fbpx
Таг: Устав

таг: Устав

Вистиномер: Џафери не може да го претпочита Деловникот наместо Уставот

Според Уставот, со верификација на мандатот на пратениците, Собранието е констиутирано. Уставот е највисок правен акт во државата и е хиерархиски далеку над Деловникот на Собранието. Оттука, тврдењето на Талат Џафери дека Собранието не е констиутирано, е спин, вели најновиот Контраспин на „Вистиномер.мк“   Во изјава за ТВ21 претседавачот со конститутивната седница на новиот состав на Собранието на РСМ, Талат Џафери,...

Вистиномер: Две години подоцна – Преспанскиот договор и македонскиот идентитет (II дел)

Како и колку е заштитен македонскиот идентитет во Преспанскиот договор и можно ли е негово поништување во Обединетите нации, или, пак, од некоја идна власт во земјава?, пишува Вистиномер во својата нова анализа. ШТО ПРЕДВИДУВА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА Лидерот на СДСМ и во тоа време преимер, Зоран Заев, образложувајќи ги четирите амандмани пред собраниската Комисија за уставни прашања (07.11.2018), кажа дека со...

Џафери го потпиша Решението за распишување на предвремените избори на 15 јули

Претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери информираше дека Решението за распишување на предвремените избори за пратеници во Собранието на 15 јули 2020 година го потпишал синоќа и истото е архивирано и пратено до Државната изборна комисија, до Министерството за надворешни работи и до Министерството за правда, со што се запазуваат роковите за деновите утврдени во Уставот. - Имајќи ги...

Заев: Датумот за избори не може да биде лична желба, уставните услови се исполнети за на 5 јули

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев се огласи по повод прес-конференцијата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој бара изборите да се одржат на средината на јули, и рече дека, датумот за изборите не е и не може да биде ниту партиска ниту лична желба, тој е одреден од уставот и законите. „Сите законски и уставни услови за одржување на изборите се...

Започна кампањата со која се повикуваат граѓаните да спречат и пријават дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација започна со кампања за покренување на јавната свест за недискриминација. Кампањата под слоганот „Дискриминацијата завршува со мене!“ ги повикува граѓаните да не молчат пред дискриминацијата, да ја спречат и да ја пријават. „Во наредниот месец, преку видео спотови, трибини во четири градови и флаери, граѓаните ќе може да се информираат за Законот за спречување и...

ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за јазици

ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива до Уставниот суд за оцена на уставноста на Законот за јазици, откако минатата недела иницијатива поднесе и професорот Јове Кекеновски. Според партијата, Законот е донесен на насилнички начин од страна на власта, со газење на Уставот, законите и процедурите за донесување и објавување на законите. Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев вели дека Указот за прогласување на...

Влада: Иванов ја злоупотреби функцијата за да ја блокира демократијата

Владата порача дека ја поддржува одлуката Законот за јазиците и Законот за ратификацијата на Преспанскиот договор да бидат објавени во Службен весник со потпис на претседателот на Собранието, Талат Џафери, имајќи го, како што се вели, „предвид прекршувањето на Уставот од страна на претседателот Ѓорге Иванов“. „Донесувањето на Законот за употреба на јазиците и Законот за ратификација е во целосна...

Груби: ВМРО-ДПМНЕ први да постават двојазична табла на своето седиште

Пратеникот на ДУИ и претседател на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, на прес-конференција во Собранието порача дека Законот за јазиците денеска стапува на сила и дека ВМРО-ДПМНЕ треба да се надмине себеси и да биде првиот фактор што ќе постави двојазична табла. Тој рече дека институциите веднаш треба да се придружуваат до законските одредби и да ги применат....

Иванов: Законот за јазиците и ратификацијата се објавени противуставно

Објавувањето на Законот за употреба на јазиците и на Законот за ратификација на спогодбата од Преспа во Службен весник без потпис на указ од Претседателот на Република Македонија се противуставни, порача претседателот на државата, Ѓорге Иванов во писмено обраќање. Тој вели дека постапката да се објават двата закона е основа за кривично гонење. „Со доставувањето на овие два закона во Службен...

Новите амандмани на Уставот објавени во „Службен весник“

Амандманите од 33 до 36, заедно со Уставниот закон за нивно прогласување, коишто со 81 глас „за“, беа усвоени на 75-тата седница на Собранието во петокот, се објавени во 6-от број на „Службен весник“ во оваа година, односно на 12 јануари 2019 година. Со овие измени на Уставот, името на земјава по стапувањето на сила на Преспанскиот договор ќе биде...

