fbpx
Таг: Вардар

таг: Вардар

Започнува процесот на репрогласување на Демиркаписката клисура за споменик на природата

Клисурата во Демир Капија е дом на 149 видови на птици, или речиси половината од сите кои постојат на европското тло. Тоа е најдолгата клисура на реката Вардар, со должина од 19 километри и површина од 200 хектари. Како еден од најбогатите орнитолошки локалитети во Европа по застапеноста на ретки грабливи птици, во Демир Капија живеат белоглавиот мршојадец, египетскиот...

Изгаснат пожарот во една од галиите на Вардар, ќе се истражуваат причините

Брзо бил изгаснат пожарот кој попладнево избувна во една од галиите на реката Вардар, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Станува збор за галијата која се наоѓа во близина на хотелот „Холидеј Ин“, а која подолг период е запоставена и полна со смет. За време на избувнувањето на пожарот, внатре немало луѓе и нема повредени. Пожарот избувна околу 13 часот...

Вардар е една од последните реки со делумно слободен тек во Европа која мора да добие заштита

Вардар е една од последните реки во Европа кои имаат во некој свој дел слободен тек. Долното течение на нашата најголема река, која ја опфаќа и Демиркаписката клисура е еден од највредните природни резервати во земјата. Таа е Емералд подрачје кое треба да ужива заштита заради богатството на биодиверзитетот и важна област за птиците - IBA локација, особено за...

Заштитата на реката Вардар главна тема во новата епизода на „Шорткат“

Долното течение на реката Вардар кое минува низ Демиркаписката клисура стана дел од проектот „Заедно за реките“ – регионална иницијатива на светската организација за заштита на природата The Nature Conservancy и шест граѓански организации од балканските земји, меѓу кои и „Еко Свест“. Повеќе за иницијативата и искуствата на балканските земји во заштитата на реките ќе дознаете во вечерашната епизода...

Безживотно тело е забележано во водите на Вардар кај Градско

Центарот за управување со кризи соопшти дека попладнево во водите на реката Вардар, кај село Уланци, Општина Градско е забележано безживотно човечко тело. Според информацијата од Регионалниот центар за управување со кризи во Велес, телото не можело да биде лоцирано од полицијата во СВР Велес заради големиот водостој и веројатно е дека се движи кон Општина Неготино.

Иницијативата „Заедно за реките“ ќе заштити 13 диви реки во Југоисточна Европа, меѓу нив и долниот тек на Вардар

Тринаесет реки од Југоисточна Европа ќе бидат заштитени во рамките на регионалната иницијатива „Заедно за реките“ – United for rivers, што беше претставена во Карловац, Хрватска. Под водство на The Nature Conservancy и шест партнерски организации од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Северна Македонија и Србија ќе бидат заштитени природните, социјалните и културните вредности на околу 400 километри...

Перински контра Арсовска за Пречистителната станица

И Европската инвестициска банка е против барањето на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која побара да ги сменам членовите на Евалуциската комисија за тендерот за изградба на Пречистителната станица, соопшти разрешениот в.д директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, Златко Перински, откако денеска Град Скопје соопшти дека е тој разрешен. Образложението беше дека дошло до нерегуларности во постапката за тендерот...

Град Скопје започна со реконструкција на левата страна на кејот на Вардар

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешната прес конференција со директорот на ЈП Улици и патишта Борис Настов и директорот на ЈП Паркови и зеленило Ангеле Сотировски, најави проект за реконструкција на левата страна на кејот на река Вардар. Според Арсовска реконструкцијата ќе се одвива во повеќе фази со цел воспоставување на мултифункционален модерен јавен простор со ново зеленило,...

Хелсиншки комитет за човекови права: Итно да се истражи и санкционира полициската бруталност врз навивач

Видео снимката на полициска бруталност врз припадник на навивачката група „Чкембари”, која пред неколку денови се прошири на социјалните мрежи и медиумите, покажува дека употребата на прекумерна физичка сила и средба за присилба продолжува да биде честа практика на полицијата, соопшти Хелсиншкиот комитет за човекови права. „Покрај бројните залагања на државата да ја елиминира тортурата и нехуманото постапување спрема граѓаните...

Паднато дрво со денови закотвено во коритото на Вардар, на терен „галиите“ не се рушат [фото]

Паднато дрво и друг отпад со денови се закотвени во речното корито на Вардар во центарот на Скопје. Мета.мк на 2 и 9 јануари ја забележа препреката од дрво кај една од „галиите“ спроти Археолошкиот музеј, додека денеска истото дрво беше закачено на една од врбите и повеќе од една недела наназад не е отстрането. Наталожениот отпад кај „галијата“ ја...

