fbpx
Таг: Вашингтон

таг: Вашингтон

Отпуштен главниот стратег во Белата Куќа, Стив Бенон

Претседателот на САД Доналд Трамп, на виши владини претставници им соопштил дека донел одлука да го отпушти својот главен стратег, Стив Бенон, кој уште од првите денови на оваа администрацијата важеше за негов најконтроверзен советник, јави „Гласот на Америка“. Во соопштението од портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс, се вели дека шефот на кабинетот на претседателот на САД Џон Кели...

Стејт департмент: САД ќе соработуваат со новата влада за членство во НАТО и во ЕУ

Американскиот Стејт департмент денеска го честиташе формирањето нова влада на Македонија и порача дека САД остануваат партнери за исполнување на аспирациите кон НАТО и кон ЕУ. - Соединетите Американски Држави им честитаат на премиерот Зоран Заев и на мнозинството во Собранието на формирањето нова Влада на Македонија. Како пријател и партнер на Македонија, САД ќе соработуваат со новата Влада во...

Обама не верува дека директорот на ФБИ сакал да влијае на претседателските избори

Не верувам оти директорот на Федералното истражно биро (ФБИ), Џејмс Коми, се обидува да влијае на претседателските избори во САД со одлуката оваа агенција да ги истражи новооткриените мејлови во рамки на истрагата за приватниот сервер на демократскиот претседателски кандидат, Хилари Клинтон, изјави американскиот претседател Барак Обама. - Ќе повторам пак дека Џим Коми е добар човек и не верувам...

Патрушев: Односите помеѓу САД и Русија ќе се нормализираат

Влошувањето на односите помеѓу Москва и Вашингтон не е во интерес ниту на едната ниту на другата страна, изјави секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев, јавува „Ројтерс“. „Како што покажува современата историја, односите меѓу САД и Русија порано или подоцна ќе се нормализираат бидејќи ниту Москва ниту, пак, Вашингтон имаат интерес од понатамошно влошување на односите“, изјави...

Турција испратила официјално барање до САД за апсење на имамот Ѓулен

Турското министерство за правда испратило официјално барање до САД за апсење на имамот Фетулах Ѓулен, за кој се тврди дека стои зад обидот за воен удар во јули, јави државната агенција „Анадолија“. Официјални лица од министерството изјавиле дека писмено барање било испратено до нивните американски колеги и во него било наведено дека Ѓулен „наредил и командувал“ со насилниот пуч во...

Јолевски: Регионот има клучна улога во европската стабилност

За Република Македонија е значајно зачленувањето во НАТО, а поддршката од САД за влез во Алијансата е потребна повеќе од кога било, истакнал министерот за одбрана Зоран Јолевски на средбата со американскиот заменик помошник на секретарот за одбрана, Мајкл Карпентер, во Пентагон. Јолевски, како што соопштија од неговиот кабинет, побарал и поголема поддршка од официјалните претставници на САД за стратегиските...

Пукање во Вашингтон, повредени четири лица

Најмалку четири лица се повредени во близина на Капитол во Вашингтон, каде непознат маж отворил оган. Пукањата се случиле северно од станицата Јунион и околу еден километар северно од Капитол. На местото пристигнале повеќе амбулантни возила, кои ги однеле во болница тројцата ранети со прострелни рани и еден полицаец на велосипед, кој бил удрен од автомобил на местото на настанот.

НАТО ќе добие помошник генерален секретар за разузнавање

НАТО најверојатно наскоро ќе воведе функција помошник за разузнавање на генералниот секретар, чија задача ќе биде да обезбеди подобра размена на разузнавачки податоци меѓу земјите членки, соопшти неименуван претставник на Алијансата. Според истиот извор, ваквите планови биле разгледувани изминативе шест до осум месеци и веќе биле одобрени од земјите членки на НАТО. Идејата за воведување на оваа функција биле поттикната од „вознемиреноста...

Тед Круз се повлече од трката за номинација за републикански кандидат за претседател

Сенаторот од Тексас, Тед Круз, кој се бореше за номинација на републиканците за кандидатура за претседател на САД, објави дека се повлекува од трката за Белата куќа по победата на милијардерот Доналд Трамп на внатрепартиските избори во државата Индијана. – Со огромно жалење соопштувам дека ја прекинувам кампањата - изјави Круз пред своите приврзаници во Индијанаполис. Претседателот на националниот комитет на...

Македонци во Вашингтон одржаа протест пред Амбасадата на РМ

Македонци иселени во Вашингтон денеска протестираа пред Амбасадата на Македонија, во знак на поддршка за своите сограѓани кои протестираат за владеењето на правото и за демократијата во Македонија, пишува „Радио МОФ“. - Ги поддржуваме нашите сограѓани во нивните барања, оставка на претседателот Иванов, почнување на процес за избор на експертска влада и итно суспендирање на почнатиот процес за одржување на...

