fbpx
Таг: узурпација

таг: узурпација

Обвинителството четири месеци не постапува за узурпираниот паркинг зад Поликлиника Бит Пазар

Поминаа четири месеци откако полицијата поднесе кривична пријава против две лица во врска со узурпација на државен имот и трансформација на истиот во приватен паркинг со наплата, но Обвинителството сѐ уште нема преземено конкретни мерки. Нелегалното паркиралиште продолжува да функционира во нормални услови, како ништо да не се случило, пишува Порталб.мк. „Предметот е во фаза на предистражна постапка во рамки...

Вчера добија пријави, денеска повторно наплатуваат на дивиот паркинг зад „Бит Пазар“

Узурпаторите продолжуваат да ги принудуваат граѓаните да плаќаат на дивиот паркинг позади поликлиниката „Бит Пазар“, и покрај тоа што вчера МВР им поднесе кривични пријави, објавува Порталб, кој прв го обелодени случајот пред пет месеци. Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера поднесе кривична пријава против две лица за „узурпација на имот“ и „неправедно градење“, откако државното земјиште беше претворено во...

Кривична пријава за нелегалната наплата на паркинг кај поликлиниката Бит-пазар

По неколкумесечните пишувања на Порталб.мк за узурпираниот паркинг позади поликлиниката Бит-пазар, институциите конечно се одлучија да излезат на терен и да проверат кој наплатува незаконски за паркирање на оваа локација. „Денеска (31.10.2023), во близина на Јавната здравствена установа – Поликлиника Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во содејство со Државниот...

Узурпиран паркингот на поликлиниката „Бит Пазар“, Општина Чаир дозволува парите на граѓаните нелегално да завршат во приватни џебови

Позади објектот на поликлиниката во Бит Пазар граѓаните се принудени да плаќаат паркинг и покрај тоа што парцелите се во државна сопственост и се узурпирани. Парите на граѓаните наместо во касата на болницата, општината или државата, незаконски завршуваат во џебовите на приватни лица. Со години наназад општина Чаир и општинските инспектори дозволуваат да се одвива една ваква активност и...

Притвор и мерки на претпазливост за двајцата што се обидоа да прават див паркинг кај поликлиниката „Бит Пазар“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за две лица против кои е поведена постапка за кривично дело – Узурпација на недвижности согласно член 225 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, на возраст од 45 и 42 години, на особено дрзок начин, со...

МВР со кривични пријави за две лица од Велешта: Узурпирале државен имот, палеле трски и го загадиле Охридското езеро

Узурпирале државен имот, палеле трски во езерото и со насипување на градежен шут и земја ги загадиле водите на Охридското езеро. Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривични пријави против две лица од струшкото село Велешта. Тие се обвинети за кривичните дела „узурпација на недвижности“ и „загадување на животната средина и природата“. „ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.К.(42) и...

Обвинителството поднесе две кривични пријави за дивите платформи на Матка

Изградбата на дивите платформи на Матка ќе има судски епилог. Основното јавно обвинителство (ОЈО) од Скопје поднесе обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Узурпација на недвижности, согласно член 225 став 1 од Кривичниот законик. Тие се обвинети дека узурпирале локација прогласена за споменик на природата во Матка. „Првиот обвинет, 39-годишен жител на Глумово, како трговец-поединец кој врши...

Тетовското кале и неговата околина заборавени од градските власти

Ридот Балтепе, Тетовското кале и пределот кој води кон ова излетничко-рекреативно место, речиси две децении ултрамаратонецот Адем Селмани ги користи како места каде ги одржува своите тренинзи. На почетокот од својата спортска кариера тренирал и во градот, но сега вели дека во Тетово нема места за одмор и за рекреација, па овие предели се единствените што спортистите можат да ги...

Протест на жители од тетовско Сараќино поради узурпација на игралиште и на пат

Жители од тетовското село Сараќино одржаа мирен протест пред зградата на Општина Тетово, од каде побараа да им се врати дел од земјиштето на фудбалското игралиште и дел од локалниот пат, кој, како што велат, им е узурпиран од нивниот соселанец Аритон Тодоровски. Велат дека игралиштето му припаѓало на селото, а патот го користеле неколку генерации. - Сега сме без...

Охриѓанка изнајмувала паркиралиште на узурпирано државно земјиште

Струшката полиција поднела кривична пријава против охриѓанката В.К.В. (44), осомничена дека узурпирала околу 600 квадратни метри државно земјиште, информира полицијата. Осомничената, според полицијата, во текот на 2015 година во катастарска општина Мислешево, узурпирала 599 квадратни метри државно земјиште, покрај магистралниот пат Охрид - Ќафасан. Таа потоа го оградила местото и направила пристап од магистралниот пат до имотот, кој подоцна го изнајмувала...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...