fbpx
Таг: ураган

таг: ураган

Ураганот „Харви“ усмрти две и повреди 14 лица

Најмалку две лица загина, а 14 се повредени во ударот на ураганот „Харви“ во Тексас. Едно лице загинало во пожар во округот Арансас, додека другото настрадало во поплавите во близина на Хјустон. J Се стравува дека бројот на жртвите ќе се зголеми во подрачјето меѓу градовите Корпус Крајсти и Хјустон. Властите немаат информации за штетите бидејќи лошите временски услови ги...

Ураганот „Харви“ го погоди Тексас

Ураганот „Харви“ ја погоди сојузната американска држава Тексас, но според последните информации изгубил на сила. Властите сепак предупредуваат на „поплави од катастрофални размери“. Десетина илјади лица ги напуштиле домовите. Од крајбрежниот град Рокпорт стигаат првите извештаи за штети, но засега нема информации за повредени или за жртви. Невремето донело поројни дождови и ветер со сила и до 215 километри на...

Бан Ки-мун во посета на Хаити, апелира на итна помош

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, е во посета на Хаити и на областа што беше погодена од налетот на ураганот Метју. Тој апелираше на итна помош, која му е неопходна на народот што живее на погоденото подрачје. Генералниот секретар на ОН за време на посетата ќе се сретне со претставници на државните и на локалните власти, претставници на загрозените заедници и...

Бројот на загинати на Хаити во налет на ураганот Метју се зголеми на 842 лица

Бројот на загинатите на Хаити во налетот на ураганот Метју се зголеми на 842 лица, додека десетина илјади луѓе останале без своите домови. Вкупниот број на жртви на Хаити, на Јамајка, на Бахами и во Доминиканска Република достигна 936 лица. - Бројот на жртви секојдневно се зголемува, а уште поголема е бројката на повредени додека 61.500 лица се наоѓаат во засолништата...

Сè поголем бројот на жртви на ураганот Метју

Бројот на загинатите на Хаити во налетот на ураганот Метју се зголеми на 478 лица, откако пристигнаа податоци за жртви во оддалечените подрачја на Хаити, кои претходно беа отсечени од престолнината Порт о Пренс, соопштија локалните власти. Бројот на жртвите секојдневно се зголемува, уште голем број луѓе се повредени, а околу 61.500 лица се наоѓаат во засолништа, соопшти централната агенција...

Ураганот Метју усмрти повеќе од 339 лица

Бројот на жртвите на ураганот Метју во моментов изнесува 339 лица, но можно е да се зголеми бидејќи постојано пристигаат извештаи за вонредни состојби, поради што не може да се даде точен број, велат извори од американската цивилна заштита. Светските агенции јавуваат дека помалите места и села со денови се отсечени од светот и дури сега стигаат извештаи за тамошната...

Најмалку 108 лица загинаа на Хаити во налет на ураганот Метју

Ураганот Метју усмрти најмалку 108 лица на Хаити, соопштија локалните власти, додавајќи дека ураганот од Бахами се движи кон Флорида. Повеќето од настраданите на Хаити загинале при паѓање на дрва, покриви или во надојдените реки. Во Доминиканска Република ураганот усмртил четири лица и оштетил 200 куќи, а властите евакуирале 800 лица. Ураганот, кој се смета за најсилен во последните 10 години, утринава ги погоди...

Ураган ја погоди Флорида, илјадници домаќинства без струја

Рано утринава, по локално време, ураганот Хермин го погоди брегот на Флорида, предизвикувајќи прекин на снабдувањето со електрична енергија, јавуваат американските медиуми, наведувајќи дека 270.000 домаќинства се во мрак. Ураганот Хермин на копното донел ветрови со брзина од 130 километри на час и силен дожд. https://twitter.com/EricBurrisWESH/status/771596128995332097 Националниот урагански центар предупредува дека во некои места се очекува нивото на водата во поплавените делови да...

Ураганот Патриција стигна до Мексико со ослабен интензитет

Ураганот Патриција синоќа го погодил југозападниот дел на крајбрежјето на Мексико и со себе донел силни дождови, високи бранови и циклонски ветрови, но не направил голема штета, каква може да се очекува од невреме со таква силина. Ураганот утринава изгубил од својата силина така што максималната брзина на ветерот изнесувала 155 километри на час. Медиумите јавуваат за поплави и за лизгање на земјиште, како...

Ураганот Патриција пристигна во Мексико

Ураганот Патриција синоќа се приближи до атлантскиот брег на Мексико и прерасна во екстремно опасна бура од категорија пет, соопшти Националниот центар за урагани на САД. Бурата, движејќи се во правец север - северозапад, со брзина од околу 160 километри на час, во текот на ноќта прерасна во ураган, а ветерот се движеше со брзина од околу 260 километри на час. Бурата...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...