fbpx
Таг: Васко Ковачевски

таг: Васко Ковачевски

Комисиската расправа за буџетот закажана за 11 часот, останаа уште 100 амандмани

Третото продолжение на 12. седница на Комисијата за финансирање и буџет, на која се води амандманска расправа за предлог-буџет за 2018 година, е закажано за во 11 часот. Останаа уште околу 100 аманмани за кои пратениците треба да расправаат. Вчера, второто продолжение на седницата заврши околу 21 часот и беа разгледани околу 170 амандмани од вкупно 279, кои се предложени...

Разгледани 170 амандмани за предлог-буџетот, расправата продолжува утре во 11 часот

На второто продолжение на 12. седница на Комисијата за финансирање и буџет, кое продолжи и по 18 часот, беа разгледани околу 170 амандмани на предлог-буџетот, од вкупно 279, кои се предложени од ВМРО-ДПМНЕ и од Беса. На расправата, на која не учествуваа пратениците од опозицијата, беа прифатени шест амандмани, четири од ВМРО-ДПМНЕ и два од Беса, додека осум беа повлечени од...

Ковачевски: Комисијата за буџет може и утре да ја заврши работата

Општиот претрес на предлог-буџетот за 2018 година на Комисијата за финансирање и буџет заврши и попладнево продолжува амандманската расправа. Денеска е седмиот ден од комисиската расправа и остануваат уште три дена до законскиот рок од 10 дена, до кога расправата за предлог-буџетот треба да заврши во матичната комисија. - Ако завршиме побргу со расправата по однос на амандманите, кои се 279,...

Комисиската расправа за буџетот почна без пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

Првото продолжение на 12. седница на Комисијата за финансирање и буџет почна во 13.20 часот, откако пет пати беше одложувана. На седницата не учествуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Со комисијата претседава пратеникот на СДСМ, Васко Ковачевски, кој на почетокот рече дека бил овластен од претседателот на Собранието, Талат Џафери, да ја води оваа седница. Пратеникот на СДСМ, Јован Митрeвски, ги повика пратениците...

Со општата комисиска расправа за буџетот, почнаа и општите партиски препирки

Дали буџетот за 2018 година е развоен или не, зошто новата власт нема доволно странски инвестиции и не ги зголемува пензиите и платите, кој за што се задолжувал и колку пари сега треба да се враќаат, беше содржината на дискусиите во општата расправа во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска до паузата. Откако министерот за финансии, Драган Тевдовски, го изложи...

ЕЛЕМ: СДСМ лаже, ископот во Суводол се одвива непречено

Државната компанија за производство на електрична енергија ЕЛЕМ ги демантира тврдењата на пратеникот на СДСМ, Васко Ковачевски, кој обвини дека е целосно скината приемната лента на одложниот транспортер на багерот „банваген 5.500“ и дека лентата и багерот се надвор од употреба. Oд компанијата велат дека ископот се одвива непречено, а на транспортерот се вршел рутински зафат кој нема да трае повеќе...

Ковачевски: Уште една хаварија во рудникот Суводол

„Во РЕК - Битола повторно дојде до хаварија. Во рудникот Суводол, на одложниот транспортер на багерот „банваген 5.500“, дојде до оштетување на приемната лента, односно до нејзино целосно кинење. Лентата е надвор од употреба, а со тоа надвор од употреба е и багерот“, изјави денеска на прес-конференција пратеникот на СДСМ, Васко Ковачевски. Тој информираше дека со оваа хаварија надвор од употреба...

ЕЛЕМ и ВМРО-ДПМНЕ: Сè е чисто во тендерот за ископ на јаглен за РЕК „Битола“

ЕЛЕМ и ВМРО-ДПМНЕ попладнево реагираа на денешната прес-конференција на Васко Ковачевски од СДСМ, велејќи дека новиот тендер за избор на фирма за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ е според прописите и законите. Ковачевски обвини дека тендерот со фирмата „Марковски компани“  е склучен без претходно да биде објавен оглас. „АД Електрани на Македонија најодговорно тврди дека сите постапки кои...

Ковачевски: Нов тендер од 5 милиони евра за фирма блиска до Мијалков

Додека Груевски смислува насилни сценарија и работи на поделба на граѓаните, на 2 март оваа година склучен е нов договор за ископ на јаглен и на јаловина во РЕК Битола со битолската фирма „Марковски компани“, во висина од 290 милиони денари или речиси 5 милиони евра, рече пратеникот на СДСМ, Васко Ковачевски, на прес-конференција во Собранието. - Договорот е склучен...

Ковачевски: РЕК Битола е во нова хаварија, увезената струја ни однесе 2 милиони евра

Според последните информации, не само што не е поправен еден од блоковите на РЕК Битола, туку има дополнителна хаварија, односно пукнати се цевки, изјави денеска пратеникот и претседател на општинската организација на СДСМ од Битола, Васко Ковачевски. Тој на прес-конференција истакна дека „ова му се случува на комбинатот, иако се дадени неколку стотици милиони евра пари на граѓаните за наводни поправки и...

Ковачевски: Поднесовме амандмани со кои предвидуваме власта да скрати од луксузот

Со амандманите кои ги поднесовме како опозиција, предвидуваме Владата да намали 10 милиони евра од градежни објекти за кои сметаме дека може да бидат изградени во нареден период затоа што сега е неопходно да се обезбедат овие средства за поплавените подрачја, изјави пратеникот Васко Ковачевски на вториот ден од расправата за ребалансот на буџетот на Комисијата за финансирање и буџет. Според...

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...