Затворен Капитол хил поради сомнителни пакети

Капитол хил во Вашингтон е затворен поради сомнителен пакет, јавуваат светските медиуми. Полицијата соопшти дека пронајден е сомнителен пакет, а медиумите јавуваат дека на местото се присутни припадници на контрадиверзантски единици. „Се истражуваат два сомнителни пакета“, се наведува во соопштението на полицијата, која набрзо додала дека еден од пакетите е проверен. Ова е втор пат Капитол хил да биде затворен за...

Едно лице рането откако се обидело да пука во Капитол Хил

Едно лице се обидело да испука куршум од пиштол при неговиот обид да влезе во комплексот за посетители во американскиот Капитол Хил, што ги принуди полицајците да стрелаат во него и да го ранат. Инцидентот во Вашингтон доведе до привремено затворање на зградите на американскиот Конгрес и на Белата куќа. Човекот бил пренесен во болница и се уште не е позната...

Керби: Сакаме планот А за Сирија да проработи

Последните информации од Сирија за почитување на прекинот на огнот од страна на режимот на Башар ел Асад даваат надеж, изјави вчера портпаролот на Стејт департментот, Џон Керби. Тој додаде дека засега нема одлука за план за дејствување во случај на неуспех на преговорите за надминување на сириската криза. Портпаролот на Стејт департментот подвлече дека се разгледани алтернативни варијанти, но дека САД...

Хојт Ји в четврток во посета на Македонија

Заменикот помошник на државниот секретар за Европа и за Азија на САД, Хојт Ји, в четврток ќе допатува во посета на Скопје. Тој се смета за човек од американската администрација кој сериозно ги придвижува работите на теренот. Неофицијално се дознава дека главни теми на разговорите на Хојт Ји со домаќините во Скопје ќе биде функционирањето на Специјалното јавно обвинителство и...

Северна Кореја лансираше ракета со долг дострел во вселената

Северна Кореја рано утрово лансираше ракета со долг дострел во вселената. Тоа предизвика загриженост кај соседите на оваа земја и во Вашингтон, поради можноста Северна Креја да располага и да тестира нуклеарно оружје. Државната телевизија на Северна Кореја соопшти дека лансирањето во вселената наредено од Ким Јонг Ун било „целосен успех.“ Јужнокорејските и американските воени претставници соопштија дека лансирањето е маска за тестирање балистички...

Јолевски: Заслужуваме да бидеме дел од НАТО

За време на посетата на Вашингтон, САД, македонскиот министер за одбрана, Зоран Јолевски, се сретна со Целесте Валандер, специјален советник на претседателот Барак Обама и директор во Советот за безбедност на САД, а во Стејт Департмент со Хојт Ји, заменик помошник секретар за Европа и за Евроазија. Министерство за одбрана на Македонија соопшти дека на одвоените средби Јолевски и соговорниците размениле мислења за интеграцијата на...

Јолевски во САД се сретна со повеќе конгресмени

Македонскиот министер за одбрана, Зоран Јолевски, е во неколкудневна посета на САД. Тој вчера се сретна со републиканскиот конгресмен од Флорида, Џеф Милер, кој рече дека останува на Грција да ја препознае важноста на моментот во Европа. - Поради новите безбедносни промени во Европа, потребно е Македонија да биде дел од НАТО. Се надевам дека некои земји, како Грција, ќе разберат...

Одбележување на 14-годишнината од терористичките напади на Њујорк и на Вашингтон

САД денеска ја одбележуваат 14-годишнината од терористичките напади на Њујорк и на Вашингтон, извршени на 11 септември 2001 година. Во нападите со киднапираните авиони загинаа 3.000 лица. Во Пенсилванија денеска, по тој повод, е отворен меморијален центар посветен на жртвите од патничкиот авион „Јунајтед ерлајнс“, на летот 93, еден од четирите киднапирани авиони. Авионот не стигна до целта. Истрагата потврди дека...

Во бура во државата Вашингтон загинаа две лица, четворица се повредени

Десетгодишно момче и еден маж загинаа во бурата, која го погоди американскиот град Биг Харбр во сојузната држава Вашингтон. Невремето откорнало две дрва, кои паднале врз жртвите. Четири лица се ранети. Десетици автомобили се уништени од дрва, кои поради ветрот паднале врз нив. Поради невремето 375 илјади жители на земјата останаа без струја.

САД издаде предупредување за можни терористички закани на 4 Јули

Американските федерални власти издадоа предупредување низ целата земја за закана од тероризам на празникот 4 Јули, според анонимен американски функционер, цитиран од локалните медиуми. Иако не е наведена конкретна или веродостојна закана, според информациите собрани од Одделот за домашна безбедност и од ФБИ, на локалните полиции им е кажано дека постои можност за закана од Исламска држава и од други терористички...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...