fbpx
Таг: вакцинација

таг: вакцинација

За една недела нови 44 случаи на пертусис, најбројни се деца од 10 до 14 години

Во период од една недела, пријавени се 44 нови случаи на голема кашлица, стои во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најголем број од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје, а пријавени се случаи и во Битола  Куманово, Кратово и во Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од 1 месец до 75 години, а...

50 нови случаи на голема кашлица за само една недела, 9 од нив се хоспитализирани

Во периодот од 29 март до 4 април пријавени се 50 нови случаи на голема кашлица, информира денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најголем број од случаите се пријавени во Скопје (n=34), а пријавени се случаи и во Битола, Тетово и по еден случај во Гостивар, Кратово, Велес и во Гевгелија. „Возраста на заболените се движи од 1 месец до...

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија. Во првите месеци на ковид-пандемијата во 2020 година, тој волонтирал во ургентен центар во Њујорк, град кој се соочувал со исклучително висок број на заболени во тој период. Како што...

Антиваксерска објава дезинформира дека „бескрајна е бројката на трајно оштетените деца“ од вакцините

Против укинување на задолжителна вакцинација се произнесе и Уставниот суд кој во 2014 година расправаше по иницијатива во која се бараше укинување на задолжителната вакцинација. Судот оцени дека со редовната вакцинација не се штити само лицето кое се вакцинира, туку се создава и колективен имунитет помеѓу населението, што ја спречува циркулацијата на инфективните агенси. Исто така, тврдењето во објавата дека „многу...

Лекарската комора ги обедини здравствените работници во борбата против дезинформациите за вакцините

Претседателите на Лекарската, Стоматолошката и Фармацевтската комора, заедно со деканите на трите медицински факултети во Скопје, Штип и Тетово, директорот на Институтот за јавно здравје денеска потпишаа Декларација за поддршка на вакцинацијата. Ова е обид на здравствените работници да се спротивстават на ширењето на дезинформации во однос на вакцините, што доведе до епидемија на голема кашлица. Во декларацијата за поддршка...

Забраната за невакцинирани деца во градинките нема никаква врска со Клаус Шваб

Забраната за прием на невакцинирани деца во градинките нема никаква врска со основачот на Светскиот економски форум, ниту, пак, тој има агенда за депопулација. Ваквите тврдења се дел од поголема антиваксерска кампања чијашто цел е да се убедат родителите да не си ги вакцинираат децата. Вакцините се проверени и безбедни, а децата треба да се вакцинираат за да се...

Докторите кои апелираат за вакцинација не се „убијци во бели мантили“

Објавата шири теорија на заговор, ги жигосува докторите кои апелираат да се спроведе задолжителната имунизација, нарекувајќи ги „убијци во бели мантили“, „платеници на фармакомафијата“ и со заканувачки тон тврди дека „ќе им се суди за геноцид“. Наспроти ваквите напади врз докторите, вакцинацијата на децата е задолжителна и за неа е изготвен Календар за имунизација, кој се спроведува согласно возраста...

Антиваксерска објава големата кашлица и вакцините и ги поврзува со прскање од авиони

Во објавата се тврди дека секој којшто ќе ја прими вакцината против пертусис ќе го добие вирусот, како што наводно било случајот и со коронавирусот. Целта на ваквите антиваксерски тврдења е неосновано да се заплашува населението и да избегнува вакцини, иако тие го заштитуваат индивидуалното и колективното здравје, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Објава на...

Не е точно дека ковид пандемијата била планирана со децении

Тврдењето во објавата дека „таканаречената пандемија била планирана и координирана со децении наназад“, не се темели на факти. Она што беше координирано беше одговорот на пандемијата, односно во повеќе држави беа слични преземените мерки за заштита на населението кои вклучуваа и карантини и носење маски – затоа што тоа е епидемиолошки оправдано и издржано односно станува збор за научно...

Задолжителната вакцинација и инспекциските контроли во градинките се поради епидемијата на голема кашлица

Програмата за задолжителна имунизација не е поврзана со Клаус Шваб, ниту пак, со Светскиот економски форум. Парите за вакцините за задолжителната имунизација се обезбедуваат од буџетот на државата. Вакцинацијата е задолжителна затоа тоа што спречува ширење на епидемии ако вакциналниот опфат е над 95 проценти. Станува збор за одлука на национално ниво, донесена по претходна анализа на здравствените власти,...

