fbpx
Таг: увоз

таг: увоз

Извозот лани се зголемил за 6,9, а увозот за 5,7 отсто во однос на 2015 година

Извозот лани изнесувал 4.329.267.000 евра и е зголемен за 6,9 проценти во однос на 2015 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6.106.727.000 евра што е за 5,7 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит лани изнесувал 1.777. 461.000 евра. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е...

Производителите бараат укинување на увозните давачки за смрзнато месо

Укинување на увозните царински давачки за смрзнато месо бараат од Групацијата на производители и на преработувачи на месо при Стопанската комора на Македонија. Од групацијата велат дека во просек, домашните производители плаќаат 20 отсто повисока цена за суровината од увоз во однос на регионот. Тие тврдат дека на производителите на месо и на преработки од месо им се заканува престанок на производството...

Андреевски: Увозот на струја ќе ги чини граѓаните 4,2 милиона евра

Неверојатни 4,2 милиона евра ќе ги чини граѓаните увозот на електрична енергија и тоа само за период од две недели, од 7 јануари заклучно до 22 јануари, истакна денеска претседателот на Комисија за енергетика на СДСМ, Митко Андреевски. Тој истакна дека „ако РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Осломеј работеа, немаше да има ризик од останување без струја“. - Срамно, безобразно и несовесно од страна на...

СДСМ: Kолку ќе платиме за струјата што треба да ја увеземе следната недела

„Ситуацијата со недостиг на струја е сериозна, ќе се увезува струја и следната недела. Ќе се одлеваат нови милиони евра народни пари за скапиот увоз“, се вели во соопштение на СДСМ. Во него се додадава дека е распишан нов тендер за увоз на струја за периодот од 14 до 22 јануари. - Ова на денешната прес-конференција го сокри директорот на АД ЕЛЕМ,...

Мицкоски: Дефектот во РЕК Битола е отстранет, состојбата со струјата е стабилна

Дефектот во РЕК Битола е отстранет и електраната сега работи со полн капацитет, инофрмираше денеска генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски. Според него, земјава во најстудените денови ги задоволила потребите од електрична енергија со 80 отсто од домашно производство. - И покрај временските услови, успеавме навреме да ги испорачаме потребните количества електрична енергија. Граѓаните не треба да се грижат, така ќе...

Ковачевски: РЕК Битола е во нова хаварија, увезената струја ни однесе 2 милиони евра

Според последните информации, не само што не е поправен еден од блоковите на РЕК Битола, туку има дополнителна хаварија, односно пукнати се цевки, изјави денеска пратеникот и претседател на општинската организација на СДСМ од Битола, Васко Ковачевски. Тој на прес-конференција истакна дека „ова му се случува на комбинатот, иако се дадени неколку стотици милиони евра пари на граѓаните за наводни поправки и...

СДСМ: Со скапиот увоз на струја, граѓаните за два дена се оштетени за 300.000 евра

СДСМ ја повикува власта во заминување да престане да крие информации од граѓаните за реалниот ризик, домаќинствата да останат без струја, се вели во соопштението на СДСМ. - Реалноста е дека Македонија се соочува со недостиг од струја и како што вчера предупредивме, денеска е распишан тендер за нов интервентен увоз на струја. Како што објавивме вчера, на Божиќ бил распишан...

ЕЛЕМ: СДСМ манипулира со податоците за производство и за увоз на електрична енергија

СДСМ се обидува да ја манипулира јавноста со тези и со податоци за производството на електрична енергија, конзумот и увозот кои немаат врска со реалноста, заради ситни дневно-политички поени и ги извртува информациите искажани на денешната прес-конференција на АД ЕЛЕМ за електро-енергетските состојби во Македонија, стои во реакцијата на ЕЛЕМ на соопштението на СДСМ. Според компанијата, неосновани се обвинувањата од...

СДСМ: Нема доволно струја, ЕЛЕМ интервентно увезува 36 проценти поскапа струја

СДСМ денеска соопшти дека струја се увезува веќе три дена, а не само четири часа во текот на вчерашниот ден. „Лага е дека има струја. Лага е дека нема интервентен увоз на струја. Лага е дека е набавена струја за само четири часа од вчерашниот ден. Лага е дека набавената струја чини 40 евра за мегават-час, како што изјавија на прес-конференција...

Македонските компании ќе користат позитивни искуства од унгарските

Системот „Хунгарикум“ кој ги обединува и промовира националните автохтони унгарски производи и услуги, беше презентиран пред претставници на македонски компании во хотелот „Гранд плаза“. Целта на оваа конференција организарана од Сојуз на стопански комори на Македонија, во соработка со Амбасадата на Унгарија во Македонија и со Министерството за земјоделство на Унгарија, е да се презентираат позитивните примери, да се направи размена на искуства,...

