fbpx
Таг: условен датум

таг: условен датум

Хан: Веднаш ги почнуваме подготовките за скрининг процесот за Македонија

Европската комисија веднаш ги почнува подготовките за скрининг процесот за Македонија и Албанија кои добија условен датум за почнување на преговорите во средината на идната година, вели еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за „Радио Слободна Европа“. Еврокомесарот Хан вели дека со одлуката на Советот за општи работи Комисијата има зелено светло да ги почне подготовките со цел да...

Бошњаковски: Добивме признание дека сме земја на позитивни промени и реформи

Одлуката на ЕУ Македонија да започне преговори за членство во јуни 2019 година, покажува дека Македонија е препознаена како земја на позитивни промени и динамични економски реформи, изјави денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски, коментирајќи ја вчерашната одлука на Советот за општи работи на ЕУ да даде условена препорака за преговори во јуни 2019. - Македонија е препознаена како...

Тимоние: Одлуката на ЕУ ги одразува напорите кои беа направени од Македонија

Се работи за еден урамнотежен текст кој ги одразува напорите кои беа направени од страна на оваа земја и напорите кои останува да се направат. Со еден збор да кажам „напред, одете само напред“. Ова го истакна францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, одговарајќи на новинарско прашање за негов коментар за вчерашната одлука на Советот на ЕУ да и даде условена препорака...

Захариева: Не беше лесно, но донесовме одлука добра за целиот регион

Прв пат по 2015 година Советот на ЕУ синоќа донесе одлуки за проширување, кои значат огромен чекор за европската перспектива на Македонија и Албанија, изјави бугарската вицепремиерка и министер за надворешни работи, Екатерина Захариева, по состанокот во Луксембург на кој беше решено Скопје и Тирана да добијат условен датум за почеток на преговори за членство во ЕУ во јуни...

Хан: Jасна задача, јасна перспектива и јасна награда

Еврокомесарот Јоханес Хан по Советот на министри на ЕУ на кој беше одреден условен датум за почеток на преговори со Македонија порача дека оваа одлука значи дека Европската Комисија од утре може да го започне процесот на скрининг. – Им честитам на граѓаните на идната Северна Македонија за денешните успеси, бидејќи сега е јасно дека ќе ги започнеме преговорите во...

Македонија доби условен датум за почеток на преговори со ЕУ во јуни 2019 година

Старт на преговори со Европската Унија во јуни 2019 доколку Македонија го одржи реформскиот напредок особено во делот на итните реформски приоритети, одлучи Советот на министри на ЕУ по долгата дебата за проширување, на која се разгледуваа препораките за преговори за Македонија и Албанија. Советот на министри очекува следната година Европската Комисија да издаде извештај во кој фокусот треба да...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...