fbpx
Таг: УНХЦР

таг: УНХЦР

Повеќе од 40 сомалиски мигранти убиени во близина на брегот на Јемен

Повеќе од 40 сомалиски мигранти, меѓу кои имало жени и деца, биле убиени ноќеска во близина на брегот на Јемен, додека биле превезувани со чамец, јавуваат светските агенции. Чамецот, со околу 140 мигранти од Сомалија, бил погоден од лесно оружје во близина на пристанишниот град Ходеда, на западниот брег на Јемен, соопштила канцеларијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР)....

Годинава се удавиле 5.000 мигранти

Рекордни 5.000 мигранти се удавија во Средоземно Море оваа година, по двете бродски несреќи што се случија вчера и во кои настрадаа 100 лица, соопштија хуманитарните организации. Два преполни брода се превртеле помеѓу Италија и Ливија, соопштија Меѓународната организација за миграција и УНХЦР. - Со последните две несреќи, годинава настрадаа 5.000 лица – соопшти портпаролот на Меѓународната организација за миграција, Џоел Милман. Портпаролот...

Годинава 3.740 бегалци и мигранти се удавиле во Средоземно Море

Најмалку 3.740 бегалци и мигранти настрадале во водите на Средоземно Море од почетокот на годинава, што е речиси исто како и во 2015 година, кога трипати повеќе лица се обидоа да го минат морето, соопшти УНХЦР. Портпаролот на УНХЦР, Вилијам Спиндлер, синоќа рече дека ова е особено висока стапка на смртност, ако се има предвид дека 327.800 лица годинава тргнале...

Грција формира нова комисија за брзо решавање на прашањето со азилантите

Грција денеска формирала нова комисија која треба да одлучува околу тоа кои мигранти треба да бидат вратени во Турција, врз основа на договорот меѓу Европската Унија и Анкара, а за да се забрза решавањето на прашањето со азилантите, јавуваат светските агенции. Ваквиот потег доаѓа откако постоечките 20 комисии ги блокирале најголемиот број од случаите за враќање на бегалците во Турција, наведуваат...

Минатата недела 880 лица се удавиле во водите на Медитеранот

Најмалку 880 мигранти се удавиле во текот на изминатите седум дена во обид да го преминат Средоземното Море, соопшти агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР). Во соопштението на УНХЦР се наведува дека оваа година се покажала како исклучително смртоносна, затоа што од почетокот на годината во бродоломи и превртувања на чамци се удавиле вкупно 2.510 луѓе. Во истиот период минатата...

УНХЦР го критикуваше потенцијалниот договор меѓу ЕУ и Турција

Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) е загрижен поради можниот договор меѓу ЕУ и Турција за начинот на решавање на бегалската криза, кој вклучува враќање на бегалците од Унијата во Турција. Комесаријатот на ОН истакнува дека според меѓународните закони, колективното протерување на странци е забрането. Винсент Кочетел, директорот на УНХЦР за Европа, рече дека е „уморен од слушање приказни за...

„Мета“ во Идомени: 13.000 бегалци се заглавени во ѓубре и смрдеа во градот од шатори

Повеќе од 13.000 бегалци од Сирија и од Ирак се заглавени во ѓубре и во смрдеа во кампот кај Идомени, кој се наоѓа на грчката страна од границата и кој има капацитет за најмногу 4.000 луѓе. Бегајќи од војните во Сирија и во Ирак, а со надеж дека ќе стигнат во Германија, некои од бегалците во кампот кај Идомени се повеќе...

УНХЦР: Затворањето на границите во Европа ќе предизвика хаос

Затворањето на границите внатре во Европа, кое го презедоа европските држави поради загриженоста предизвикана од бегалската криза, ќе предизвика „дополнителен хаос и конфузија“, предупреди денеска новиот шеф на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), Филипо Гранди. - Особено сум загрижен поради вестите што ги добиваме за затворање на сè поголем број европски граници долж балканската рута, затоа што тоа ќе...

УНХЦР, ИОМ и УНИЦЕФ алармираат: Во Егејско Море секој ден има по две удавени деца

Од септември 2015 година досега, во водите на Егејско Море, меѓу Турција и Грција, во просек секој ден животите ги губеле по две деца додека со своите семејства се обидувале да стигнат во Европа, велат од ИОМ, УНХЦР и од УНИЦЕФ и предупредуваат дека бројот на смртни случаи на деца на бегалската рута постојано е во пораст. Според податоците на агенциите,...

Ариф: Затворањето на границите нема да го реши проблемот со бегалците

Претставникот на канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во Скопје, Мохамед Ариф, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“ предупредува дека затворањето на границите нема да го реши проблемот со бегалците. - Она што ќе го реши проблемот е колективно и сеопфатно решение, системи за азил во земјите кои ќе функционираат ефикасно и соодветно, во согласност со меѓународните...

