fbpx
Таг: уписи

таг: уписи

Ќе ги помести ли штрајкот уписите во средно?

Со оглед на тоа дека веќе втора недела се штрајкува во просветата, неизвесно е дали ќе биде продолжена учебната година, нешто што може да влијае на уписот во средно образование. Бидејќи има прецизни датуми и конкретни рокови, некои директори на училишта стравуваат дека штрајкот може да го помести планот за запишување нови ученици. Андреј Манолев, директорот на гимназијата „Никола...

На 14 јуни започнуваат уписите во средните училишта за следната учебна 2021/2022 година

Уписите во средно образование ќе се реализираат преку три пријавувања во текот на следниот месец, почнувајќи од 14 јуни, информираат од Министерство за образование. Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, поточно на 23 август, за што доставуваат доказна...

Поради отсуството на дигитални услуги во Скопје, родителите талкаат по шалтерите за упис на новороденчињата

Во отсуство на услугата „Добредојде новороденче“, со која се предвидува во рок од 48 часа, Клиниката за гинекологија да изврши упис на новороденчето и да му обезбеди извод на родени од службите за водење на матичните книги, граѓаните сè уште треба сами да направат упис на новороденчињата. Исто така, на граѓаните им се потребни серија документи за да ги уживаат...

В понеделник и вторник упис на УКИМ – слободни се 10.798 места

В понеделник и вторник (31 август и 1 септември) ќе се врши пријавувањето за упис во прва година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Прелиминарната ранг-листа со резултати од успехот од средно образование ќе биде објавена на 3 септември, додека пак, конечната ранг-листа на 7 септември. Запишувањето на кандидатите е закажано за 10 и 11 септември. Слободни се...

Ученици и родители побараа нова паралелка наместо приемен испит во средното медицинско училиште

Група родителите и ученици утрово протестираа пред средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје каде требаше да се одржат квалификацистите испити за прием во прва година средно образование. Нивната реакција доаѓа по објавата дека нема да има приемен испит во скопската гимназија „Орце Николов“ туку со одобрување на Министерството за образование и наука, ќе се отвори нова билингвална паралелка. Тие...

Доцна и нецелосна најава на тестирањата за упис во средно, реагира Младинскиот образовен форум

По вчерашната најава дека во средните училишта во кои ќе има повеќе заинтересирани ученици од слободни места во прва година ќе биде спроведено квалификационо тестирање, Младинскиот образовен форум изрази загриженост околу целиот процес на тестирањето. За нив проблематично е тоа што за точниот термин учениците беа известени нецели четрити дена пред тестирањето за два теста, по математика и мајчин јазик,...

На 22 јуни ќе има тестирање за упис во средните училишта каде се пријавени поголем број ученици

Поради пандемијата со ковид-19, оваа учебна година заврши надвор од училишните клупи, а уписите во средните училишта се одвиваат под „корона услови“. Владата усвои протокол со кој се уредува начинот на кој што одвиваат уписите. Оваа учебна година најголем е интересот за средното медицинско училиште и гимназиите. Од стручните училишта, интересот е голем и за насоката телекомуникации при средното училиште...

Со посебни протоколи за заштита во Охрид од денеска започнаа уписите на првачињата

Од денеска па сè до 30-ти јуни во Охрид ќе се запишуваат околу 600 ученици во прво одделение за учебната 2020/2021 година. Според посебниот протокол за заштита од Ковид-19, уписите се спроведуваат во термин утврден од Комисија за запишување ученици, формирана од директорот на училиштето. Поголемите основни училишта во текот на овој месец ќе бидат зафатени со уписот на првачињата...

Донесени протоколите за запишување во градинките и во сите образовни институции

Владата на вчерашната седница ги донесе протоколите за запишување за приемните и другите испити во прво одделение во основните училишта, во средните училишта, во Математичко-информатичката гимназија и на високообразованите институции. Усвоен е и протоколот за градинките, а медиумите добија поддршка од Фондот за справување со кризата предизвикана од Ковид-19. На оваа седница, на предлог на Министерството за труд и социјална...

Адеми: Испитната сесија ќе се одвива електронски како што е донесено и со уредбата пред еден месец

На денешната прес-конференција, министерот за образование Арбер Адеми соопшти дека поради укинувањето на државната матура, на факултетите ќе имаат можност да се запишат и средношколците што ќе добијат диплома за завршено средно образование. Тој не ја исклучи можноста за квалификационен т.е. приемен испит, што е пракса за одредени факултети, доколку се пријават поголем број на средношколци со ист просек. Во...

