fbpx
Таг: вакцини

таг: вакцини

Забрана за влез во објекти на невакцинираните е опција само ако се влоши епидемиолошката состојба

Во постот што го рецензираме, не се наведува контекстот, дека со законските измени предложено е додавање на уште една времена мерка која што не е на сила постојано, не се знае дали воопшто ќе стапи на сила и кога, но дадена е како опција во случај на епидемија. Ако се исполнат претходни услови, мерката треба да ја одобри Владата...

Вакцината против ковид-19 и канцерот немаат меѓусебна корелација

Бројни медицински експерти велат дека нема докази кои ја поврзуваат вакцината против ковид-19 со канцерот и нотираат дека растот на бројот на случаи се објаснува со задоцнетиот скрининг во текот на ковид пандемијата. Тврдењето дека канцерот се појавува за месец или два после вакцинацијата е биолошки неможно. Онколозите нотираат  дека изложувањето на канцерогени состојки, може да потрае и години...

Нема докази дека крвта на вакцинираните е небезбедна за трансфузија

Неосновани се тврдењата дека крвта од вакцинирани лица е небезбедна за трансфузија, односно за некој друг да ја прими. Од Институтот за трансфузиона медицина за Вистиномер велат дека врз основа на Европските водичи за крводарување и Европскиот центар за превенција и контрола на болести, крводарувањето е безбеден процес кај лица кои се вакцинирани или прележале болест ковид-19 по изминување...

Медицинската сестра која лажно вакцинираше доби 6 месеци условна казна и одземена ѝ е лиценцата

Овој пост што се споделува на Фејсбук е со пропуштен контекст. Во постот не се споделува линкот кој води до целосниот текст на Дејли Мејл, туку само насловот, па се добива впечаток дека поранешната медицинска сестра е ослободена. Но, тоа не е така. Кога ќе се отвори текстот на Дејли Мејл, може да се прочита дека нејзе не ѝ...

Студија на Лансет не покажува дека на вакцинираните им слабее генералниот имунитет

Во насловот споделен во постот неточно се тврди дека на вакцинираните ќе им опадне општиот имунитет, односно заштитата на нивното тело против болести, неколку месеци по вакцинацијата. Студијата на Лансет не покажува слабеење на имунитетот кај вакцинираните по неколку месеци, туку слабеење на заштитата што ја нуди вакцината против ковид-19 по неколку месеци. Тоа се две различни работи, пишува „Вистиномер“ во...

Со изоставени информации, се проблематизира ефикасноста на вакцината против ковид

Во текстот на Вашингтон пост, навистина се информира дека коронавирусот не е повеќе пандемија само на невакцинираните, но тоа не значи дека вакцината е виновна за смртноста. Според Вашингтон пост, „да се биде невакциниран сè уште е најголем ризик фактор за смрт од ковид-19“, но сепак, ефикасноста на вакцината со текот на времето избледува и затоа е потребно да...

Говор на Бил Гејтс за намалување на емисиите на јаглероден диоксид изваден од контекст

Видеоматеријалот споделен во постот е изваден од контекст. Тука е злоупотребен настапот на Гејтс во 2010 година во „ТЕД Разговорите“ , каде тој зборува за чекорите неопходни за да се намали емисијата на јаглероден диоксид. Тој не кажува дека треба да се намали бројот на постоечки луѓе на планетата преку вакцинација, туку говори за неодржливото ниво на раст на...

Филмот „Умреа ненадејно“ не докажува дека вакцините против ковид предизвикуваат ненадејна смрт

Дали филмот „Умреа ненадејно“ покажува и докажува дека вакцините за ковид-19 предизвикуваат ненадејна смрт? Одговорот е НЕ. Филмот рециклира претходно разоткриени тврдења дека вакцината е смртоносна или опасна за просечниот човек што ја прима. Повеќе од 5,45 милијарди луѓе се вакцинирани ширум светот, а експертите за јавно здравје препорачуваат имунизација против вирусот, велејќи дека е безбедна и ефикасна. Потпирајќи...

Различни серии на вакцините на Фајзер немаат различен состав

Во постот и во текстот што се споделува се изнесени повеќе невистини. Во написот како извор на информации и заклучоци се користи базата на пријави за сомнеж за несакани ефекти по вакцинација ВАЕРС. Во постот неточно се тврди и дека тие што биле вклучени во клиничките тестирања биле измамени или принудени да учествуваат. Напротив, учеството во клиничко тестирање е...

Научните испитувања за вируси и бактерии не се најава за идна пандемија

Тоа што науката се фокусира на спречување на некои можни пандемии кои никој не знае дали ќе се случат, никако не претставува најава за идна пандемија, а уште помалку планирана пандемија односно „пландемија“, како што невистинито се тврди во постот што го рецензираме. За да се создаде успешен одговор на евентуална идна пандемија, научниците од СЗО уште отсега создаваат...

