!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

„Горе длабоко – Долу високо“, ликовна изложба на Масин во Белград


Охрид, 2 март, 2017 - 20:25 (META) 

Од денеска до 25 март, во павилјонот „Цвијета Зузориќ“ во Белград, ќе биде поставена заедничка изложба на Стојан Ѓуриќ и на охридскиот сликар Мирослав Масин, со наслов: „Горе длабоко – Долу високо“.

Мирослав Масин пред неколку години дел од својот циклус на дела „Горе длабоко – Долу високо“ претстави на реномираниот фестивал „Охридско лето“, како и на Научната и културна визита, организирана од МАНУ во Куќата на Уранија во Охрид.


Научна и уметничка визита – Охрид 2015


Охрид, 5 август, 2015 - 10:35 (META) 

Во Научниот центар „Куќата на Уранија“ во Охрид, продолжува реализацијата на програмата од годинешната Научна и уметничка визита во организација на МАНУ.

Претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски, вечерва од 20 часот, ќе ја промовира книгата „Преспа II“ од академик Вера Битракова-Грозданова.

В сабота, 8 август, од 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Кујната на Масин“ од познатиот Мирослав Масин.

На 15 август во истиот вечерен термин ќе биде промовиран научниот труд посветен на Курбиново од академик Цветан Грозданов, а промотор ќе биде академик Владо Камбовски.

МАНУ во соработка со „Охридско лето“ на 19 август од 20 часот ќе ја промовира четвртата книга „Собрани драми“ од Горан Стефановски. Промотор ќе биде академик Катица Ќулавкова.