fbpx
Таг: упис

таг: упис

Од МОН ветуваат дека свидетелствата годинава нема да доцнат како лани

Учениците од основните и средните училишта на време ќе ги добијат свидетелствата за учебната 2022/2023 година, односно, ќе ги добијат следниот месец, ветуваат надлежните во Министерството за образование и наука (МОН). Оттаму појаснуваат дека нивните колеги во Бирото за развој на образованието (БРО), под чија надлежност е спроведувањето на постапката за набавка на педагошка документација за училиштата (вклучително и...

Дезинформација е дека Македонците се избришани од графата за национална припадност за упис на факултет

За националните малцинства постојат одредени квоти на факултетите во земјава, со цел да се обезбедат еднакви можности за образование на националните заедници, кои се малцинство. Во конкурсите кои ги распишува Министерството за образование и наука, еден од условите за идните бруцоши, заедно со останатата документација е доставувањето и на изјава за припадноста на националната заедница која е малцинска група,...

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ слободни 10.678 места за упис на факултетите

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го објави Конкурсот за упис на факултетите во учебната 2021/2022 година. На факултетите на УКИМ во Скопје, во прва година на прв циклус студии, во учебната 2021/2022 година може да се запишат 10.678 студенти. Првиот рок за пријавување на кандидатите кои се рангираат само според успехот во средното образование е 31 август и 1 септември 2021,...

Со амин на Адеми, сите одлични основци ќе бидат примени во „Орце Николов“ без тестирање

Сите ученици со сите петки, кои се пријавиле за упис во скопската гимназија „Орце Николов“, нема да полагаат квалификациони тестови и ќе бидат примени во постоечките паралелки. Ова е последната одлука на надлежните во Министерството за образование и наука (МОН), по денешната средба со родителите на ученици кои поднеле документи за упис во ова училиште. Во МОН соопштија дека најверојатно...

Во „Орце Николов“ за 285 места се пријавиле 400 одлични основци – квалификационо тестирање в петок

Основците кои се пријавиле за да учат во гимназијата „Орце Николов“ ќе полагаат квалификационен тест в петок. Оваа одлука била донесена откако за 285 слободни места, се пријавиле дури 400 ученици од кои со сите петки се 330, а останатите имаат по една или две четворки. Ова е прв случај после многу години квалификационо тестирање да се полага во гимназија....

МОН ги проширува квотите за упис во „Орце Николов“ и во „Раде Јовчевски-Корчагин“

Министерството за образование и наука соопшти дека се проширува квотата за запишување ученици во прва година во скопските гимназии „Орце Николов“ и „Раде Јовчевски-Корчагин“. Во гимназијата „Орце Николов“ МОН ја проширува квотата за една паралелка и дозволува упис на сите ученици кои постигнале најмалку успех од 74,68 поени, а аплицирале во првиот уписен рок, на првото пријавување. Во гимназијата „Раде Јовчевски...

Студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе може да се запишуваат преку мобилен телефон

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) од Штип ќе запишува нова генерација на студенти преку новата електронска платформа која денеска беше претставена на јавноста. Средношколците кои сакаат да се запишат на некој од факултетите преку платформата ќе може да ги внесат своите лични податоци, по што ќе одговараат на прашањата кои се однесуваат на државната матура. Целата процедура со плаќањето исто така е електронска. Сепак,...

МОН објави конкурс за упис на државните универзитети

Министерството за образование и наука објави конкурс за упис во јавните високообразовни установи за академската 2016/2017 година. На петте државни универзитети има 24.356 слободни места, од кои 13.536 места се наменети за редовни студенти во државната квота, 7.327 места за редовни студенти што ќе ги кофинансираат студиите и 3.493 слободни места за вонредни студенти. - Датумите за уписните рокови ги одредуваат...

Матурантите ќе се запишат на факултет за знаење

Најголем дел од идните студенти ќе се запишат на факултет за да стекнат повеќе знаење во областа што ги интересира, покажува анкетата на порталот „Факултети“ направена меѓу 446 матуранти. Според резултатите, 27 проценти од анкетираните матуранти како втора причина за запишување на факултет ја одбрале дипломата бидејќи сметаат дека полесно ќе им донесе вработување, а 18 проценти од нив го прават...

Упис на првачињата во 2015/16 година

Во тек е уписот на првачиња за учебната 2015/2016 година во сите основни училишта во Република Македонија. Запишувањето на првачињата во прво одделение важи за сите деца што до крајот на календарската година ќе наполнат шест години, односно сите деца кои се родени во 2009 година. Детето може да се запише во прво одделение и доколку наполни шест години до 31 јануари...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...