fbpx
Таг: услуги

таг: услуги

Анкета: Властите не се консултираат со граѓаните за квалитетот на јавните услуги

За прекумерната бирократија (red tape) во јавната администрација, 48 отсто од граѓаните од Западен Балкан мислат дека во последните две години постојат иницијативи или напор од страна на нивните влади со цел да се поедностават административните процедури за граѓаните и бизнисите. Овој став го делат мнозинството граѓани во Косово (57 проценти), но само 28 проценти во Босна и Херцеговина,...

Балканска конференција на мали и средни претпријатија се одржува во Софија

Денеска во Софија се одржува втората Балканска конференција на малите и средни претпријатија (МСП), во хотелот „Хилтон“. Претставници на Бугарско-македонскиот бизнис клуб, како и нивни фирми-членки се официјални гости на овој настан. „Бугарско-македонскиот бизнис клуб нуди различни услуги на своите членови.БМБК го поддржува развојот на бизнисот на своите членови во сите сектори на економијата. Во одредени сектори, тие имаат значително искуство...

Во првиот квартал, БДП со пораст од 0,1 отсто

Домашниот бруто-производ во првиот квартал годинава забележал стапка на пораст од 0,1 процент, објави Државниот завод за статистика.  Во првото тримесечје од 2018 година, најголем пораст е забележан во секторите уметност, забава и рекреација од 12,1 отсто, трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со...

Тевдовски: Лани имаме рекордна искористеност на ИПА-средствата

Минатата година имаме рекордна сума искористени ИПА-средства, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски, кој се обрати на ставањето во употреба на надградениот и осовремен граничен премин Табановце, како дел од кампањата „ЕУ за тебе“. Тој рече дека искористеноста на европските фондови кои ни се на располагање, е неколкукратно повеќе, во споредба со претходните години. - Во 2017, за проекти од ИПА-фодовите се искористени...

Град Скопје ќе основа ново претпријатие за енергетика

На денешната седница, Советот на Град Скопје основа ново акционерско друштво кое ќе се занимава со енергетски дејности. „Со оваа одлука, Градот Скопје ја утврдува потребата од основање на акционерско друштво за вршење на овие дејности за подрачјето на Град Скопје за снабдување со природен гас и топлинска енергија, како дејности од јавен интерес од локално значење. Со цел брзо...

Анѓушев: Новиот закон за енергетика ќе штити од неконтролиран раст на цените на струјата

На денешната јавна расправа за предлог- законот за енергетика во Собранието, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев порача дека овој закон се носи за доброто на граѓаните и дека обезбедува конкурентност во енергетскиот сектор. „Овој Закон обезбедува конкурентност, а кога постои конкурентност има и бенефит за крајните корисници, бидејќи со зголемена конкуренција се подобрува квалитетот на услугите и се намалуваат цените“, рече...

„Македонија сообраќај“ нема лиценца, затоа не сообраќа на релација Скопје – Солун

Министерството за транспорт и врски информираше дека превозникот „Македонија сообраќај“ не сообраќа на релацијата Скопје - Солун, бидејќи нема лиценца. „На превозникот „Македонија сообраќај“, поради нередовно одржување на возната линија Скопје - Солун, пред повеќе од три години му е одземена дозволата за превоз на патници на линијата Скопје – Солун. По две жалбени постапки од страна на оваа компанија,...

Лукаревска: Владата нема да менува ништо во плаќањето ДДВ

Новата Влада нема направено никаква законска измена во поглед на данокот на додадена вредност (ДДВ) за физички лица, а во постапувањето на Управата за јавни приходи (УЈП) не постои промена по ова прашање, појасни денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска. - Не сите физички лица се обврзници за цели на ДДВ. Напротив, станува збор за многу мал број на лица....

Стапката на пораст на БДП во третото тримесечје изнесува само 0,2 проценти

Стапката на пораст на домашниот бруто-производ (БДП) за третото тримесечје од годината изнесува 0,2 проценти. Во овој период, најголем пораст е забележан во секторите трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање и друго. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2017 година номинално се...

Трошоците за авионски превоз и за болнички услуги најмногу се зголемиле во март

Трошоците на животот во март, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,5 отсто, а цените на мало за истиот период се зголемени за 1,4 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Зголемување на цените има кај свежото и разладеното овошје за 7,3 проценти, тутунот за 2,6 проценти, безалкохолните пијалаци за 0,8 отсто и друго. Во март, најголемо зголемување...

