fbpx
Таг: уништување

таг: уништување

Трамп се закани дека САД би можеле целосно да ја уништат Северна Кореја

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во своето прво обраќање пред Генералното собрание на Обединети нации во седиштето на организацијата во Њујорк, изјави дека доколку Америка биде во ситуација да мора да се брани себеси или нејзините сојузници, би немала друг избор освен целосно да ја уништи Северна Кореја. Тој ја нападна земјата и нејзиниот лидер Ким Јонг-ун, велејќи дека Северна...

Мексико погодено од ураганот Катја еден ден по земјотресот што уби 61 човек

Еден ден откако доживеа разорен земјотрес од 8,2 степени по Рихтеровата скала, Мексико вчеравечер беше погодено од уште една природна катастрофа, ураганот Катја. Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието прогласи тридневна жалост поради катастрофалниот земјотрес, кој ја погоди земјата вчера ноќта и во кој загинаа 61 човек. Претседателот изјави дека земјотресот бил со интензитет од 8,2 степени според Рихтеровата скала и...

Ураганот Ирма ја погоди Куба и оди кон Флорида

Ураганот Ирма денеска, откако зајакна до бура од петти степен, сe насочи кон Флорида, оставајќи зад себе уништување и многу загинати луѓе на Карибите. Ирма претходно ја погоди Куба, а во подрачјето на Карибите и на Флорида предизвика можеби најголема евакуација во историјата на тој предел. Бројката на жртви на Ирма се искачи до 21 лице, откако ураганот го погоди крајбрежјето...

Костовски: СЈО нема овластување за нови предистражни постапки и обвиненија

Еклатантен пример на непочитување на законот преставуваат информациите дека и покрај завршувањето на рокот, СЈО продолжува со хајката на истражни дејствија и притисоци, изјави денеска на прес-конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ. -Катица Јанева не е овластена и нема надлежност да презема понатамошни дејствија во предистражни и истражни постапки за превземените предмети и материјалите за кои заклучно со 30 јуни не...

СДСМ: Богов ги потврди катастрофалните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ

„Денеска, дури и гувернерот на Народна банка, Димитар Богов кој во досегашниот мандат молчеливо се однесуваше кон политиките на владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ, со ревидирањето на стапката на економски пораст на 2,5 проценти ги потврди катастрофалните економски пoтези на досегашната власт кои што ја уништуваат економијата“, се вели во соопштението на СДСМ по повод намалување на проекцијата за економски...

АХВ на Ќафасан запленила 1.300 килограми небезбедно месо од Бразил

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) запленила 1.300 килограми небезбедно пилешко месо со потекло од Бразил на граничниот премин Ќафасан. Запленетото месо, како што се наведува во соопштението, било уништено на депонијата во Струга. - Станува збор за легален увоз на замрзнато пилешко месо, за кое, врз основа на извршениот преглед од страна на официјален ветеринар, било констатирано дека потекнува од објект...

Спортските риболовци алармираат дека охридската пастрмка безмилосно се уништува

Спортските риболовци од Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ од Охрид алармираат за безмилосно уништување на охридска пастрмка и бараат конкретна одговорност. „Бараме да се утврди одговорност кај надлежните установи и министерства и нивните раководни лица за уништување на охридска пастрмка и тие да бидат казнети согласно важечките закононски и подзаконски регулативи“, стои во нивната реакција. Тие сметаат дека Пандорината...

Птичји грип регистриран во Македонија, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство регистрирала присуство на високозаразната болест авијарна инфлуенца (птичји грип), тип АХ5Н8, кај живина во стуршкото село Мороишта, соопшти денеска на прес-конференција директорот на агенцијата, Зоран Поповски. Според Поповски, вирусот е опасен за живината, но не се пренесува кај луѓето и во ниту еден случај не може да претставува закана за нивното здравје. – Првиот случај е детектиран...

„Да ја спасиме Попова Шапка“: Наместо да го градат, институциите го уништуваат центарот

Попова Шапка е оставена без никаква инфраструктура, одржување и без конкретен проект за модернизирање на туристичките капацитети. Ова денеска на прес-конференција го истакнаа граѓаните што ја поведоа иницијативата под мотото „Да ја спасиме Попова Шапка“. Тие се загрижени што центарот наместо да се гради, се уништува за овие 15 години. - Попова Шапка е претворена во трпеза на која не се знае кој јаде...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос предизвикаа штети од десетици милиони евра

„СДСМ и Сорос две години дивееја уништувајќи сè пред себе. Предизвикаа штети тешки десетици милиони евра, палејќи и демолирајќи сè што ќе им се најде во близина“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека „бандите на СДСМ и на Сорос се надеваа дека со пари и со помош однадвор, ќе ја изиграат волјата на народот, ќе се дограбат...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е одработувачот на сценаријата на Сорос

Организациите што ги финансира Сорос за зајакнување на некакви си капацитети, всушност се „организации преку кои се плаќаат таканаречените револуционери за поттикнување насилства“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека Сорос во Македонија досега има доделено стотина милиони евра на „сателит-организациите“ што ги раководи. „Преку нив се финансираше и платеничката револуција, која ја напаѓаше полицијата и уништуваше сè што е...