Нема докази дека вакцината против ковид го уништува здравјето

Во оваа објава доминираат шпекулативните наративи, непоткрепени со конкретни факти и со статистички податоци. За сметка на тоа, презентирани се субјективни перцепции кои се искористени да се искреира тезата дека после вакцинацијата има некаква промена во степенот на разболување кај населението, односно генерално влошување на здравствената состојба. Наспроти изнесеното во постот,  Светската здравствена организација посочува дека вакцините не го...

Најбројните дезинформации сè уште врзани за Украина и ковид вакцините

Херсон и повлекувањето на руските сили, беше главна тема за дезинформации или наративи на дезинформациите во ноември поврзани со војната во Украина. Целта беше да се прикаже повлекувањето од Херсон како хумана оперативно-тактичка операција на Москва, со цел да се спасат животите на цивилите и на руските војници, со дополнување на наративот, дека вистинската операција за пораз на Киев,...

Вакцините против ковид не убиле, туку спасиле 20 милиони животи

Наспроти тврдењето во постот дека вакцините убиле 20 милиони луѓе, студијата за математичко моделирање објавена во „Лансет заразни болести“ во јуни 2022 година, покажува дека вакцините против ковид-19 спасиле речиси 20 милиони животи ширум светот во текот на првата година кога беа пуштени во употреба, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Пост на Фејсбук тврди дека...

Неточно е тврдењето дека вакцините против ковид-19 се генетски модифицирани

Центарот за контрола и превенција на болести на САД, официјално потврдува дека вакцината против ковид-19 не влегува во интеракција со нашата ДНК на било каков начин. И УНИЦЕФ исто така потврди дека вакцините против ковид-19 не можат да ја променат човечката ДНК. Во огромниот број светски институции, кои се релевантни и потврдуваат дека до ваква промена не може да дојде...

Наплив на дезинформации од „верификувани“ анти-ваксерски профили на Твитер

Откако социјалната мрежа Твитер, среде многуте контроверзи и проблеми воведе систем за верификување на профилите со плаќање и отпушти илјадници модератори на содржини, профилите што објавуваа здравствени дезинформации и полувистини почнаа да ги „испорачуваат“ своите статуси на публика побројна отколку досега, пишува британскиот весник „Гардијан“. Со новите политики воведени од новиот сопственик Илон Маск, дузина профили на антиваксери (противници на...

Нема докази дека невакцинираните деца се поздрави од вакцинираните

Студијата од 2020 година во која се тврди дека вакцините ја зголемуваат стапката на ушна инфекција, астма и проблеми со дишењето е повлечена, бидејќи анализата во студијата се базирала на невалидни мерења од страна на авторите, кои не приложиле докази дека вакцината е причинителот за инциденцата на болестите. Обемните студии немаат пронајдено поголема инциденца на несакани ефекти кај вакцинираните...

Не е вистина дека вакцините за грип убиваат луѓе

Во објавата се изнесени неточни тврдења, тие освен што се субјективни, базирани на немедицински пристап и без никакви докази, претставуваат опасност и се штетни за јавното здравје. Според Светската здравствена организација (СЗО), вакцинацијата е најефективниот начин за спречување на инфекција и тешки исходи предизвикани од вируси на грип. Ризиците од несакан настан по вакцинацијата против грип се многу поретки...

Во Јужна Кореја имало стампедо, а не масовни смртни случаи поради вакцина

Постот дезинформира дека мејнстрим медиумите измислуваат дека во Јужна Кореја имало стампедо, а дека наводно станува збор за смртни случаи како последица на вакцините против ковид-19. Бројни светски медиуми објавија извештаи за трагичниот настан со над 150 жртви на денот кога во Јужна Кореа се прославувал Хелоуин и кога огромен број млади излегле да учествуваат на маскенбал во дискотека....

Системот за криптовалути на Мajкрософт нема никаква врска со вакцините

Постот го обвинува Бил Гејтс дека ќе копа криптовалути преку чиповите кои се вградени во луѓето што се вакцинираа. Вметнатите принтскринови во оваа објава, кои наводно го прикажуваат планот на Гејтс, се однесуваат на оригинален патент поднесен од Мајкрософт,  но овој патент не вклучува план за микрочипирање на поединци. Патентот всушност воопшто не спомнува чипови, системот за криптовалути развиен...

Урсула фон дер Лајен не купувала вакцини од компанијата на сопругот

Постот неточно тврди дека Фон дер Лајен купила вакцини од компанијата на нејзиниот сопруг, Хајко Ехтер фон дер Лајен. Тој е германски лекар и од септември 2020 година е медицински директор на американската биотехнолошка компанија Orgenesis, која е специјализирана за клеточни и генски терапии, а не за вакцини против ковид-19. Самата изјава на поранешниот руски претседател Димитри Медведев, којашто...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...