеска се сретна со амбасадорот на Холандија, Ваутер Пломп. На средбата, Трајанов нагласил дека во интерес на сите граѓани е да се реши политичката криза, да се нормализира животот и да се деблокираат евро-интеграциските процеси. - Потребно е формирање на експертска влада, која треба да спроведе реформи во судскиот систем и во безбедноста, како и...

Пломп: Треба да се почне со имплементација на реформите

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп денеска на настанот „Кафе-пауза“ организиран во соработка со Секретаријатот за европски прашања, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека сè што е ставено на хартија во форма на договор, треба да се исполни. Како што рече Пломп, мора да се почне со имплементација на тие реформи, но најбитно сега е да се фокусираме на три принципи на...

Форумот на слободоумни патриоти на средба со холандскиот амбасадор Пломп

Претставници на Форумот на слободоумни партиоти вчера се сретнаа со Ваутер Пломп, Амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија со кого разговарале за можните реженија за излез од актуелната политичка криза како и за слободата на медиумите и за извештајот на Прибе. „Притоа уште еднаш беше потврден нашиот став дека местото на Република Македонија е во Европската Унија и НАТО...

Заев и Пломп разговараа за изборите и за политичката криза

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Ваутер Пломп. „Тема на состанокот била актуелната политичка криза во Македонија, усложнета со едностраната одлука на власта за одржување избори на 5 јуни и со апсурдната одлука на Ѓорѓе Иванов за аболиција на криминалниот врв на власта. Заедничка е констатацијата дека погазувањето на Договорот од Пржино,...

Орав: Претседателот ќе одлучи дали ќе ја зајакне или ќе ја ослаби демократијата

Сега самиот претседател може да одлучи дали ќе ја зајакне или ќе ја ослаби демократијата, рече евроамбасадорот Аиво Орав, за одлуката на Уставниот суд да ги укине измените на Законот за помилување донесени во 2009 година, со што претседателот ќе може да помилува и лица осудени за изборни измами. - Многупати сме ја критикувале вашата земја за независниста на судството...

Пломп: Реакциите на интервјуто со Латас ја покажуваат важноста на медиумите

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп денеска за „Мета“ изјави дека вчерашното интервју на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, со главниот и одговорен уредник на телевизијата „Сител“, Драган Павловиќ - Латас, е доказ за важноста на медиумите за демократијата во Македонија. „Огромниот број реакции по синоќешното интервју ја докажува уште еднаш важноста на медиумите за демократските процеси во државата и нивното значење...

Пломп: Неделите што следуваат се клучни за Договорот од Пржино

„Сè уште е рано да се прават процени за резултатите од Пржино. Направени се некои многу важни чекори, но има и сериозни одложувања“, порачува амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп, во интервју за „Утрински весник“. Според амбасадорот Пломп, некои од прашањата, како што се медиумите и избирачкиот список, до вчерашниот ден не беа решени. Тој ја поздравува одлуката на опозицијата...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...