Андреевски: Струјата е поскапена за 100 проценти од 2006 година досега

„Плаќаме повисоки сметки за електрична енергија за повеќе од 100 проценти денес во однос на 2006 година. Причина за тоа се криминалните политики на оваа власт во енергетскиот сектор, со кои се збогатија енормен број луѓе блиски до неа, на сметка на граѓаните“, изјави претседателот на Комисијата за енергетика на СДСМ, Митко Андреевски, на денешната прес-конференција. Тој на прес-конференцијата прикажа сметка...

Протестни концерти во Албанија целосно цензурирани од медиумите

Протестни концерти на албански пејачи и на артисти, кои се противат на изградба на електрани и на увоз на отпад, се одржаа во Националниот парк Валбона и во Тирана, но тие беа целосно игнорирани од главните албански медиуми. На протестот кој се одржа во Тирана минатата недела присуствуваа неколку илјади граѓани. Артистите извикуваа „Не допирајте ја Валбона“ и „Да не се увезува...

ЕУ на чекор од потпишување на договорот за слободна трговија со Канада

Сојузната влада на Белгија доби согласнот од сите регионални влади за потпишување на договорот за слободна трговија (ЦЕТА) меѓу Европската Унија и Канада, потврди белгискиот премиер Шарл Мишел. Белгиската сојузна влада мора да добие согласнот од сите регионални влади за потпишување на овој договор за кој Канада и ЕУ преговараат седум години. Премиерот Мишел изјави дека лидерите на белгискиот регион и јазични заедници...

Вучиќ и Рама го отворија првиот српско-албански бизнис-форум

Премиерите на Србија и на Албанија, Александар Вучиќ и Еди Рама, денеска го отворија првиот српско-албански бизнис-форум, на кој присуствуваат околу 300 бизнисмени од двете земји. Вучиќ рече дека Србите и Албанците се двата најголеми народи на Балканот и дека не треба да дозволат некој друг да им ги уредува односите и иднината. Тој оцени дека без оглед на политичките...

Извозот и увозот во првите осум месеци зголемени за 6 отсто во однос на лани

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во првите осум месеци од годинава, изнесува 3.112.569.000 долари и бележи пораст од 6,4 проценти во однос на истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државен завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4.392.752.000 долари, што е за 6,2 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот...

Владата го одобри предлог-буџетот за 2017 година

Владата на вчерашната седница го одобри предлог-буџетот за 2017 година и во текот на денешниот ден тој ќе биде доставен до Собранието. Како што информираше министерот за финансии, Кирил Миноски, буџетот за 2017 година е работен врз основа на проекција за пораст на економијата од три проценти следната година. - Вкупните приходи на консолидираниот буџет за 2017 година се планираат на ниво од...

Македонски компании ќе учествуваат на Саемот за храна во Москва

Седумнаесет македонски компании ќе учествуваат на големата саемска манифестација „Мир питание 2016“ (World food 2016) во Москва, од 12 до 15 септември 2016 година. Македонските производители и преработувачи на свежо овошје и зеленчук ќе имаат национален штанд кој ќе се простира на површина од 110 квадратни метри. - Се зголемува побарувачката за македонските земјоделски производи од страна на руските компании. Во изминатиот период...

Извозот во првите седум месеци изнесува 2,7 милијарди долари

Вкупната вредност на извозот на стоки во периодот јануари-јули изнесува 2.710.526.000 долари и бележи пораст од 5,6 проценти во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3.821.115. 000 долари, што е за 4,4 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули, изнесува 1.110.590.000 долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот...

Мелничарите бараат итно поништување на новата мерка при увоз на пченица

Мелничарите бараат итно поништување на новата мерка при увоз на пченица, односно зголемување на висината на надоместокот за фитосанитарната анализа при увоз. Мелничарите истакнуваат дека со ова зголемување на цената кое важи од 2 август, надоместокот ќе изнесува околу 12.600 денари по камион при одобрување влез на увезена пченица во државата и уште толку при царинење, или вкупно 25.200 денари. Тие велат дека со оваа мерка,...

Србија ја обвинува Македонија за вонцарински бариери и најавува мерки на реципроцитет

Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ денеска изјави дека со одлуката на македонската влада за поскапување на фитосанитарните уверенија за увоз на пченица во Македонија, нашата држава вовела вонцаринска бариера кон Србија и најави можност од воведување на мерки на реципроцитет. Љајиќ за агенцијата „Бета“ вели дека одлуката на македонското Министерствот за земјоделство, со која цените за...

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...