ФРОДЕМ со иницијатива до Уставен суд за оценување на уставноста на деловникот


Скопје, 18 март, 2016 - 10:39 (META) 

ФРОДЕМ поднесе иницијатива до Уставниот суд за поведување постапка за оценување на уставноста на некои одредби од актуелниот деловник на Уставниот суд.

Како што стои во соопштението на ФРОДЕМ, со оваа иницијатива бараат да се поништат  одредби од деловникот на Уставниот суд кои се во директна спротивност со Уставот на Македонија, односно на постапката за заштита на слободите и на правата, постапка за решавање на судир на надлежности и постапката за одземање на имунитетот и за утврдување на трајно загубување на способноста за вршење на функцијата на судија на Уставниот суд.


Тодор Петров бара процена за уставноста на Специјалното обвинителство


Скопје, 7 ноември, 2015 - 11:54 (META) 

Уставниот суд на Република Македонија потврди дека до нив стигнала нова иницијатива за оцена на уставноста на Специјалното јавно обвинителство, која ја поднел претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, објави „Алсат М“.

Со тоа, во Уставниот суд сега има две барања што можат да ја турнат Катица Јанева од неодамна стекната функција.

Таква иницијатива веќе поднесе адвокатот Томе Тодоровски од Свети Николе, кој, иако најави, сè уште не го повлекол своето барање.