fbpx
Таг: Вартоломеј

таг: Вартоломеј

Пендаровски во Истанбул се сретна со вселенскиот патријарх Вартоломеј

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Истанбул се сретна г.г. Вартоломеј Први, Архиепископ Константинополски на Нов Рим и Вселенски патријарх. На средбата Пендаровски му се заблагодарил на Вселенскиот Патријарх за посебната улога во надминувањето на црковниот спор поврзан со нашата црква. „Преку неговата одлука од 9 мај 2020 година, денес нашата Црква се наоѓа во канонско единство со другите православни цркви,...

Синодот на МПЦ-ОА се заблагодари на Вселенскиот патријарх, соопшти дека се водат разговори со СПЦ

Светиот архијерејски синод (САС), на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), денешната вонредна седница се заблагодари на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за воспоставувањето евхаристиско единство и соопшти дека продолжуваат разговорите со Српската Православна Црква (СПЦ) во врска со решавањето на црковниот спор. Истовремено, Синодот одлучи да се канонизираат двајцата македонски преродбеници: Јоаким Крчовски и Кирил Пејчинович. Посебен акцент во соопштението...

Митрополитот Амфилохије: Не треба да не фаќа паника околу посетата на македонската делегација кај Вартоломеј

Белградскиот весник „Време“ објави интервју со Амфилохије, митрополит црногорско-приморски на Српската православна црква (СПЦ). Додека поголем дел од интервјуто  се однесува на тековните состојби со Црна Гора, тоа содржи и изјава во врска со спорот со македонската црква, МПЦ-ОА. ​Во главниот дел на интервјуто, Амфилохије ја обвинува црногорската власт за креирање на проблемот со Законот за слобода на вероисповед и...

Црковниот спор меѓу СПЦ и МПЦ „стигна“ до заговор на НАТО за разбивање на православието

Неодамнешната посета на техничкиот премиер Оливер Спасовски и екс-премиерот Зоран Заев на седиштетото на Вселенската патријаршија во Истанбул и разговорите со вселенскиот патријарх Вартоломеј предизвикаа голем интерес во српската јавност. Но, покрај информирањето, може да се сретнат и примери на развивање теории на заговор против СПЦ и воопшто против православието. Еден од помаркатните примери е оној што може да се види во текстот  што би требало...

Спасовски и Заев се сретнаа со Цариградскиот патријарх и го поканија да ја посети земјава

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, во придружба на доскорешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев, како и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, денеска во Истанбул, во седиштето на Цариградската патријаршија, имале средба со Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј, информираа Владата и СДСМ. Посетата била на покана од Цариградскиот патријарх до Заев, како...

Мицкоски: После таков скандал, Заев требаше да си даде оставка и да распише предвремени избори

Mислам дека единственото извинување што требаше господинот Заев денеска да го каже, требаше да биде содржано во две реченици, се срамам од тоа што го направив и веднаш ја напуштам функцијата претседател на Владата, предлагам парламентарното мнозинство во најскоро време да се состане, да се формира техничка влада и во рамките на 100 дена од овој ден, да се...

Иринеј: Вселенскиот патријарх не треба да носи еднострана одлука за МПЦ

Српскиот патријарх Иринеј изјави дека би било грешка ако вселенскиот патријарх донесе еднострана одлука за афтокефалност на „канонски непризнаените цркви во Македонија и Украина, бидејќи на тоа би му се спротивставил целиот православен свет“. -Цариградскиот патријарх е прв меѓу еднаквите, а не прв без еднаквите. Затоа и, не дај Боже, да постои намера на сесветиот патријарх Вартоломеј за некаква еднострана...

Заев во ист коверт ги ставил неговото и писмото на владиците до Вартоломеј

Македонскиот премиер Зоран Заев во ист коверт ги ставил неговата молба до Вселенскиот патријарх Вартоломеј и писмото на владиците од Македонска православна црква - Охридска архиепископија МПЦ-ОА, со кое се бара да се реши долгогодишниот проблем на македонската црква и да се додели автокефалност. Тоа се гледа од неговото писмо, што Владата денеска го препрати до медиумите. Во него Заев...

Бошњаковски: Заев не побара бришење на „Македонска“ од името на МПЦ

Според портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, во своето писмо до вселенскиот патријарх Вартоломеј, македонскиот премиер не побарал бришење на зборот „Македонска“ од името на Македонска православна црква. Како што веќе беше објавено, и Македонска православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и премиерот Зоран Заев писмено се обратиле до Вселенската патријаршија со молба да се додели автокефален статус на МЦП-ОА. - Премиерот...

Папата испрати порака за солидарност со бегалците

Силна порака за солидарност со бегалците и за ставање крај на војните испрати папата Франциск денеска од грчкиот остров Лезбос. Папата во придружба на вселенскиот патријарх Вартоломеј и на грчкиот архиепископ Иеронимос, ги посети мигрантскиот центар Морија, во кој се наоѓаат повеќе од 4.000 бегалци, и пристаништето Митилена. Посетата на кампот беше полна со емоции. Илјадници бегалци од Сирија, Авганистан, Ирак,...

Иванов се сретна со вселенскиот патријарх Вартоломеј

Претседателот Иванов престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на 18. Евроазиски економски самит на Фондацијата „Мармара“ во Истанбул, придружуван од сопругата Маја Иванова. Тој се обрати на свеченото отворање на 18. Евроазиски економски самит, а ќе има и свое обраќање на сесијата на претседателите на тема „Патот до мирот: Каде оди хуманоста?“. На Евроазискиот економски форум учествуваат актуелни...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...