Заев: Ова беше татковинска акција, донесовме голема, одговорна и историска одлука

Премиерот Зоран Заев, во денешното пладневно обраќање, на еден ден по гласањето во Парламентот за измените на уставот во врска со Договорот со Грција, им се заблагодари на пратениците за големата и одговорна одлука и на сите за, како што рече, оваа „татковинска акција“. Тој вели дека оваа одлука ќе значи дека кон НАТО и ЕУ, Северна Македонија ќе пристапи...

Мицкоски побара вонредни парламентарни избори заедно со претседателските

Во првата изјава по усвојувањето на измените на Уставот во Собранието со 81 глас „за“, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, побара распуштање на Собранието и одржување на вонредни парламентарни избори заедно со претседателските избори. Мицкоски рече дека не ја поддржува промената на Уставот за промена на уставното име и дека со договорот од Преспа се нанесува огромна штета и неправда. -...

Кирацовски тврди дека има минимум 80 пратеници кои ќе гласаат за уставни измени

Генералниот секретар на СДСМ и пратеник Александар Кирацовски денеска на прес-конференција во Собранието информираше дека власта обезбедила поддршка од минимум 80 пратеници за усвојување на уставните измени. –Со иницирање на уставните измени, Македонија станува дел од ЕУ и НАТО. Често ме прашуваат дали обезбедивте двотретинско мнозинство. Јас таа фраза, обезбедени пратеници, не сакам да ја користам, туку имам информации дека минимум 80 пратеници,...

Почнува финалната фаза од собраниската процедура за уставните измени

Собранието денеска напладне на 75 пленарна седница ќе ја почне расправата за утврдување на предлог-амандманите од Уставот со што треба да се заокружи процесот за спроведување на Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името. На седницата пратениците ќе го гласаат и Уставниот закон за спроведување на амандманите за измена на Уставот. Амандманите за измена на...

Преамбулата ќе се измени, Заев и Села се договориле за поддршка на уставните измени

По денешната средба во скопскиот хотел „Холидеј Ин“ со премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, лидерот на Алијанса за Албанците (АА), Зијадин Села порача дека со Заев постигнале договор пратениците од оваа партија да гласаат за измената на Уставот. Тој ече дека на инсистирање на Алијансата, во преамбулата на Уставот ќе се отстрани подвојувањето на граѓаните. - Средбата беше во...

Поднесени седум амандмани на уставните измени

До Собранието на Република Македонија пристигнале седум амандмани на предлог-амандманите на Уставот и тоа два од Алијанса на Албанците, еден од Беса, еден од пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири и три од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Амандмани не поднеле пратеничките групи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ниту од владејачките ДУИ и СДСМ. Зијадин Села и Сурија Рашиди од Алијанса...

Собраниска расправа за нацрт-амандманите на Уставот

На собраниската Комисија за уставни прашања денеска ќе започне дeбатата за уставните нацрт-амандмани за промена на Уставот, согласно Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција. Уставната комисија треба да ги разгледува четирите нацрт-амандмани и Извештајот на Владата од јавната дискусија за нацрт-амандманите. Како втора точка е ставен Предлог-уставен закон за спроведување на амандманите на Уставот на Република Македонија. Предлог амандамните ќе се...

Владата ги испрати финалните верзии на амандманите во Собранието

На вчерашната 108 седница Владата ги усвои финалните текстови на амандманите на Уставот и веднаш ги испратила до Собранието. Амандманот 33 гласи: „Во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36 од Уставот на Република Македонија“. Со амандманот 34 се вршат измени во Преамбулата –...

Поминаа 2/3 од патот за промени во Уставот

Владејачкото мнозинство до сега успеа да заврши две третини од фазите кои се потребни за да се постигне промената на Уставот со уставни амандмани согласно Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција. Од вкупно 15 чекори, преостанаа уште 5. Во целокупниот процес, на предлагачот на измените, во овој случај на Владата, во два наврати и е потребно двотретинско мнозинство....

Изгласани сите нацрт-амандмани за промена на Уставот, следува јавна расправа

Пратениците во Собранието по тридневна расправа ги усвоија четирите нацрт-амандмани за промена на Уставот согласно Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција. Утре според најавите, би требало да почне јавната расправа за четирите нацрт амандмани за која се предвидени пет дена, по што Владата ќе треба да ги формулира предлозите за амандманите и да ги врати на усвојување. На текстот на...

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...