fbpx
Таг: Васко Ковачевски

таг: Васко Ковачевски

Васко Ковачевски поднесе оставка од директорската позиција во ЕСМ

Директорот на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски поднесе оставка од функцијата поради лични причини. Оставката ја потврди и премиерот Димитар Ковачевски, посочувајќи дека досегашниот директор на ЕСМ ја имал потребата да му се посвети на своето семејство. Писмената оставка ќе биде усвоена на следната владина седница. Премиерот Ковачевски информираше дека ќе биде препорачано за нов директор на...

ЕСМ за март ќе набавува гас за работа на топланите од Макпетрол

Државното акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) донесе одлука да ја избере компанијата Макпетрол за набавка на природен гас за март 2023 година за потребите на топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за други стопански субјекти кои се снабдуваат преку ЕСМ Продажба. Природниот гас за март ќе се набави по цена од 60,10 евра за...

ЕСМ уверува дека се прават обиди да не поскапи струјата за домаќинствата што штедат

Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски денеска најави дека се прават максимални напори од сите енергетски чинители и институции за да не дојде до покачување на цената на електричната енергија од јануари идната година. Ковачевски, на брифинг со новинарите, најави дека е можно и извесно намалување на цената на електричната енергија, за првиот и вториот блок, која ги опфаќа...

За поевтина „државна“ струја досега пријавени 518 производители на храна, училишта и водостопанства

Досега 518 училишта, производители на храна и водостопанства се пријавиле за снабдување со електрична енергија со пониски цени преку „ЕСМ Продажба“, беше објавено на денешната владина прес-конференција. Се пријавиле 233 основни и средни јавни училишта во државата, а од 70 јавни претпријатија од областа на водостопанство се пријавиле 50. Од категоријата на физички и правни лица регистрирани во прехранбениот сектор...

Топлото време и штедењето нè спаси од увоз на скапа струја, топланите пробно ќе работат на дизел

Милиони евра се заштедени во текот на октомври и првата недела од ноември како последица на зголеменото производство на електрична енергија од домашните енергетски капацитети, штедењето на струја од граѓаните и институциите и топлото време периодов. АД ЕСМ планира да почне со увоз на струја од странство по цена од 215 евра за мегават час за периодот од 7...

Вработените во РЕК Битола работат со цел капацитет за да обезбедат струја за домаќинствата

Фатмир Битиќи, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, ја посети РЕК Битола, каде што заедно со директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски одржаа работен состанок. Битиќи се заблагодари на сите вработени во РЕК Битола за снабдувањето со доволно количество струја од домашно производство во овој период на енергетска криза. „Штедењето на електрична енергија продолжува...

ЕСМ ќе купува гас за шест месеци за да работи скопското парно, дизелот засега е алтернатива

Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ) утре очекува да пристигнат повеќе понуди од заинтересирани компании за набавка на природен гас за производство на топлинска енергија во Скопје. Ќе се набавува гас за работењето на топланите „Исток“, „Запад“ и „Север“, но се чекаат понуди за гас и за функционирањето на комбинираната електрана ТЕ-ТО. За ова денеска информираше директорот на АД ЕСМ...

Започна грејната сезона во Скопје, АД ЕСМ ветува топли радијатори цела зима

Започна грејната сезона во Скопје. Радијаторите се затоплија, а како што најави министерот за економија Крешник Бектеши, парно греење ќе има до крајот на сезоната и посочи дека граѓаните не треба да стравуваат бидејќи институциите се подготвени да обезбедат енергенси за целата зима. Министерот денеска беше во посета на Топланата Исток, заедно со директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Компанијата...

Надлежните ветуваат дека пред да се потпише договор за Попова Шапка, истиот ќе биде прво споделен со граѓаните

Засега не се знае каква ќе биде судбината на зимско-рекреативниот центар Попова Шапка, дали компанијата што управува со центарот (ЕЛЕМ Турс) ќе инвестира, дали ќе оди со јавно - приватно партнерство или ќе се продава. Ова ќе се дефинира дури откако ЕЛЕМ Турс ќе се одвои од ЕСМ, постапка која е започната пред повеќе од година и пол и...

ЕСМ: Вишоците електрична енергија може да се понудат на стопанството

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски вели дека секоја количина на електрична енергија над таа што е потребна за граѓаните, ќе може „преку одреден модел да се понуди на домашното стопанство“, соопшти ЕСМ. Како што се вели во соопштението, Ковачевски на состанокот во Стопанската комора рекол дека АД ЕСМ веќе ги набавува потребните енергенси и го зголемува сопствениот ископ...

ЕСМ: Нормализирана е работата на системите за ископ на јаглен и јаловина во рудниците на РЕК Битола

Работењето на системите во рудникот Суводол на РЕК Битола е нормализирано. По обилните врнежи од дожд кои во петокот и вчера го зафатија рудникот и предизвикаа поплава, ископот на јаглен и јаловина продолжува според планираната динамика, информираат од АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Увид во нормализирањето на состојбите денеска направи генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. „Сакам да упатам...

