fbpx
Таг: УСАИД

таг: УСАИД

Се отворија два нови пункта за откуп на шумски плодови

Два нови откупни пунктови за шумски плодови се отворија во Пилана и во Јанче. Проектот е соработка на УСАИД со Националниот парк „Маврово“ и со Општината Маврово-Ростуше. Директорката на надзорната програмска канцеларија во УСАИД Македонија, Џенифер Коноли, истакна дека е особено важно да се ангажираат локални собирачи што ќе работат со пунктовите. - Обучивме и помогнавме да се сертифицираат повеќе од 450 собирачи во Маврово...

Конференција за климатски промени ќе се одржува во Охрид

Од денеска до 10 јуни, во Охрид се одржува Конференција за климатските промени, во организација на „Милиеуконтакт Македонија“, а во рамки на проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени. Во работата на Конференцијата учествува и министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Нурхан Изаири. - Сливот на езерата, биодиверзитетот и целиот Дримски Басен се особено ранливи од...

УСАИД и ЕУКОМ го помогнаа реновирањето на ОУ „Братство и единство“ во Охрид

Денеска, со пригодна свеченост, беа ставени во употреба реновираните простории на ОУ „Братство и единство“, дел од проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, а со финансиска поддршка на Европската команда на американската војска. - Вашето училиште имплементира многу активности што интегрираат ученици од сите етнички заедници. Тие имаат можност заеднички да учат за демократско учество, да бидат дел од...

Проект на УСАИД за вработување на лица со попреченост

Со нова кампања за подигнување на јавната свест, во Струга продолжува проектот на УСАИД за практикантска работа и за вработување на лица со попреченост. Целта е да се зголеми социјалната инклузија и учеството на лицата со попреченост во целните региони, поддржувајќи го нивното вработување и зголемувајќи ги економските можности. Проектот ова го остварува со подобрување на нивните вештини за вработување, преку организација...

Промоција на успешноста со вработување лица со попреченост

Во соработка со Општина Велес во локалната библиотека „Гоце Делчев“, УСАИД  ќе го организира четвртиот регионален промотивен настан на кој ќе бидат претставени проектните активности и успешните приказни на лица со попреченост, кои се вработиле или добиле практикантски ангажман преку проект на оваа меѓународна организација. Проектот на УСАИД за практикантска работа и за вработување лица со попреченост има цел да...

Промоција на проектот „Е-пристапно образование во Република Македонија“

УСАИД Македонија и здружението „Отворете ги прозорците“ денеска ќе го промовираат проектот „Е-пристапно образование во Република Македонија“, кој има цел да го подобри квалитетот на образованието за учениците со попреченост преку промоција на користењето асистивна технологија во редовните училишта. На промоцијата, на која ќе присуствува и министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, преку практична презентација и видеопроекција ќе бидат...

Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Единственото мултикултурно основно училиште од охридскиот регион, „Братство“, е избрано да биде модел во проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Директорот Муамер Доко, на промоцијата на проектот, посочи дека „Братство“ е училиште-пример кој треба да се искористи за изградба на добра соработка и на добар соживот помеѓу заедниците со различни култури. Доко изрази благодарност до вработените во оваа...

УСАИД спроведе работилница за презентација на дигитални сликовници

Американската агенција за меѓународен развој - УСАИД, во соработка со Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, во основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид, спроведе работилница за презентација на дигитални сликовници. Преку работилницата, која е дел од проектот „Со читање до лидерство“, презентирани се околу дваесеттина дигитални сликовници, кои можат да се користат во наставата по повеќе предмети....

„Со читање до лидерство“ во Детскиот креативен центар

Денеска во Детскиот креативен центар при МКЦ – Скопје се организира заедничко читање сликовници. Проектот е на УСАИД и е наречен „Со читање до лидерство“ . Настанот е наменет за ученици на возраст до 10 години, како и за возрасните кои би сакале да го посетат центарот и да се забавуваат со активностите за поттикнување на јазична и на математичка...

Примена на асистивна технологија во редовното основно и средно образование

здружението „Отворете ги прозорците“.
Денеска во Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Примена на асистивната технологија во редовното основно и средно образование“, која е во организација на проектот на УСАИД за електронски пристапно образование. Проектот го спроведува здружението „Отворете ги прозорците“. На тркалезната маса се поканети и претставници на локалните образовни институции, на граѓански организации и родители на ученици со попреченост. Проектот на...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...