fbpx
Таг: ураган

таг: ураган

Ураганот Иан се приближува кон Флорида, направи пустош низ Куба и целиот остров остана без струја

Кубанските власти работат на обновување на струјата во земјата со 11 милиони жители откако ураганот Иан го зафати западниот регион со силни ветришта и опасно невреме, што предизвика затемнување на целиот остров, пренесе Си-ен-ен. Целата Куба остана без струја откако Иан со налети на ветар до 250 километри на час предизвика огромни штети и поплави. TROPICAL UPDATE: @NOAA's #GOES16🛰️ is monitoring...

Ураганот Офелија се движи кон Европа, издадено црвено предупредување

Ураганот Офелија преку Атлантскиот Oкеан се движи кон Европа, а прва на удар би можела да биде Ирска на почетокот на следната недела, соопштија метеоролозите. Ветрови со јачина од 130 километри на час би можеле да ја погодат Ирска поради што е издадено црвено предупредување, соопшти Националната метеоролошка служба. Силни и потенцијално разорни ветрови може да предизвикаат поплави, зголемено ниво на...

Бурата Нејт прерасна во ураган

Тропската бура Нејт, движејќи се на северот на Мексиканскиот Залив, денеска прерасна во ураган, соопшти Американскиот национален центар за урагани. Ураганот во моментов се наоѓа меѓу источниот мексикански брег и Куба и се движи кон јужното крајбрежје на САД. Се предвидува дека на ударот на Нејт може да се најде градот Њу Орлеанс, реонот на езерото Пончартрејн и подрачјето на...

Ураганот Марија стигна до Порторико

Ураганот Марија стигна до Порторико каде што бурата има јачина од четврта категорија со ветер со брзина од 230 километри на час, соопшти американскиот Национален центар за урагани. Претходно ураганот со разорна сила го погоди малиот карипски остров Доминика. Гувернерот на Порторико, Рикардо Росело, претходно предупреди дека бурата Марија би можела да го погоди островот со сила каква што не е...

Ирма падна на ниво на бура, но ветерот е со јачина на ураган

Ирма ослаби на ново на тропска бура, но и понатаму предизвикува ветер кој речиси има сила на ураган, соопшти денеска американскиот Национален центар за урагани. Ирма која беше означена како најсилен ураган над Атлантскиот Океан, во осум часот изутрината по локално време забележана е на околу 170 километри северозападно од Тампа во сојузната држава Флорида, со најсилни удари од ветер...

Евакуирани македонските државјани од Сен Мартин

Македонското министерство за надворешни работи соопшти дека македонската државјанка од францускиот дел на островот Сент Мартин е евакуирана, исто како и семејството од Штип, кое е во холандскиот дел на истиот остров. „Амбасадата во Вашингтон е во континуирана комуникација со надлежните служби во САД. Досега нема информации за повредени или загинати македонски државјани. Апелираме на будност и на следење на...

Ирма дивее на Флорида

Ураганот Ирма, откако ги опустоши Карибите и ја поплави Хавана, предизвикувајќи хаос во остатокот од Куба, удри и по Флорида, кршејќи дрвја и оставајќи повеќе од милион луѓе без струја. Со ветришта кои дуваа до 210 километри на час, ураганот кој достигна до тропска бура од четврта категорија, предизвика и лизгање на земјиште на Флорида. Повеќе од 8 милиони луѓе во...

Ураганот Ирма на Флорида донесе паника и однесе една жртва

Ураганот Ирма стигна до Флорида, носејќи силни ветришта и обилни врнежи дожд. Центарот на ураганот ги погоди островите јужно од Флорида, а метеоролозите предупредуваат дека „најстрашното допрва следи“. Седум милиони луѓе беа посоветувани да се евакуираат. Ирма повторно е ураган од категорија 4, а први се погодени островите на крајниот југ на Флорида, соопшти американскиот Национален центар за урагани. Во...

Ирма удри и на Флорида, бројот на загинати достигна 25 лица

Ураганот Ирма се засили до бура од четврта категорија во својот пат кон Флорида, а бројот на загинати се зголеми на 25 лица. Во американската сојузна држава сега стотици илјади луѓе се без струја, што е исто како ситуацијата на Карибите во Централна Америка, откако ураганот удри таму пред 4-5 денови. Главното јадро на Ирма утрово по македонско време беше на...

Ирма сее паника во Флорида додека продолжува да дивее на Куба

Периферијата на ураганот Ирма, со силни ветришта и многу дожд „удри“ врз најјужниот дел на Флорида и го продолжи својот поход по јужната држава на САД како ураган од трета категорија. Со ветришта од 200 километри на час, Ирма продолжува да дивее и на Куба, а вистинскиот удар на ураганот врз јужна и централна Флорида, третата по бројноста на население...