Еко-свест ги осудува најавите за отворање на нов рудник за лигнит во Живојно

По денешните најави на директорот на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски дека актуелната криза ја отворила потребата од подолго користење на рудниците и планираната инвестиција во нови ископи во рудникот Живојно во РЕК Битола и рудникот Гуштерица во РЕК Осломеј, со реакција и најостра осуда излегоа од Еко-свест. Од Центарот за истражување и информирање за животната средина најостро...

ЕСМ: Нема да има рестрикции на струја, набавката на јаглен е за индустријата да не плаќа високи цени

Од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) категорично ги отфрлаат написите во дел од медиумите и тврдат дека земјава има стабилно производство на електрична енергија за домаќинствата и цената на струјата за домаќинствата нема да се менува. Од ЕСМ повторуваат дека ископот на јаглен во РЕК Битола и РЕК Осломеј е засилен заради стабилно производство на струја за домаќинствата, потсетувајќи дека...

Струјата нема да поскапи во земјава, но РЕК „Битола“ ќе го зголеми производството и ќе се увезува јаглен

Нема причина за паника меѓу македонските граѓани во однос на цената на електричната енергија за претстојните месеци, смируваат од Регулаторната комисија за енергетика и Електрани на Северна Македонија. На европско ниво, цената на струјата на холандската берза се искачила од 16 евра за мегават час во јануари до 98 евра за мегават час на крајот од септември, јавува Политико. Претседателот...

ЕСМ ја гради првата фотоволтаична централа во РЕК Осломеј

Генералниот директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) Васко Ковачевски оствари работна посета на РЕК Осломеј. Тој ја посети локацијата на која што треба да биде изградена фотоволтаичната централа, прва во сопственост на АД ЕСМ. Подготвителните работи за изградба на фотоволтаикот се во тек и полека пристигаат потребните материјали, информираат од ЕСМ. Од компанијата велат дека реализацијата на овoј исклучително...

ЕСМ демантира дека генералниот директор пишува поезија по смртта на работник во РЕК Битола

АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) попладнево остро ја демантираше веста дека во време кога во РЕК Битола при вршење работни задачи загина работник, генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, напишал и на Фејсбук објавил песна за Зоран Заев. Со такви тврдења излезе „Лидер“, по што веста беше преобјавена и од „Курир“, „Нетпрес“, „Експрес“ и некои други медиуми. „Порталот лидер.мк објави...

ЕСМ ќе ги санира последиците од поплавите во рудниците „Суводол“ и „Брод Гнеотино“

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјава во битолскиот регион предизвикаа големи поплави и хаварија на јагленовите откопни полиња во рудниците „Суводол“ и „Брод Гнеотино“ на РЕК Битола. Според податоците на стручните служби на РЕК Битола, во рудникот „Суводол“ се слеале околу 630.000 метри кубни вода, што претставува временски феномен, незабележан во последните 20 години, информираат од Електростопанство...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Ковачевски сами да си поднесат кривични пријави

Генералниот директор на РЕК Битола, Васко Ковачевски, и раководството на СДСМ сами на себе да си поднесат кривични пријави за загрозувањето на здравјето на битолчани и животната средина, како што правеа кон претходното раководство, порача ВМРО-ДПМНЕ денеска. - Раководството на ЕЛЕМ, покрај директната одговорност што ја има со лошото менаџирање со водостојот на Охридското Eзеро, со што неколку дена под...

Собранието ги констатираше оставките на Пендаровски, Ковачевски и Ибраимовски

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната седница ги констатираше оставките на пратениците Стево Пендаровски и Васко Ковачевски како и на министерот без ресор во Владата, Самка Ибраимовски. По констатирањето на оставките, Џафери ја прекина седницата до 13.30 часот до кога Државната изборна комисија треба да достави известување, на кои пратеници на изборните листи, ќе им биде верификуван мандатот. Пратеникот Пендаровски поднесе оставка...

Ковачевски: Буџетот ќе биде донесен најдоцна до 23 декември

Буџетот за 2018 година може да биде донесен најдоцна до 23 декември, изјави за „Мета“ пратеникот на СДСМ, Васко Ковачевски, кој претседаваше со Комисијата за финансирање и буџет. Тој додаде дека се чека претседателот на Собранието, Талат Џафери, да се врати од Соединетите Американски Држави, околу 15 декември, и во тој период да ја закаже пленарната седница на која ќе...

(АНАЛИЗА) Наплата на даноци и трошоци за плати и комуналии во 2023: Струга, Тетово, Чаир и Скопје

„Договорни услуги“ во износ од стотици илјади евра, платите и придонесите доминантна трошковна ставка во буџетите на локалните власти. Во второто продолжение на „Анализа“ се претставуваат податоци за приходите...