fbpx
Таг: вандализам

таг: вандализам

Не е вистина дека Макрон ги исклучува социјалните мрежи од етерот

Извориште на ваквата дезинформација е лажно соопштение, наводно издадено од француското Министерство за внатрешни работи, според кое интернет услугите ќе бидат привремено суспендирани за да се превенира злоупотреба на социјалните мрежи и онлајн платформите.  Министерството за внатрешни работи го демантираше ова соопштение.  Социјалните мрежи се активни во Франција, а коментарот на Макрон не се однесува на забрана на социјалните...

Скејтпаркот во Тетово повторно запоставен, под ризик да се претвори во „џунгла“

Еден од ретките паркови во Тетово „Скејтпаркот“ повторно е запоставен и не се одржува од општинските власти. Високата трева може повторно да го претвори паркот во место кое тешко може да се нарече парк, а за тоа сведочат поразителните глетки од теренот. Невладините организации веќе четири години бараат одржување на овој простор, но надлежните не прават доволно. Општина Тетово...

Новогодишните реквизити во Струга станаа мета на вандали

Се крадат и уништуваат новопоставените новогодишните реквизити низ Општина Струга. Она што требаше да ги развесели стружани стана мета на вандали кои ја уништуваат и крадат опремата од новогодишнто украсување. ЈП „Комунално“ упати апел до граѓаните на Струга да не ја уништуваат и крадат опремата од новогодишното украсување, бидејки се ставаат во опасност себеси и другите од струен удар, а...

Исчкртана и откорната таблата пред споменикот на Александар Велики во Штип

Само што беше поставена, непознат сторител во текот на изминатата ноќ ја исчкратал со црна боја и ја откорнал таблата со која се објаснува потеклото на Александар Велики пред споменикот во центарот на Штип. Претходно, во текот на денот на социјалните медиуми беа споделени фотографии со споменикот и таблата пред него, како дел од обврските преземени од Преспанскиот договор. Споменикот...

Седиштето на ЦИВИЛ мета на вандализам со заканувачки и навредливи пораки

Седиштето на ЦИВИЛ повторно е мета на вандализам со заканувачки и навредливи пораки, информираат од организацијата. Оттаму појаснуваат дека панелот во дворот зад седиштето на организацијата што се користи за состаноци и изјави за јавноста е турнат, а врз него е ставена лопата. „Натписот со логото на организацијата и натписот „Слободна зона“ веднаш под него се скинати, а пред вратата...

ВМРО-ДПМНЕ: Само Талибанците, ИД и СДСМ уриваат споменици

Истото што го правеа Талибанците и Исламска држава во регионите зафатени од војна, го гледаме денес во Македонија, во срцето на Европа, од страна на СДСМ, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски, реагирајќи на отстранувањето на споменикот на Андон Лазов Јанев - Ќосето од пред Врховниот суд. - СДСМ, кукавички во раните утрински часови решија да го задоволуваат својот...

Да не се уништува опремата во парк-шумата „Водно“, апелира ЈП „Паркови и зеленило“

Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ реагираа на уништувањето на опремата во парк-шумата „Водно“ и апелираа до посетителите да се однесуваат посовесно и поодговорно. Изминатиов период чуварските служби на ЈП „Паркови и зеленило“ на реонот во парк - шумата „Водно“ регистрирале уништување на повеќе парковски елементи. Се почесто се среќаваат уништени и оштетени информативни табли, корпи за отпадоци, оштетувања на видиковци,...

Ишаран штабот на НСДП во општина Аеродром по синоќешниот митинг на опозицијата

Изборниот штаб на НСДП во скопската општина Аеродром, лоциран во трговскиот центар „Бисер“, ноќеска бил ишаран со пораки со политичка содржина. Партијата го пријавила инцидентот во МВР. „Имајќи предвид дека овој вандалски чин се случи непосредно по завршувањето на големиот предизборен митинг на здружената опозиција, како и самата содржина на пораките, очигледно е дека станува збор за политички мотивиран настан...

МВР: Да нема насилство на протестите и да не се напаѓа полицијата

Министерството за внатрешни работи денеска ги повика граѓаните да не прибегнуваат кон насилство и вандализам за време на протестите. „МВР апелира да нема никакво насилство на протестите што секојдневно се организираат. Секој има право да го изрази својот револт и незадоволство, но тоа мора да биде ненасилно, мирно. Да не се уништува имотот, без разлика дали е државен или приватен“,...

Оштетени експонати во археолошкиот локалитет Баргала

Настрада културното богатство од археолошкиот локалитет Баргала кај Штип. Искршени се десетина земјени садови, кои датираат од четвртиот до шестиот век од нашата ера. Садовите биле искршени и покрај тоа што локалитетот има 24-часовна чуварска служба. Директорот на Заводот и музеј од Штип, Зоран Читкушев, вели дека не може да разбере од какви мотиви се водени луѓето што  уништуваат...

ОЛАФ бара Македонија да врати 22 милиони евра за проекти од 2016 до 2018 година

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Северна Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот од 2016 до 2018 година. Во 2019 година...