Грција: Центрите за регистрација на бегалци ќе бидат завршени до 15 февруари

Подигнувањето на центрите за регистрација на бегалци на грчките острови во Егејско Море мора да биде завршено до 15 февруари, соопштија грчкиот министер за одбрана и претставникот на УНХЦР во Грција. - Сите центри за регистрација на бегалци ќе бидат довршени до 15 февруари – соопшти грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, за време на посетата на островот Лезбос, главната врата...

Во Германија годинава пристигнале повеќе од еден милион азиланти

Германија до крајот на годинава ќе регистрира околу 1,09 милиони азиланти, пренесе денеска весникот „Зексише цајтунг“, повикувајќи се на необјавена владина статистика. Бројот е во согласност со очекувањата на германските претставници. Локалните власти се соочени со проблемот на згрижување на голем број луѓе кои бегаат од судирите на Блискиот Исток и во Африка. Германското МВР засега не ја коментира информацијата. Високиот комесаријат...

УНХЦР: Турција примила најмногу бегалци

Најголем број бегалци во 21 век примила Турција, а на второ место е Пакистан, покажуваат податоците на УНХЦР. Турција денеска е дом за околу 1,6 милиони бегалци. На крајот на 2014 година, вкупно 19,5 милиони лица имале статус на бегалци, додека 59,5 милиони лица имале статус на раселени лица поради причини како што се војна, глад, суша и сиромаштија. Во 2014 година...

УНХЦР: Годинава рекорден бројот на бегалци и на раселени лица во светот

Бројот на лицата што годинава биле принудени поради војна или насилство да ги напуштат своите домови го надминал минатогодишниот рекорд од речиси 60 милиони лица, соопштија денеска Обединетите нации. „Со речиси милион луѓе кои оваа година го преминаа Медитеранот како бегалци и мигранти и со конфликтите во Сирија и во другите делови од светот, кои продолжуваат да предизвикуваат нови загрижувачки човечки...

УНХЦР: Опаѓа бројот на бегалците кои доаѓаат преку Средоземно Море

Бројот на бегалците кои доаѓаат во Европа преку Средоземно Море опаднал за една третина во ноември поради временските услови и борбата против шверцерите во Турција, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР). Околу 140.000 бегалци го минале Средоземно Море во ноември, што е за 36,5 отсто помалку во споредба со октомври, кога биле регистрирани повеќе од 220.000 лица. Од почетокот на...

УНХЦР: Србија и Македонија го органичуваат протекот на мигранти

Србија и Македонија овозможуваат протек само на мигранти што се од Сирија, Ирак и од Авганистан, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР). Портпаролката на УНХЦР, Мелита Шунјич, соопшти дека на другите мигранти не им е дозволен влез и дека на границите веќе се насобрале неколку стотина вакви случаи. Очевидци од границата на Македонија со Грција за „Ројтерс“ изјавиле...

Филипо Гранди, нов комесар на УНХЦР

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, го именува италијанскиот дипломат Филипо Гранди за нов висок комесар за бегалци на ОН (УНХЦР), кој ќе биде одговорен да ја реши една од најголемите бегалски кризи, соопштија синоќа од ОН. Гранди (58) ќе го замени Португалецот Антонио Гутареш, кој беше на чело на УНХЦР од 2005 година. Именувањето на Гранди треба да биде...

УНХЦР: Во октомври околу 218.000 бегалци стигнале во Европа преку Медитеранот

Повеќе од 218.000 бегалци пристигнале во Европа преку Средоземно Море во октомври, што е рекорден број на месечно ниво, соопшти денеска Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР). - Во октомври беше забележан рекорден број на бегалци на месечно ниво. Во септември беа регистрирани 172.843 бегалци, а во октомври - 218.394 луѓе – изјави портпаролот на УНХЦР, Адријан Едвардс. И покрај...

Во Грција пристигнале повеќе од 500.000 бегалци

Повеќе од половина милион мигранти годинава стигнале во Грција, соопштија Обединетите нации. Според податоците на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), 8.000 лица дневно стигнувале во Грција. Најмалку 3.135 лица настрадаа годинава во обид да дојдат до Европа, јави „Би-Би-Си“. Меѓународната организација за миграција (ИОМ) претходно соопшти дека од јануари повеќе од 650.000 лица стигнале во Европа.

Бегалците заглавени на границите поради дневните квоти на Австрија и на Словенија

Одлуката на Австрија и на Словенија дневно да примаат ограничен број бегалци, предизвика метеж и напнатост на хрватско-српската граница, каде илјадници мигранти со часови чекаат да го продолжат патот кон западноевропските земји, јавуваат светските агенции. Во Србија во моментот се наоѓаат повеќе од 10.000 бегалци, кои поради ограничувањата не можат да го продолжат патот кон запад, соопшти денеска Агенцијата за бегалци на...

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...