!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Царовска: Зголемувањето на платата во градинките ќе биде до 2.040 денари


Скопје, 12 октомври, 2017 - 11:59 (META) 

Eфектот од зголемувањето на минималната плата и зголемувањето од 2 процента кај вработените во градинките ќе биде до 2.040 денари во зависност од нивното работно место, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

– Основната бруто-плата пред зголемувањето од 2 процента за септември за одредено работно место би изнесувало 15.090 денари, со зголемувањето од 2 отсто на бруто-платата добиваме сума од 15.392 денари, а со зголемувањето на минималната плата за истата бруто-плата добиваме 17.130 денари. Тоа значи дека зависно од одредено работно, место ефектот од зголемувањето од 2 процента и зголемувањето на минималната плата за вработените во градикните ќе изнесува до 2.040 денари – рече на денешната прес-конференција министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Овие средства на вработените во градинките им се исплатени со септемвриската плата, која се исплаќа во октомври.

Царовска додаде дека минималната плата во иднина ќе мора да се исплаќа бидејќи тоа е регулирано преку Управата за јавни приходи, каде нема да можат да поминат плати пониски од законски предвидената минимална плата од 12.000 денари.