fbpx
Таг: уставни измени

таг: уставни измени

Алијанса за Албанците и БЕСА на Касами ќе поднесат амандмани за Албанците

Алијанса за Албанците (АА) и крилото на БЕСА предводено од Биљал Касами ќе поднесат амандмани за албанскиот јазик и за преамбулата, во текот на расправата за уставните измени кои се прават поради исполнување на обврските од Преспанскиот договор, јави „Порталб“. ДУИ, крилото на БЕСА предводено од Африм Гаши, НДП и ДПА сметаат дека сега не е време за поднесување амандмани,...

Ѕанакопулос: Во соседната земја беше направен историски чекор

Двотретински изгласаниот предлог во македонското Собрание за почеток на уставните промени е историски чекор што ги носи двете страни поблиску до финалното- стапување во сила на Договорот од Преспа, смета портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос. -Она што се случи во соседната земја, во ПЈРМ, е историски чекор за почеток на процесите за уставна ревизија и...

Димитров и Палмер разговарале за новите политички случувања

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска во македонското МНР се сретна заменик- помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, кој престојува во работна посета на Македонија. На средбата се разговарало за евроатлантските перспективи на земјата, како и за актуелните политички состојби во Македонија и во регионот. Се зборувало за преговорите со НАТО, како и за...

Тачи: ДПА ќе продолжи таксативно да ги поддржува уставните измени

Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи се сретна со заменик-помошникот државен секретар, Метју Палмер, во резиденцијата на американскиот амбасадор Џес Бејли „На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација, за имплементацијата на Договорот од Преспа, како и за реформскиот процес. Тачи на средбата истакна дека ДПА ќе продолжи таксативно да ги поддржува уставните измени кои произлегуваат од Договорот од...

Арнаудов: Никој не е предавник и ништо не е ветувано за случајот

Пратеникот Љубен Арнаудов, обвинет за случувањата од 27 април во Собранието, денеска пред почетокот на рочиштето во Основен суд Скопје 1 изјави дека не смета оти некој е предавник и дека не знае кој стои зад завчерашното писмо, испратено до медиумите во име на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што во петокот гласаа за почнување со уставните измени. Истакна дека не...

Белград без официјален став за одлуката на македонскиот парламент

Официјален Белград сè уште не се изјаснил за одлуката што македонското Собрание ја донесе во петокот, да го почне процесот за уставни измени, според Договорот со Грција. На политичката сцена во Србија имаше реакции само од две помали опозициски партии, кои излегоа со спротивставени ставови. Либерално-демократската партија (ЛДП) на Чедомир Јовановиќ оцени дека Македонија покажала политичка храброст и дека Србија...

Кривична пријава за маж што се заканувал на пратениците преку Фејсбук

СВР Скопје и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР ќе поднесат кривична пријава против 38-годишниот А.Н. од скопско Коњари, поради закани преку Фејсбук. Кривичната пријава ќе биде за загрозување на сигурноста и за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку копјутерски систем. Полицијата вчера извршила претрес во домот на осомничениот, при што се одземени предмети, а тој бил...

Хан: Ни треба државништво, а не партиски игри

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, преку својот „Твитер“ профил им честиташе на пратениците кои вечерва гласаа за потребата од уставни измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа потпишан помеѓу Македонија и Грција. „Добар ден за демократијата во Скопје! Им честитам на сите оние кои одлучија да одат по патеката на ЕУ. Очекувам дека слободниот избор на сите...

Собранието со 80 гласа „за“ ја донесе одлуката за потреба од уставни измени

По цел ден чекање на почетокот на собраниската седница за уставни измени, вечерва владејачкото мнозинство успеа да обезбеди двотретинско мнозинство за предлогот на Владата за потребата од уставни измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција. Пратениците гласаа со 80 гласа „за“, без гласови „против“ и „воздржани“ од присутни 117 пратеници. Од опозициската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ „за“...

Собраниската седница за уставните измени ќе почне во 15 часот

Собраниската седница на која треба да продолжи расправата за предлогот за пристапување кон уставни измени ќе продолжи во 15 часот, наместо како што првично беше најавено, во 12 часот денеска, соопштија од Собранието. Како причина за одлагањето на почетокот на седницата во повеќе медиуми се наведуваат шпекулации дека сега се одвиваат разговори  за обезбедување двотретинско мнозинство меѓу владејачките партии и...

