fbpx
Таг: Уранија Пировска

таг: Уранија Пировска

Дебата: Штом се менуваат владејачките структури, и судиите се вртат како марионетки

Отсуствува темелност, дисциплина и постојаност во примена на решенијата и механизмите за реформи во правосудството. Врз одлуките на судиите влијаат нивните колеги, надредените, како и членовите на Судскиот совет, политичарите и бизнис елитите. Ова е заклучокот од настанот „Како до независно судство?“, којшто Институт за демократија денеска го организираше и на кој се дискутираше за работата на Судскиот совет и...

Синдикатите со одговор на поскапувањето на струјата – ако не се зголемат платите, во протести и штрајкови

Рекордното зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата во Северна Македонија за 7,42 отсто, предизвика реакции на граѓаните, но не и само од нив. Претседателството на највисоките тела на Сојузот на синдикати на Македонја, коешто се состои од 18 синдикати, ќе се состане во петок за да дискутира и да заземе став за мерките што ќе им ги...

Потребна им е промоција на центрите за упатување на жртви на сексуално насилство

Како резултат на ратификацијата на Истанбулската конвенција, во земјава се отворени три центри за упатување жртви на сексуално насилство во Скопје, Тетово и Куманово. Од Хелсиншкиот комитет за човекови права и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство сметаат дека е потребно да се зголеми информираноста на граѓаните за овие центри, а за таа цел денеска во...

Хелсиншки: Има напредок кај условите во затворите, но треба да се работи уште повеќе

Постои напредок во состојбата во која се наоѓаат казнено - поправните установи во земјава, но во наредниот период ќе треба да се издвојат повеќе средства во нив и да се пронајдат систематски решенија. Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска го презентираше Извештајот за состојбите и условите во казнено - поправните установи во Македонија. Извршната директорка, Уранија Пировска, оцени дека е...

Законите донесени, се чека спроведувањето – презентиран извештај за Поглавјето 23

Во изминатиот период беа донесени клучните реформски закони во областа на правосудството и човековите права, но останува да се видат резултатите од практичното спроведување на тие закони, што ќе бидат важни во пристапните преговори за членство во ЕУ во Поглавјето 23. Ова беше истакнато на денешниот дијалог за политика „Реформите во Поглавјето 23“ организиран во рамки на проектот „Мрежа 23...

Хелсиншкиот комитет бара од медиумите и од СОС да ги повлечат статиите и да се извинат

ВМРО-ДПМНЕ врши директен атак врз кредибилитетот и врз угледот на Хелсиншкиот комитет и на бранителите на човекови права, реагира Хелсиншкиот комитет за човекови права во својот демант на тврдењата изнесени на прес-конференцијата во саботата од Цветин Чилиманов, Ненад Мирчевски и од Никола Србов. Комитетот побара од медиумите што објавиле статија под наслов „Организациите на Сорос со години наназад добивале милионски суми...

„ЦИВИЛ“: Да престане политичкиот прогон на активистите за човекови права

ЦИВИЛ Центар за слобода „ЦИВИЛ“ денеска ги осуди сите постапки со кои се газат слободата на изразување и правото на протест и изрази солидарност со сите активисти за човекови права кои се под репресија на власта. Од организацијата побараа политички монтираните процеси, притисоците и заканите во кои се инволвирани институциите мора да престанат еднаш за секогаш! „Со години наназад, „ЦИВИЛ“...

По Пировска, и Најчевска повикана во полиција да даде изјава

Професорката Мирјана Најчевска денеска за „Мета“ потврди дека добила покана утре да се појави на полициската станица „Беко“ да даде изјава. - Не знам за што ме товарат. Не сум направила ништо што е надвор од тоа што претставува мирно протестирање. Најверојатно власта очекува демонстрациите да станат насилни. По еден месец протестирање демонстрациите се уште се одвиваат мирно – вели...

„Протестирам“: Нема да не заплашат заканите и притисоците!

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска на својата страница на „Фејсбук“ порача дека власта нема да ги заплаши со повиците за информативни разговори и ги повика граѓаните масовно да излезат на улиците. „Од оваа борба нема откажување! Нема да не заплашат заканите и притисоците! Нема да не заплашат повици за информативни разговори! Дознавме дека за утре е повикана Уранија Пировска.#Протестирам е прво...

Пировска повикана на распит во полиција поради учество на протест

Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска за „Мета“ потврди дека добила покана од Министерството за внатрешни работи утре во девет часот наутро да се појави на информативен разговор. - Повикана сум затоа што за време на протестите фрлав боја. Не планирам да престанам да фрлам боја. Сметам дека тоа е легитимно право да протестирам. Власта смета...

Хелсиншки комитет го повлекува својот член од Комисијата за помилување?

Претседателот Ѓорге Иванов одлуката за аболиција на 56 лица ја донесе еднострано, без консултација со специјализираната Комисија за помилување што работи како помошно тело на претседателот. Ова го тврди извршната директорка на Хелсиншки комитет за човекови права, Уранија Пировска, која синоќа во емисијата „Ноќен експрес“ на „Канал 77“, најави дека ќе го повлечат својот член. - Одлуката претседателот ја донесе без...

Протест пред Уставен суд: Судиите послушници на власта да си дадат оставки

Стотина граѓани денеска повторно протестираа пред Уставниот суд и бараа оставка од судиите кои одлучија да ја разгледуваат иницијативата за уставност на законот со кој се предвидува лица гонети или осудувани за изборен криминал да не можат да бидат помилувани. Граѓаните извикуваа „Оставка“, „Збогум криминална бандо“, „Но пасаран“, и „И да го одбраниме Уставот од уставните судии“. Уранија Пировска од Хелсиншкиот...

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...