fbpx
Таг: уредник

таг: уредник

АВМУ: Затворските казни за новинари може да доведат до автоцензура

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува загриженост во врска со шестмесечната условна затворска казна за главниот и одговорен уредник на „Инфомакс“, Александар Митовски, поради оддавање службена тајна. „Изрекувањето затворски казни за новинари кои информираат за теми од висок јавен интерес може да доведе до појава на автоцензура, а со тоа и до нарушување на слободата на информирање, слободата...

Стеван Дојчиновиќ, основачот на КРИК вратен од ОАЕ – требало да учествува на конференција на ОН за корупцијата

Стеван Дојчиновиќ, уредник и основач на Мрежата за истражување на криминалот и корупцијата (КРИК) и регионален уредник на Известувачкиот проект за организиран криминал и корупција (OCCRP) синоќа и ноќеска бил задржан во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), под изговор дека е на „меѓународна црна листа“ и дека не може да влезе во земјата, но не му било соопштено ништо повеќе...

Истепан главниот и одговорен уредник на косовскиот портал „Инсајдери“

Главниот и одговорен уредник на косовскиот портал „Инсајдери“, Вехби Кајтази, бил нападнат денеска во центарот на Приштина. Тој добил тупаници в лице и по нападот побарал лекарска помош. Кајтази вели дека знае кој го нападнал и дека мотивот е тоа што го пишувал, но поради полициската истрага не смее да го открива идентитетот. - Знам кој ме нападна и овој случај...

Уапсен уредникот на интернет-изданието на весникот „Џумхуриет“

Турската полиција го привела главниот уредник на интернет-изданието на дневниот весник „Џумхуриет“, Огуз Ѓувен. Според „Џумхуриет“, Ѓувен е приведен поради непознати причини. Ѓувен на Твитер напиша „Приведен сум“. Турската државна новинска агенција „Анадолија“ јави дека Ѓувен е приведен во Истанбул поради информација за загинувањето во сообраќајна несреќа на главниот обвинител во округот Денизли. Тој и неговиот возач загинаа откако нивното...

Лидерска средба утре во 13 часот

Лидерска средба, на која треба да се направи пресек дали има услови за одржување избори и што од договорот од 20 јули е досега спроведено, би требало да се одржи утре во 13 часот, дознава „Мета“ од извори од СДСМ. - Начелно, договорено е средбата да се одржи утре во 13 часот – ни одговорија од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека...

Новинарка од „Сител“ отпуштена поради колумна за Јанкулоска

Новинарката Кристина Атовска, која работеше во утринската програма на телевизијата „Сител“, на 8 март била отпуштена од работа поради критичка колумна за поранешната министерка Гордана Јанкулоска. Колумната ја објавила на порталот „Позитив.мк“, a два дена по објавувањето била викната од уредникот, кој ѝ соопштил дека веќе нема да работи во телевизијата „Сител“. - Ме викна уредникот и директно ми кажа дека...

МТВ објави оглас за уредник на информативната програма

Македонската радио-телевизија денеска објави оглас за уредник на информативната програма на првиот програмски сервис. Како главни услови за ова работно место се посочуваат: високо образование, пет години работно искуство во новинарството, активно служење со еден светски јазик, самостојно работење со компјутерски програми потребни за извршување на задачите на тоа работно место и аудио-визуелни способности. Основната плата што ќе ја добива идниот уредник е...

Во Турција полицијата упаднала во редакција и го уапсила уредникот

Турската полиција упаднала во редакцијата на весникот „Нокта“ и го привела уредникот Мурат Чапан поради објавување фотографија која се подбива со претседателот Реџепт Таип Ердоган. Магазинот „Нокта“ на насловната страница објавил фотографија од турскиот претседател како позира за „селфи“, додека зад него војниците носат мртовечки ковчег покриен со националното знаме. Весникот на „Твитер“ кратко објави дека во редакцијата дошла антитерористичка единица...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...