Седницата за уставни измени продолжува во 12 часот, неизвесно двотретинското мнозинство

Пратениците во Собранието денеска во 12 часот ќе ја продолжат расправата за потребата од уставните измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа, помеѓу Македонија и Грција. Не се исклучува можноста денеска дискусијата да биде исцрпена и да се пристапи кон гласање, со оглед дека опозициските пратеници претходно ги откажаа дискусиите. Останува неизвесно дали во Собранието ќе биде обезбедено двотретинско мнозинство,...

Заев: Верувам дека пратениците од ВМРО-ДПМЕ ќе се исправат пред историската одговорност

Заедно со премиерот Алексис Ципрас остануваме целосно посветени на перспективите на новиот Балкан на 21 век, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот телефонски разговор со својот грчки колега по оставката на министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас. Заев денеска присуствуваше на одбележување на 20-годишнината од постоењето на Штедилницата „ФУЛМ“, во неговото родно село Муртино. Премиерот...

Тунтев: Мицкоски е антизападен лидер, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат „за“

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, денеска на прес-конференција во Собранието рече дека гласањето за предлогот на владата да се направат промени во Уставот најверојатно ќе се одржи утре и уште еднаш истакна дека се надева на обезбедување на двотретинско мнозинство. -Како пратеници имаме можност во Собранието да ги донесеме измените кои ќе го зајакнат нашиот идентитет и...

Седницата за уставни промени ќе продолжи утре

Собраниската седница за уставни измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција ќе продолжи утре. Вториот дел од вчерашната седница помина без пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, откако тие претходно преку соопштение најавија дека се откажуваат од дебатата, нарекувајќи ја јалова и потенцираа дека ќе гласаат против уставните измени. Тие ги повикаа пратениците од владејачкото...

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од дебатата, ќе гласаат против уставни измени

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата „За подобра Македонија“ денеска на заедничка координација одлучиле да се откажат од дебата која што се води во Собранието на Република Македонија, соопшти партијата. „Пратеничката група заклучува дека е кажано сè и дека нема потреба од натамошна дебата во однос на предложените уставни измени и Договорот од Преспа кој што беше отфрлен од народот...

Димитров: Суштината на компромисот се гледа во критиките на нашата и грчката опозиција

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров одговарајќи на неколку прашања од пратениците во Собранието рече дека Договорот од Преспа ги врзува чекорите на Македонија кон ЕУ и НАТО со тоа што е интерес на Грција од Договорот. - Затоа НАТО членството е врзано со влегувањето на сила на Договорот. Затоа стои дека на иста сесија грчкиот парламент кога ќе ја...

Бошњаковски: Владата сака амандманите да ги дефинира со опозицијата, заради консензус

Владата ќе пристапи на изработка на уставните амандмани дури откако ќе заврши работата во Собранието со изгласување на потребата за нивно изготвување и најдобро е тие да се подготват заедно со опозицијата односно да се постигне национален консензус, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција. – Потребно е да се изгради национален консензус бидејќи, како што вели и премиерот,...

Маноиловски: Државата да застане зад пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе гласаат „за“

Амнестија за сите и поддршка од државата за пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои ќе гласаат за Договорот со Грција, предложи пратеникот на ДУИ, Бранко Маноиловски на денешниот трет ден на расправата за уставните измени согласно Договорот со Грција. -Неколку дена слушам разговори филозофии, но се се сведува на едно. Да одиме во ЕУ и НАТО. А за тоа, знам јас, дека...

Во Собрание продолжува расправата за уставните измени

Во Собранието на Република Македонија и денеска ќе продолжи седницата на која пратениците расправаат за утврдување на потребата од предлогот на Владата за уставни измени за имплементирање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција. Неколкумина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница побараа средба помеѓу нивниот лидер Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев за изнаоѓање решение за Договорот од Преспа...

Мичел до Мицкоски: Дајте им простор на пратениците да одлучат како ќе гласаат за уставните промени

Помошник-државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Вес Мичел, во писмо испратено денеска до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, побара првиот човек на најголемата опозициска партија да се заложи и јавно и приватно да им се отвори простор на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени во Собранието да се изјаснуваат по своја волја. Седницата за уставните измени почна...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...