Мексико погодено од ураганот Катја еден ден по земјотресот што уби 61 човек

Еден ден откако доживеа разорен земјотрес од 8,2 степени по Рихтеровата скала, Мексико вчеравечер беше погодено од уште една природна катастрофа, ураганот Катја. Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието прогласи тридневна жалост поради катастрофалниот земјотрес, кој ја погоди земјата вчера ноќта и во кој загинаа 61 човек. Претседателот изјави дека земјотресот бил со интензитет од 8,2 степени според Рихтеровата скала и...

Конгресот одобри 15 милијарди долари за штетите од ураганот Харви

Претставничкиот дом на САД, а потоа и горниот дом - Сенатот, вчера усвоија закон за доделување 15 милијарди долари за помош на настраданите и за обновување на оштетените објекти од ураганот Харви. Пратениците го усвоија законот со 316 гласа „за“ и 90 „против“.

Ураганот Ирма ја погоди Куба и оди кон Флорида

Ураганот Ирма денеска, откако зајакна до бура од петти степен, сe насочи кон Флорида, оставајќи зад себе уништување и многу загинати луѓе на Карибите. Ирма претходно ја погоди Куба, а во подрачјето на Карибите и на Флорида предизвика можеби најголема евакуација во историјата на тој предел. Бројката на жртви на Ирма се искачи до 21 лице, откако ураганот го погоди крајбрежјето...

МНР: Нема пријавени македонски државјани погодени од ураганот Ирма

Министерството за надворешни работи (МНР) претпладнево соопшти дека до амбасадата на Република Македонија во Вашингтон не се обратиле за помош македонски државјани погодени од ураганот Ирма, кој ги зафати Карибите и брегот на САД. Од министерството велат дека од социјалните служби дознале за еден македонски државјанин на островот Сент Мартин. „Воедно, во комуникација сме и со Канцеларијата на странски мисии во...

На Бахамите најголема евакуација во историјата, Ирма ќе го погоди и Мајами

Ирма, најсилниот ураган во историјата на мерење на силата на овие временски непогоди, воопшто не ослабнува и го продолжува својот разорен поход на Карибите. Се приближува на Куба, а сосема сигурно на неговиот удар ќе се најде и Флорида и нејзиниот најголем град Мајами. По Ирма, пристигнува и ураганот Хозе, кој достигна трета категорија, а буквално ја следи Ирма, односно...

Ирма убиваше на Карибите, се заканува на Куба и на Флорида

Ураганот Ирма уби најмалку 12 луѓе на Карибите и нанесе катастрофални штети на објекти, пловила и на возила. Некои делови на Карибите се толку уништени што во нив нема никакви услови за живот. Но, ураганот нема да запре таму, туку го продолжува својот пат кон Куба, а се очекува да ја погоди и американската сојузна држава Флорида. На островот Сент...

Седум лица загинаа во налетот на ураганот Ирма, уште два урагани се движат кон САД

Најмалку седум лица загинаа на Кариби во налетот на ураганот Ирма, чија брзина достигна и до 360 километри на час. Најголема штета предизвика на францускиот остров Свети Вартоломеј и на француско-холандскиот остров Свети Мартин, каде разорната моќ на ураганот се зголемила. Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба на Девствените Острови, во Порторико и на Флорида, а во тек е...

Трамп од Конгресот побара 7,9 милијарди долари за обнова на Тексас

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека има уште многу работа да се направи за да се обнови Тексас по ураганот Харви и од Конгресот побара 7,9 милијарди долари за обновата. Гувернерот на јужната американска држава, Грег Абот, оцени дека за тоа ќе бидат потребни години. Тој соопшти дека и државните и сојузните власти помагаат во намалување на штетите. „Тексас се обновува...

МНР: Нема македонски државјани погодени од ураганот „Харви“ во Тексас

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, македонската амбасада во САД до овој момент нема сознанија за македонски државјани зафатени од катастрофалните поплави во Хјустон и околината, причинети од ураганот „Харви", соопшти денеска Министерството за надворешни работи. Од таму додаваат дека македонската амбасада во САД е во контакт со официјалните служби, одговорни за справување со природната катастрофа, за какви било нови...

Бурата „Харви“ го остави Тексас под вода, крајбрежјето опустошено

Тропската бура „Харви“ го опустоши крајбрежниот дел на Тексас и до сега усмрти најмалку три лица, евакуирани се најмалку 2.000 луѓе, а повеќе стотици се без струја. На помош пристигна и американската Национална гарда. -Состојбата е тешка, а ќе биде уште полошо – предупреди гувернерот на Тексас, Грег Абот. За спасување на жителите од поплавените куќи ангажиранi се 40 чамци, а...

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...