Костова: Македонија е претпоследна земја во Европа според резултатите во здравството

Македонија е претпоследна земја во Европа според резултатите во здравството, а економската ситуација ги турка граѓаните во депресија. Ова произлезе како заклучок од синоќешната дебата посветена на 7 април, Светскиот ден на здравјето, организирана од комисијата за здравство на СДСМ и од форумот на жени на општинската организација на СДСМ од Кисела Вода. Членката на комисијата за здравство на СДСМ, Елена Костова,...

Лицата со хендикеп имаат ограничен пристап до здравствените услуги

Лицата со посебни потреби во Македонија имаат ограничен пристап до здравствени услуги, иако во Македонија осигурениците имаат право на здравствено осигурување до навршување 26 години. Ова го покажуваат резултатите од проектот „Градење капацитети на организации за помош на лица со посебни потреби во Македонија“, кој е поддржан од ЕУ, а спроведуван од Фондацијата за одржлив економски развој „Преда плус“, во соработка со...

ЕБОР и НЛБ ќе ги поддржуваат жените претприемачи со 300.000 евра

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Нова љубљанска банка (НЛБ), потпишаa договор за поддршка на жените претприемачи во Македонија. ЕБОР ќе обезбеди три милиони евра кредит на НЛБ, за финансирање на мали и средни претпријатија, управувани од жени. Програмата е креирана за промовирање на претприемништвото кај жените, помагајќи им на малите и на средните претпријатија (МСП) управувани од жени,...

АЕК решавала 918 приговори за висина на сметки и квалитет на услуги

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) од јануари до декември изминатата година решавала 918 спорови, кои генерално се однесувале на висината на сметките и на квалитетот на услугите. Најмногу спорови, односно 20,2 проценти, се однесуваат за говор во мобилната телефонија, по што следат 18,1 процент за мобилен интернет, 6,4 процент за дигитална телевизија, 5,5 проценти за говор во роаминг, 5,3 проценти...

Одбележани 10 години од потпишувањето на договорот за слободна трговија ЦЕФТА

Во рамките на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) досега е постигната целосна либерализација во трговијата со земјоделски производи, се финализира процесот на преговори за олеснувања во трговијата, а во завршна фаза се преговорите за поширока либерализација на трговијата со услуги. Ова денеска го истакна министерот за економија, Дритон Кучи, на одбележување на десетгодишнината од ЦЕФТА. Основата на договорот е олеснување...

Македонските и украинските компании ќе имаат поголема можност за соработка

Сојузот на стопански комори (ССК) денеска организира Македонско-украински бизнис-форум, на кој ќе присуствува висока официјална и бизнис-делегација од Стопанската комора за трговија и за индустрија на Украина. Целта на форумот е подобрување на економската соработка меѓу двете земји, остварување директни контакти со компаниите од Украина за воспоставување конкретни деловни односи, како и за зголемување на продажбата на домашните производи и...

БДП се зголеми за 2,2 отсто во второто тримесечје

Стапката на пораст на домашниот бруто-производ (БДП) за второто тримесечје годинава изнесува 2,2 проценти, објави Државниот завод за статистика. Најголем пораст е забележан во секторите градежништво, од 31 процент, стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности, од 11,5 проценти, и финансиски дејности и дејности на осигурување од 4,9 проценти. Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за...

Стопанска комора ќе им ја олеснува работата на компаниите со подготовка на нова услуга

Стопанската комора на Македонија подготвува нова услуга која ќе им биде на располагање на компаниите, со цел олеснување на работењето при подготовка и апликација на документи при соработка со домашните и странските компании, но и при подготовка за извоз. Од Стопанска комора информираат дека услугата ќе биде во насока на ефикасно, ефективно и економично работење на компаниите. Како што информираат од Комората, оваа...

АЕК ќе избира оператор што ќе обезбеди интернет во руралните места

Околу 10.000 домаќинства од рурални и најмалку населени места првпат ќе добијат пристап до интернет во рамки на универзалната услуга од оператор што Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) планира да го избере на тендер до крајот на годинава. Директорот на АЕК, Сашо Димитријоски, појасни дека станува збор за домаќинства во населени еста за кои операторите немаа комерцијален интерес да инвестираат и да...

Два проценти пораст на БДП во првото тримесечје годинава

Стапката на пораст на домашниот бруто-производ (БДП) за првото тримесечје од 2016 година изнесува 2 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје од годинава, најголем пораст е забележан во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување од 13,3 проценти, стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности од 11,7 проценти и градежништво од 7,7 проценти. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...