fbpx
Таг: увоз

таг: увоз

Регулаторите и ДПИ ги анализираат податоците за увоз на штетниот мазут, конечните одлуки утре

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информира јавноста дека во тек е подготвителен состанок за состојбата со мазутот, на кој утринава присуствуваат и претставници од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). На состанокот е договорено ДПИ да достави дополнителни документи за да може РКЕ да има целосен пресек на состојбата во однос на мазутот. Во моментов на подготвителниот состанок комесарите...

Во првите четири месеци извозот се зголемил за 53,7 отсто во однос на ист период лани

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија во периодот од јануари до април 2021 година изнесува 2.739.362.000 долари и бележи пораст од 53,7 отсто во однос на истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3.704.130.000 долари, што е за 46,8 отсто повеќе во споредба со...

Владата ќе ги проверува информациите за увоз на токсични нафтени деривати, по објавата на ИРЛ

Вонредна и итна е информацијата објавена од Истражувачката репортерска лабораторија - ИРЛ, за постоење сомневања дека во одреден период во земјата биле увезувани токсични нафтени деривати, опасни по здравјето и животната средина. Тоа го оценија владините министри на синоќешната седница. Според објавените информации на ИРЛ, увезуван бил опасен мазут кој се користел како гориво за греење во повеќе државни...

Во првиот квартал, извозот од ТИРЗ зголемен за 67 отсто во однос на лани

Растот во технолошко индустриските развојни зони продолжува и во месец април, со зголемен раст на извозот и увозот и стабилни работни места, покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ. „Извозните активности во зоните во април достигнаа 279 милиони евра, што е за 7 отсто повеќе споредено со март годинава. Дополнително, извозот во првите четири месеци од годинава изнесува 1 милијарда и...

Месната индустрија бара да се зголеми увозот на замрзнато месо за да се избегне ценовен шок на производите

Групацијата на производителите и преработувачите на месо при Стопанската комора побарала од Министерство за економија да ги врати редовно одобруваните количини од 6.400 тони за увоз на замрзнато свинско месо. Ако не се одобри зголемување на количините за увоз на замрзнато месо, претседателот на Групацијата, Гоце Трајчев истакна дека ќе следува ценовен шок на производите кои се преработки од месо,...

ТИР-зоните остануваат носители на извозот со речиси 48 проценти удел

Трендот на зголемени економски активности во Технолошко-индустриските зони продолжува и во вториот месец од годинава, покажува најновата анализа на Дирекцијата за ТИРЗ. „Компаниите активни во зоните учествуваат со 48 проценти од вкупниот извоз во националната економија, што е за три процентни поени повеќе од декември, со тенденција за понатамошен пораст. Истовремено вкупниот извоз од зоните во февруари 2021 е за...

БДП во четвртото тримесечје од 2020 година опаднал за -0,7 отсто, објави ДЗС

Бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2020 година опаднал за -0,7 проценти, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). „Во четвртото тримесечје од 2020 година, пораст е забележан во секторите дејности во врска со недвижен имот од 2 проценти и финансиски дејности и дејности на осигурување од еден процент. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат...

Корона кризата го „стопи“ извозот на земјава лани за 7,7 отсто во споредба со 2019

Корона кризата лани предизвикала намалување на извозот на стоки од земјава, но и на увозот на стоки во Македонија од 7,7 отсто. Иако состојбата е драстично подобрена во споредба со првите шест месеци од ковид-19 пандемијата, кога извозот бележеше пад од дури 24 отсто во споредба со јануари-јули 2019 година, сепак бројките на крајот на 2020 година не се поволни. Вкупната...

Германија, Велика Британија и Србија најголеми трговски партнери на земјава

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари ‒ август 2020 година, изнесува 3,4 милијарди евра и бележи пад од 17,8 отсто во однос на истиот период од претходната година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4,6 милијарди евра, што е за 15,1 отсто помалку...

Извозот бележи пад од 21,4 проценти во првите шест месеци од годината во однос на лани

Вкупната вредност на извозот на стоки, од јануари до јули 2020 година, изнесува 3.297.625 илјади американски долари и бележи пад од 21,4 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4.511.999 илјади американски долари, што е за 17,3 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година....