Сваровски-судијката за 28 ноември закажа судење за обвинението на СЈО против Грујовски

Кривичниот суд за 28 ноември го закажа судењето на седумтемина обвинети за уништување на документација поврзана со опремата за нелегално прислушување, меѓу кои и поранешниот директор на петтата управа, Горан Грујовски. Станува збор за едно од првите две обвиненија што Специјалното јавно обвинителство ги поднесе на 15 септември годинава. За второто, односно за насилствата во Општина Центар од јуни 2013...

За осум дена може да биде закажано судење за обвиненијата на СЈО, вели Јанева

Судот во наредните осум дена може да закаже рочиште за двете обвиненија што вчера ги поднесе Специјалното јавно обвинителство, изјави денеска специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. - Тие се во скратена постака, а рокот на закажување е осум дена. Судот може веднаш да го заврши тоа, во рок од осум дена да закаже рочиште, а ние сме подготвени за судење - изјави...

СДСМ: Груевски е директно одговорен за зголемувањето на каматните стапки

„Цели 10 години, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја опустошуваат економијата и затоа кредитниот рејтинг на Македонија е опаднат за цели две нивоа. Груевски ја носи директната одговорност за зголемувањето на каматните стапки“, се вели во соопштението на СДСМ, а по повод зголемувањето на каматните стапки од страна на Народна банка. Во него се додава дека „каматната стапка на еврообврзницата издадена во 2009...

САД уништиле 800 милиони долари на Исламска држава

Американскиот генерал мајор Питер Герстен објави дека во воздушните напади во Сирија уништени биле 800 милиони долари во кеш, кои биле сопственост на Исламска држава. „Би-би-си“ наведува дека Герстен, кој се наоѓа во Багдад, изјавил дека САД повеќепати на мета ги имале складиштата со пари на Исламска држава. - Овој удар на нејзиното финансирање придонесува за зголемување на дезертерството за 90 отсто и...

Во „Мосак Фонсека“ пронајдени уништени документи

Панамските истражители во текот на истрагата на канцеларијата на адвокатската компанија „Мосак Фонсека“ пронашле остатоци од уништени документи. „Одзедовме големо количество докази што ги најдовме во просториите на компанијата“, изјави вештакот за организиран криминал, Хавиер Карабаљо. Тој наведе дека помеѓу одземените документи имало многу хартии кои биле уништени во машини за уништување документација. Компанијата „Мосак Фонсека“ издаде соопштение во кое тврди дека хартиите...

Судот му одреди 30 дена притвор на Горан Грујовски, првоосомничениот во „Тврдина“

Кривичниот суд го прифати барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и му одреди мерка притвор од 30 дена на првоосомничениот во случајот „Тврдина“, началникот на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски, официјално потврди Основниот суд Скопје 1. „Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои...

Пресување, балирање, дробење: Како се уништувала опремата за прислушување во МВР

Незаконско формирање на комисија за попис, уништување на траги, конспиративно носење и уништување на опрема на отпади за старо железо, прикривања, фалсификување на документација, антидатирање на материјали во архивата на Министерството за внатрешни работи (МВР) се дел од работите што осомничените во случајот „Тврдина“ на СЈО ги направиле за да се ослободат од двата системи за прислушување вредни 10...

Уништено сето хемиско оружје што го пријавила Сирија

Хемиското оружје што Сирија го пријави во 2013 година е целосно уништено, соопшти денеска портпаролот на Организацијата за забрана на хемиското оружје со седиште во Хаг, Малик Елахи. Последните 75 канистери флуроводород, како што соопшти Елахи, неодамна се уништени во американската сојузна држава Тексас. По нападот со гасот сарин во август 2013 година, властите во Дамаск се согласија да го уништат своето хемиско...

„Охрид СОС“: За Галичица се расправа празнично и зад грбот на јавноста

Терминот за јавна расправа на предлог-измените на планот за управување со националниот парк Галичица за период 2011-2020 година, 4 јануари, е спорен за граѓанската иницијатива „Охрид СОС“. Забележуваат дека не е ниту во согласност со сите постоечки домашни и меѓународни прописи за уредно консултирање на јавноста кога станува збор за добра од јавен интерес. - На прагот сме да изгубиме три...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...