Судот во Германија воопшто не расправал дали вирусот на мали сипаници постои

Судот во Германија не одлучувал за тоа дали вирусот на сипаници постои или не постои, туку одлучувал во граѓански спор за ветено плаќање меѓу две лица во врска со ветена награда. Исто така, не е вистина дека „секој месец пуштаат вирус“. Со таквата реченична формулација се алудира дека вирусот е намерно пуштен, што не е вистина. Кога има низок...

Замаглување на вистината за смртта на Навални со вакцинални дезинформации

Истакнатиот руски опозиционер и критичар на власта, Алексеј Навални, почина во сомнителни околности. Во отсуство на каква било транспарентност околу неговата смрт, во регионот се шират дезинформации дека починал од тромб предизвикан од ковид вакцината на „Фајзер“. Поточно, се тврди дека Навални е жртва на вакцината преку т.н. нарачано убиство, а не на политичка репресија, пишува „Вистиномер“ во својата...

Истовременото примање на МРП и ДиТеПер вакцината е безбедно и е препорачано од здравствените власти

Вакцината која содржи компонента против пертусис може да се дава истовремено со МРП вакцината со оглед на фактот што се работи за давање на една мртва и една жива вакцина, а растојание помеѓу двете вакцини не е потребно. Кога се даваат истовремено, вакцината која содржи компонента против пертусис и МРП вакцината се аплицираат во различни екстремитети, пишува во укажувањето...

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше епидемија со морбили. Вистиномер во архивата на граѓанскиот суд од 2019 година, пронајде неколку судски пресуди во кои родители на невакцинирани деца ги тужат градинките зашто тие не ги примале...

КЗБ: Децата што примиле три дози ДиТеПер во последниве 6 месеци, можат да се вратат во градинка

Децата што примиле три дози ДиТеПер вакцина во последните шест месеци ќе може да посетуваат градинка, но под услов да се ревакцинираат во наредните шест месеци. Практично, рокот за ревакцина е скратен на 6 месеци, наместо како што беше досега, на една година. Ова е предлогот на Комисијата за заразни болести кој ќе му биде доставен на разгледување на министерот...

Не е точно дека 17 милиони луѓе починале од ковид вакцини

Како доказ за тврдењето дека „17 милиони починале како резултат на ковид вакцинација во светот”, се цитира извештај од септември 2023 година, од канадска група „Correlation Research in the Public Interest”, кој не е прегледан од заедницата. Владините агенции и независни експерти за Франс прес велат дека овие заклучоци се со маани и дека само мал процент од смртните...

Стари вакцинални теории на заговор во ново пакување

Не постојат никакви задни намери или заткулисни игри со вакцинацијата против пертусис. Ниту ковид вакцините, ниту вакцината против голема кашлица имаат за цел геноцид на луѓето. Ова е теорија на заговор која ја шират антиваксерите и која нема никаква медицинска поткрепа. Големата кашлица е акутна заразна болест која лесно се пренесува и може да биде фатална особено за малите...

И покрај забраната, во градинките и денес се примаат невакцинирани деца

Среде епидемија на голема кашлица (пертусис), денеска во градинките се примаат деца без примена вакцина ДиТеПер, односно деца кои не ги примиле сите потребни дози. Мета.мк се јави во неколку градинки, а директорките со кои поразговаравме, рекоа дека не добиле никакво решение од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) за забрана за прием. Ова се случува иако пред четири...

Вработените во Белата куќа, ЦДЦ, ФДА, „Фајзер“ и „Модерна“ не беа ослободени од ковид вакцинација

Извршната наредба што ја потпиша Бајден во септември 2021 година предвидува задолжителна вакцинација на федералните работници, таа се однесува на Белата куќа, ФДА, ЦДЦ и НИАИД. Тогаш Бајден издал посебни барања и за бизнисите со повеќе од 100 вработени кои морале да наложат вакцинирање или да бараат неделно тестирање на вработените. „Модерна“ и „Фајзер“ биле покриени со ова барање...

За еден месец против голема кашлица се вакцинирале повеќе од 22.000 деца

Од почетокот на епидемијата на голема кашлица во Скопје досега се вакцинирани повеќе од 22.000 деца, соопшти министерот за здравство Илир Демири. Тој потсетува дека вакциналните пунктови работат во две смени со цел да им биде полесно на родителите да ги имунизираат своите деца, гарантирајќи дека вакцините немаат никаква врска со аутизмот. „Во однос на функционирањето на здравствениот систем, има потреба...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...