Се урива една од трите „галии“ во Вардар, дел од проектот Скопје 2014 (фото)

Еден месец пред локалните избори, на истекот на неговиот мандат, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, се пофали на Фејсбук дека урива една од трите „галии“ во реката Вардар кои беа дел од мегаломанскиот проект на ВМРО-ДПМНЕ, „Скопје 2014“. „Првата од 3-те галии во коритото на Вардар, почна да заминува во историјата“, напиша градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на Фејсбук објавувајќи...

Вистиномер: Мостот меѓу Карпош 4 и Злокуќани допрва треба да се гради

„Вистиномер“ анализираше изборно ветување на сегашниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, за нов мост на Вардар. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Ветување: Љубљанска преку Вардар, нов мост за Карпош и Скопје! Отвораме директен пристап на карпошани до идниот клинички центар и Бардовци. Ја продолжуваме „Љубљанска“ со мост преку Вардар и ја спојуваме со улицата „Скупи“ и со булеварот „Словенија“ што...

ДИЖС со 20.000 евра казна за компанија што испуштила мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги истражи можните извори и утврди дека излевањето потекнува од оранжериите Вардар АД од Градско. Според информациите, мазутот не се користел и истекувањето се случило од небрежност и неодржување на складиштето со преостанатите резерви. „За правното лице е изречена казна од 20.000...

Започна реконструкција на шеталиштето од гостилницата „Кај жабарот“

Екипите на Град Скопје започнаа да го реконструираат познатото шеталиште пред Градскиот парк, од потегот кај скопската гостилница „Кај жабарот“, па сѐ до почетокот на влезот во паркит, кај Министерството за земјоделство, спроти паркот на Франкофонијата. „Во должина од 140 метри и ширина од 10 метри, шеталиштето помеѓу тројниот дрворед на скопските липи ќе добие целосно нова и реконструирана патека...

Околу 50 компании заинтересирани за изградбата на пречистителна станица во Скопје вредна 136 милиони евра

Од денот на распишување на повикот за претквалификации за избор на најдобар понудувач за проектиране и изградба на Пречистителна станица за отпадните води од Скопје, околу 50 компании изразиле интерес, односно најавиле дека ќе ги превземат документите за пријавување за изборот на изведувач на постројката, чија вредност е проценета на 136 милиони евра, соопшти ЈП Водовод и канализација -...

Реката Вардар е место за фрлање отпад и извор на болести, ќе успееме ли да го прочистиме до 2026 година? (видео)

Бактериолошки во највисока четврта категорија на загадување, додека хемиски може да се случи да биде меѓу четврта и петта категорија на загадување во зависност од годишното време и водостојот. Ова е тажниот резултат од испитувањето на квалитетот на водите на реката Вардар во Скопскиот регион, којшто со години наназад го добива доктор Љупчо Костадиновски, специјалист по хигиена и здравствена...

Хаварија во Велес: Еден тон мазут од фабриката „Благој Ѓорев“ се излеал во Вардар

Еден тон мазут се излеал во водите на Вардар во Велес откако се случила хаварија на резервоарот за мазут на велешката фабрика „Благој Ѓорев“, соопшти градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. Хаваријата, според градоначалникот, се случила вчера во претпладневните часови, односно за излевањето на мазутот било пријавено во СВР Велес во 10.50 минути. Според градоначалникот Коцевски, излевањето се случило откако се...

Најголем дел од фекалиите што ги создаваме се влеваат непречистени во реките и езерата (инфографик)

И по изградбата на неколку пречистителни станици за отпадни води во земјава, најголем дел од фекалиите што ги создаваме се влеваат непречистени во нашите реки, езера, акумулации и подземни води. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека загрижувачки 72,2 отсто од вкупното количество на создадени отпадни води се влеваат непречистени во подземните и надземните води. Во 2018 година во...

Вардар повторно со боја на рѓа, Државниот инспекторат вели сѐ е во ред

Екипи на Државниот инспекторат за животна средина во текот на вчерашниот ден направиле увид во кругот на некогашна Железарница откако на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа дека од еден од канализационите испусти на реката Вардар на излез од Скопје излегува црвеникаво-кафеава валкана вода, но не утврди од каде доаѓа загадувањето. Денес, ДИЖС излезе со соопштение...

„Еко центар 97“ за излевањето на отровот во ОХИС може да плати само 1.500 евра

Фирмата „Еко центар 97“ е казнета со 3.000 евра за случајот со излевање на отпадна течност, односно вода помешана со метил акрилат мономер, во кругот на некогашната хемиска фабрика ОХИС, информирааат од Државниот инспекторат за животна средина, но ако ја плати казната во рок од осум дена со платен налог, таа ќе и биде намалена на 1.500 евра. „Казната за...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...