fbpx
Таг: уставно име

таг: уставно име

Ѕанакопулос: Нема план „Б“, соседот треба да го промени уставното име

Промена на уставното име е една од правните обврски за да се постигне договор, вели портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчката телевизија „Алфа“. Прашан за натписите во медиумите за евентуален грчки план „Б“ за потпишување договор со меѓународните организации, без да мине низ парламентите на двете земји, Ѕанакопулос вели дека „не постои...

Вучиќ нема намера да го демантира Дачиќ за изјавите за Македонија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Солун изјави дека нема да ги демантира неодамнешните изјави на шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, дека Србија направила грешка што ја признала Македонија под уставното име. - Да сакав да го критикувам или демантирам Дачиќ, тоа со леснотија ќе го направев. Но, очигледно е дека тоа не го направив - рече Вучиќ, по...

Димитров му порача на Дачиќ: Во регионот растеме и паѓаме заедно

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, изрази жалење поради изјавата на српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, дека Белград направил грешка што ја признал Македонија под уставното име. - Жалам за изјавата на Дачиќ. Со Србија заедно бевме во една федерална држава, како Република Македонија и Република Србија, и споделуваме толку многу нешта. Убеден сум дека двата пријателски народа...

Дачиќ не знае географија или провоцира: Србија немала територијални претензии кон Грција!

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, по состанокот со неговиот грчки колега, Никос Коѕијас, во Атина изјави дека Србија направила грешка кога пред 20 години ја признала Македонија под уставно име. - Сметам дека Србија направи грешка пред 20 години кога го призна Скопје под името Република Македонија. Тоа не беше коректно спрема Грција, а Скопје секогаш имаше...

Виталиј Чуркин, дипломатот што ја донесе нотата со која Русија ја призна Македонија

Рускиот амбасадор во Обединетите нации, Виталиј Чуркин, кој вчера ненадејно почина во Њујорк, во 1992 година беше претставникот на Москва што ја донесе нотата со која Руската Федерација официјално ја призна Република Македонија под уставното име. Во тоа време, односно од јуни 1992 до октомври 1994 година, Чуркин беше заменик на тогашниот руски министер за надворешни работи, Андреј Козирев. Според некои...

Попоски: Колку би било убаво Плевнелиев да беше како Желев пред 25 години

Пред 25 години, првото признавање на независна и суверена Република Македонија дојде од Софија, а „потоа следеа сите други пријателства“, напиша денеска министерот за надворешни работи во оставка, Никола Попоски, на својот фејсбук-профил, изразувајќи „благодарност до Бугарија од Македонија“. Попоски вели дека тогашниот претседател на Бугарија, Жељу Желев, имал демократско чувство и почит кон волјата на македонските граѓани, додавајќи дека...

МНР за „Мета“: Дачиќ се плаши изливите на шовинизам да ги насочи кон големите сили

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, се плаши своите изливи на шовинизам да ги изрази кој најголемите сили кои го признаа Косово, па затоа се конфротира со најмалите земји во Европа, велат за „Мета“ од Министерството за надворешни работи на Македонија, по последната изјава на шефот на српската дипломатија во која се прашува зошто Република Македонија членува...

Од утре Србија ја брише БЈРМ од патарините, велат за „Мета“ од „Путеви Србије“

Македонија веќе цел месец фигурира со ознаката БЈРМ на сметките од патарините во Србија, соопштија за „Мета“ од српското јавно претпријатие „Путеви Србије“. „Во однос на Вашето прашање, поврзано со натписот на признаницата за наплата на патарина на делница од автопатот кај Прешево, Ве известуваме дека системот за наплата на патарините на наведената делница е пуштен во употреба пред еден...

ОМД бара Дачиќ да се извини за изјавата за Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја осуди изјавата на министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, дадена на почетокот на оваа недела, во која, тој изрази жалење што Србија ја призна Македонија под нејзиното уставно име. „Сметаме дека ваквите испади, чија цел е собирање евтини политички поени воопшто не му доликуваат на министер на држава со евроинтеграциски аспирации. Дачиќ треба...

Грчки медиуми: Црвен картон од Србија за Скопје!

Голем број грчки медиуми ги пренесоа изјавите на српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, дека Србија не требало да ја признае Македонија под уставното име. „Српско МНР: Направивме грешка што БЈРМ ја признавме под уставното име“, „Изјава на српскиот премиер за шамарот кон Грците - Не требаше да ја признаеме БЈРМ под уставното име“, „Дачиќ: Грешка што го признавме...

Дачиќ ја спушта топката: Пријателството треба да се почитува и во Скопје и во Белград

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, вечерва изјави дека сe согласува со ставовите со македонското Министерство за надворешни работи оти не треба да се урива пријателството меѓу Србија и Македонија и додаде дека тоа треба да важи и во Белград и во Скопје, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. По повод реакцијата на македонското МНР на неговата изјава дека Србија згрешила...

МНР до Дачиќ: Да не се урива пријателството меѓу граѓаните на Србија и на Македонија

Политичарите треба да ги продлабочат пријателските односи што постојат меѓу граѓаните на Србија и на Македонија, а не да го уриваат обостраното пријателство, реагираат од Министерството за надворешни работи на Македонија, по изјавата на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, дека официјален Белград направил историска грешка признавајќи ја Македонија под уставното име, бидејќи Македонија го признала Косово и го поддржала неговото...

Дачиќ е пресметлив националист кој отвора нови фронтови, реагира српската ЛДП

Ивица Дачиќ со своите најнови изјави свесно ги нарушува односите во регионот и повторно предизвикува и провоцира реакции од земјите од соседството, се вели едното од двете соопштенија на српската Либерално-демократска партија, како реакција на интервјуто на шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, во кое тој, меѓу другото, изјави дека Србија направила голема грешка со признавањето на Македонија под уставното...

Дачиќ: Србија погреши што ја призна Македонија под уставно име

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, рече дека Србија погрешила што ја признала Македонија под нејзиното уставно име затоа што Македонија го признала Косово и го поддржала неговото членство во УНЕСКО. - Србија направи голема грешка. Цела Европа и целиот свет го користат називот Поранешна Југословенска Република Македонија, а ние им удривме шамар на нашите браќа Грци и сега очекуваме...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...