По два месеци, невакцинирано штипјанче конечно ќе тргне на училиште

Семејството Мијалкови од Штип покрена неколку правни постапки против државата и институциите, поради тоа што нивното аутистично дете не било примено во прво одделение. Малиот Никола Мијалков, кое е невакцинирано дете, веќе два месеци не оди на училиште поради недоставување на медицинска потврда. При тоа, родителите тврдат дека немаат ниту еден писмен одговор зошто нивното дете е надвор од...

Антиваксерите од Балканот се повикуваат на поддршката од Руската Православна Црква

Пропагандата против вакцинирањето наменета за корисници  на интернет од Балканот меѓу другото функционира и преку злоупотреба на религиозните чувства, пишува „КриТинк“ во анализата „Наоѓаат ли антиваксерите поткрепа во некои прокламации на Руската прaвославна црква?“. Патријархална комисија за семејството, која е директно одговорна пред пред г.г. Кирил, поглаварот на Руската православна црква (РПЦ) во април 2019 г. објавила посебен проглас под...

Барбареев: Зошто приватните универзитети можат да запишуваат студенти без државна матура, а државните не?

На штипскиот универзитет„Гоце Делчев“ од Штип на првиот уписен рок, кој завршува денеска се запишани 1.200 од планираните 4.000 студенти. Oвој универзитет успеал да запише помалку студенти за околу 20 отсто во однос на ланскиот прв уписен рок. Проректорот Кирил Барбареев оцени дека оваа бројка е последица не само на помалиот број на завршени средношколци, туку и на строгата законска...

Почнува уписот на УКИМ, слободни 10.710 места

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е првиот рок за упис во прва година додипломски студии во учебната  2019/2020 година. Според Конкурсот на УКИМ, слободни се вкупно 10 710 места. Од нив, во квотата за редовни студенти има 5.402 места, во квотата за редовни со кофинансирање на студиите 4.273 и за вонредни студенти слободни се 1.035 места. Како...

Хелсиншки: Oправдано е условувањето со потврда за примени вакцини за упис во прво одделение

Од уставните одредби, јасно и недвосмислено произлегува дека во случај на одбивање на вакцинацијата од страна на родителите, истите не само што го загрозуваат здравјето на сопствените деца, туку и здравјето на другите лица кои поради медицински контраиндикации не се вакцинирани и на тој начин им го ускратуваат правото на здрав живот. Ова е ставот на Хелсиншкиот комитет за...

Без вакцини нема во школо, одлучи владата

На денешната 135 седница, Владата одлучи во сите училишта да можат да се запишат единствено деца кои се вакцинирани и за тоа имаат соодветен документ/потврда. - Во сите училишта да се примаат пријавите за упис и на оние деца кои не се вакцинирани, но да не се врши упис на истите се додека не биде приложен соодветен документ/потврда за вакцинација...

Филипче против, а Адеми е за да се примаат невакцинирани првачиња

Не отстапувам од ставот сите деца да бидат вакцинирани, и оние кои одат во градинка и оние кои се примаат, односно оние кои запишуваат во прво одделение во основните училишта, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Ова следи по изјавата на неговиот колега од ресорот образование Арбер Адеми, кој вчера изјави дека и невакцинираните деца треба да се запишат...

И невакцинираните првачиња ќе одат на училиште?

Министерот за образование и наука Арбер Адеми смета дека една од опциите за изнаоѓање решение е невакцинираните деца да се запишат во училиште, а дури потоа да се вакцинираат. „Мета“ дознава дека тој и министерот за здравство Венко Филипче денеска на седница на Владата конечно ќе одлучат што ќе се прави со децата чии родители не ги вакцинираат, а мораат...

Есејот по македонски јазик за државната матура за прв пат ќе биде на слободна тема

Учениците во четврта година периодов се подготвуваат за полагање на државната матура. Државниот испитен центар (ДИЦ) веќе објави на кои датуми ќе се одржат тестирањата. Првиот тест по странски јазик ќе се полага на 1 јуни, а мајчин јазик ќе се полага на 8 јуни. Новина годинава е тоа што по предметот мајчин јазик, учениците ќе пишуваат есеј на слободна...

Нема упис во прво одделение без примени задолжителни вакцини

За упис на прваче во основно училиште, задолжително треба да се достави потврда за примени задолжителни вакцини на детето. Здравствените власти ќе инсистираат да се почитува законот, кој налага покрај другите документи, оваа потврда да се достави задолжително. Од друга страна, основното образование е задолжително, па она што останува нејасно е - што со оние деца чии родители нема да...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...