fbpx
Таг: Утрински весник

таг: Утрински весник

СЈО го презема затворањето на весниците на МПМ

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) комплетно ја презема надлежноста за случајот со затворањето на весниците на МПМ од скопското обвинителство, јави ТВ 24. Се истражуваат наводи од една од „бомбите“, односно  злоупотреба на функциите на тогашните први луѓе Срѓан Керим и Јана Станисављева. Се прават проверки за евентуален економски криминал, по поднесена кривична пријава од ССНМ. Се проверуваат финансиските  исплати во време...

„Дневник“ згасна, денешниот е последниот број

„Дневник“, првиот приватен дневен весник во Македонија што опстоја со децении на пазарот, денеска го испечати последниот број. Весникот излегуваше од 20 март 1996 година. Од утре весникот нема да се печати, а на вработените ќе им биде исплатена плата за мај во следните 20 дена, кога ќе бидат на одмор. Ова од менаџментот денеска им го соопштиле на околу 60...

Новинарите со протестен собир ги најавија последните броеви на „Вест“ и на „Утрински“

Новинарите на „Утрински весник“ и на „Вест“ се собраа на паркиралиштето на трговскиот центар „Зебра“ каде што преку мирен протестен собир го одбележаа згаснувањето на двата дневни весници, кои 18 години излегуваа и ја обележаа медиумската сцена. Овие два дневни весници, за последен пат во печатено издание ќе излезат утре, 29 април. Новинарите добија поддршка од Самостојниот синдикат на новинари и...

Трифун Костовски: Не се обидов да си го вратам „Утрински весник“

Последниот број на „Утрински весник“ ќе излезе в сабота, на 29 април, тврдат новинарите кои се вработени во овој медиум. Официјален став од издавачот „Медија принт“ за затворањето на „Утрински весник“ сè уште нема. Не е познато ниту дали весникот претходно бил понуден на продажба на друга компанија или лице. Бизнисменот Трифун Костовски беше мнозински сопственик и заедно со уште неколку уредници...

СДСМ: Затворањето на „Утрински“ е доказ дека сме на дното по слободата на медиумите

„Најавеното затворање на „Утрински весник“ е уште еден доказ дека Македонија е на дното на Балканот по медиумски слободи и укажува зошто се неопходни демократски промени и конечна заштита на слободата и на професионалното работење на новинарите и на медиумите“, се вели во реакцијата на СДСМ на најавата дека в сабота (29 април) ќе излезе последниот број од овој дневен...

По еден месец штрајк, новинарите во МПМ се враќаат на работа

Со префрлањето на платата за јануари, штрајкувачкиот одбор на „Дневник“, „Утрински весник“ и на „Вест“ донел одлука за прекин на штрајкот, информираат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). - ССНМ со жалење констатира дека и покрај префрлањето на платата, ситуацијата на вработените во МПМ и понатаму е критична и очекува од управата да извлече поуки од речиси четиринеделениот...

Новинарите на МПМ почнуваат со штрајк на неопределено време

Новинарите и другите медиумски работници на „Медиа принт Македонија“ (МПМ), денеска, на Денот на македонското новинарство (17 февруари), ќе стапат во штрајк на неопределено време. Штрајкот е во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија (ССНМ), а одлуката неодамна ја донесоа синдикалните групи во дневните весници „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“. - Ваквиот непосакуван начин на борба за...

ЗНМ со поддршка на одлуката за штрајк на новинарите на „Дневник“, „Утрински“ и на „Вест“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) се солидаризира со барањата на новинарите на трите весници на издавачот „Медиа принт Македонија“ (МПМ) веднаш да се исплатат заостанатите плати за декември и за јануари и хонарарите на дописниците. „ЗНМ ја поддржува одлуката на штрајкувачкиот одбор на новинарите на „Дневник“, „Утрински весник“ и на „Вест“ да стапат во штрајк, ако најдоцна до 15...

ССНМ: Новинарите од „Вест“ се приклучија на штрајкот во МПМ

Новинарите и медиумските работници од редакцијата на дневниот весник „Вест“ донеле одлука да се приклучат на штрајкот што минатата недела го најавија нивните колеги од „Утрински весник“ и од „Дневник“, на издавачот „Медиа принт Македонија“ (МПМ), соопшти денеска Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Новинарите на „Вест“, како што соопшти ССНМ, денеска формирале штрајкувачки одбор и го известиле менаџментот...

Бејли: Ако нема одговорност за прислушуваните разговори, земјата ќе остане во криза

„Нашите пораки се исти со тие што ги кажаа пријателите од ЕУ. Сега е најважно да се имплементира Договорот од Пржино и да се отвори пат за изборите од страна на четирите политички партии“, вели американскиот амбасадор Џес Бејли во интервју за „Утрински весник“, одговарајќи на прашање со какви пораки или предлози ќе дојде помошникот државен секретар на САД,...

Весниците на „МПМ“ објавија текстови за СЈО потпишани од редакциите, а не од новинарите

Насловните текстови на трите весници на „МПМ“, „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“ кои се однесуваат на прес-конференцијата на Специјалното јавно обвинителство денеска се објавени без да се наведат авторите на написите. Авторите се изоставени и во печатеното и во електронското издание, а текстовите се потпишани со П.Р. (Политичка рубрика) и Р.Д. (Редакција „Дневник“). Станува збор за текстови кои се однесуваат за...

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...