По вртоглавиот пад, надворешната трговија покажува знаци на живот

Голем пад на извозот и на увозот има во вториот квартал од годинава, откриваат најновите податоци на Народната банка. Извозот на стоки бележи пад од 35,7 отсто на годишна основа. Сепак, гледано по месеци, најголем дел од падот е сконцентриран во првите два месеца од кварталот, додека во јуни се забележува позначително забавување на падот на извозот. Од Народната банка...

Корона кризата удри и по извозот, за пет месеци регистрирано намалување од 27,4 отсто

Продолжуваат негативните резултати во домашната економија како последица од пандемијата на корона вирусот. По евидентираниот пад на бруто домашниот производ во првото тримесечје од 0,2 отсто и на индустриското производство од 14,4 отсто за периодот јануари - мај, негативни резултати се забележаа и во трговската размена со странство. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), извозот на...

ДЗС: Пад на извозот од 23,8 отсто во првиот квартал од годинава

Во периодот јануари-април 2020 година, вкупниот обем на трговската размена со странство изнесува 4.305.200.000 американски долари, при што вкупната вредност на извозот достигна 1.782.502.000 долари и бележи пад од 23,8 отсто, во однос на истиот период од претходната година. Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на увeзената стока изнесува 2.522.698.000 долари, што е за 19 отсто помалку...

Извозот во првиот квартал опаднал за 10,8 отсто, увозот намален за 6,3 отсто

Епидемијата со корона вирусот ги покажува првите поконкретни негативни последици по македонската економија. Извозот во првиот квартал од 2020 година изнесувал 1.552.953.000 американски долари и истиот бележи пад од 10,8 отсто во однос на истиот период од минатата година, се наведува во податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Вредноста на увезената стока во истиот период изнесувала 2.116.414.000 американски долари,...

Танасоски: Увозот и извозот на стоки се врши без никакви пречки

Увозот и извозот на стоки во земјава оди регуларно и без никакви пречки, одговори на новинарско прашање директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски на денешната прес-конференција во Владата. „Секое зголемување на увозот е добредојдено за нас, но сакам да информирам дека имаме и зголемен извоз кај кондиторската индустрија што е многу добро за нашата економија,“ рече Танасоски. Царинската управа заедно со...

И покрај ветувањата за пораст, трговската размена меѓу Албанија и Македонија во надолна линија

Албанија и Македонија продолжуваат со слаб индекс на перформанси во однос на трговската размена. За време на заедничките меѓувладини состаноци, шефовите на двете држави се заложија дека ќе ја зајакнат соработката меѓу двете земји. Но, официјалните бројки за увоз - извоз не го покажуваат тоа, пренесува „Порталб.мк“. Првата меѓувладина средба меѓу Албанија и Македонија, што се одржа на 16 декември...

Трошиме малку гас и затоа скапо го плаќаме

Пазарот на природен гас во државава беше и остана недоволно развиен со мала потрошувачка и мал број на активни трговци и снабдувачи. Тоа е така, иако е целосно либерализиран уште од 2015 година, што значи цените се формираат слободно на пазарот од страна на учесниците. Според Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), во 2019 година има 4 субјекти кои увезуваат...

Собранието ја усвои забраната за увоз за отпад за гориво

Со 62 гласа од присутните пратеници доцна попладнево Собранието ги усвои измените на Законот за управување со отпад со кои се забранува увоз на секаков вид на отпад како гориво. Измените на законот ги предложија пратеничките од ДОМ, а тие беа поддржани и од мнозинството граѓански здруженија за борба против загадувањето, кои исто така бараа од Владата и од...

Извозот лани бил зголемен за четири отсто во однос на 2018 година

Лани извозот изнесувал 7.187.566.000 американски долари и бележи пораст од  четири проценти во однос на 2018 година, објави Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 9.470.289.000 долари, што е за 4,6 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит изнесува 2.282.723.000 долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е...

Првата тура на опасен отпад од ОХИС пристигна во Базел

Според податоците добиени од „Екоцентар 97“ на 14 јануари се направи првиот извоз на отпадни хемикалии согласно проектот „Отстранување, дислоцирање, уништување или неутрализирање на хемиски материи“ од АД ОХИС Скопје во стечај, при што вкупно се извезени 88 буриња, од кои 84 буриња беа полни со отпаден метанол, додека пак 4 буриња беа полни со акрилонитрил, информираат од Министерство...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...