fbpx
Таг: УНЕСКО

таг: УНЕСКО

И пругата и автопатот кон Албанија причини за „голема загриженост“ на УНЕСКО за Охрид

Трасите на двата клучни инфраструктурни проекти за пругата кон Албанија и за автопатот Требеништа - Охрид значајно придонеле за давање на препораката од УНЕСКО за впишување на Охрид на листата на загрозено светско наследство. Изготвениот извештај треба да биде разгледан на 43. Сесија на Комитетот за светско културно наследство што ќе се одржи кон крајот на јуни во Баку,...

„Охрид SOS“: И власта и опозицијата тајно кројат нови еколошки катастрофи преку легализациите

Иницијативата „Охрид SOS“ алармира дека Советот на Општина Охрид во тајност подготвува легализации што ќе значат нарушување на еко-сферата на Охридското Езеро, со објекти што ќе го нарушат природниот склад. Еко-активистите алармираат дека дивоградбите што се планирани за легализација, директно навлегуваат во Националниот парк „Галичица“ и обвинуваат дека советниците и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ кријат од своите гласачи и...

„Охрид СОС“ со реакција на нападите врз нив на в.д. градоначаланикот Георгиески за Лагадин

Активисти на граѓанска иницијатива „Охрид СОС“ во јавно обраќање до в.д. градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, реагираат за нападите врз нив, во кои тој ги набедува дека „ненавремено“ реагирале при носење на урбанистичко-планската документација за Лагадин. „Дали се потрудивте да се информирате колку, и дали воопшто, јавноста била ефективно известена за носењето на спорните документи; дали било обезбедено нејзиното присуство? Не, не сте...

Со перформанс „Мора мораториум“ се протестираше за заштита на Охридско Езеро

Со мирен протестен перформанс, кој тргна од Лагадин, и застанувајќи на неколку места, заврши пред зградата на Општина Охрид, денеска балерината Гарсиа Елена од театарот „Баљшој“ од Москва, Охрид SOS и здружението Стар Лагадин, поддржани од Go green – Биди зелен, Фронт 21/42 и Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н., заедно со туристи од Белгија, Италија,...

Екологисти бараат целосен мораториум за Охридското Езеро

Активистите на Еколошко здружение на граѓани „Фронт 21/42“ по повод 21 јуни Денот на Охридското Езеро денеска до пратениците во Собранието повторно испратија отворено писмо во кое се бара доследна примена на мораториумот за инфраструктурни проекти на крајбрежјето. Здружението „Фронт 21/42“ минатата година до пратениците и надлежните институции испратија такво барање, парафирано со потписи на повеќе од осум илјади граѓани...

Екологистите бараат од владата мораториум за градење на брегот на Охридското Езеро

Еколошките здруженија, „Фронт 21/42“, „ОхридSOS“ и „Еко-свест“ преку отворено писмо побараа од премиерот Зоран Заев итно воведување мораториум на сите крајбрежни и и урбани трансформации во Охридскиот регион, според препораките на УНЕСКО. Во дописот, здруженијата укажуваат на активности на терен кои веќе значат непочитување на препораката од УНЕСКО – како продолжување на изградбата на спорниот хотел во Лагадин, тампонирање, уништување...

Министерство за култура: Нема причини да запре реконструкцијата на Али-пашината џамија во Охрид

Комисијата од стручни лица, која Министерството за култура ја формираше заради испитување на реконструкцијата на Али-пашината џамија во Охрид, заклучила дека нема основа министерот за култура да нареди прекинување на работите. Реконструкцијата на оваа џамија, која треба да добие високо минаре од 32 метри предизвика бурни спротивставувања во Охрид и во земјава, со забелешка дека минарето ќе доминира над Чаршијата....

Израел ќе напушти УНЕСКО до крајот на следната година

Израел соопшти дека го напушта УНЕСКО наведувајќи дека причина за тоа се систематските напади на организацијата кон еврејската држава. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Израел, Емануел Нахсон рече дека одлуката е базирана на, како што наведе, обидите на организацијата „да ја одвои еврејската историја од Израел“. Тој информираше дека официјалното писмо за излегување ќе биде поднесено пред крајот на...

Израел ја одби наградата на УНЕСКО за институтот „Волкани“

Израелската влада решила да ја одбие наградата што Агенцијата за образование, наука и за култура на Обединетите нации (УНЕСКО) одлучи да ја додели на институтот „Волкани“ за достигнувања во областа на природните науки, јавуваат светските агенции. Одлуката за одбивање на наградата ја донеле министрите за образование и за земјоделство на Израел, Нафтали Бенет и Ури Ариел, во договор со кабинетот на...

Македонија нема да има клучна улога при приемот на Косово во УНЕСКО, рече Димитров

Косово очекува поддршка од Македонија за влез во меѓународните институции, изјави денеска во Скопје косовскиот министер за надворешни работи, Беџат Пацоли, на заедничката прес-конференција со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. Тој истакна дека Македонија има поголема историја и искуство во меѓународните организации, поради што ја очекува поддршката, но додаде дека и Косово ги поддржува напорите за влез на Македонија...

Новата директорка на УНЕСКО, Одри Азулеј, победи со два гласа разлика

Поранешната министерка за култура на Франција, Одри Азулеј, е избрана за нова директорка на УНЕСКО. Таа на гласањето го победи кандидатот од Катар, исто така поранешен министер за култура, Абдулазиз ал Кавари. Азулеј освои 30 гласови, наспроти 28 гласови колку што доби Ал Кавари, иако арапските држави лобираа на чело на УНЕСКО да дојде некој од тој регион. Генералното собрание на УНЕСКО...

По САД, и Израел најави повлекување од УНЕСКО

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денеска дал инструкции на министерството за надворешни работи да го подготви повлекувањето на земјата од УНЕСКО, јавуваат светските медиуми. Ова го соопштила израелската влада неколку часа откако САД најавија дека се повлекуваат од УНЕСКО поради „состојбата во организацијата, потребата за реформа и особено поради антиизраелскиот однос на организацијата“. Нетанјаху ја поздрави одлуката на претседателот на САД,...

САД се повлекуваат од УНЕСКО

САД донеле одлука да се повлечат од УНЕСКО, соопшти американскиот Стејт департмент. Како што јавуваат американските медиуми, за одлуката на официјален Вашингтон е известена и генералната директорка на УНЕСКО, Ирина Богова. „Одлуката не беше лесно донесена и ја изразува загриженоста на САД за состојбата во организацијата, за потребата за реформа, особено на антиизраелскиот однос на организацијата“, стои во соопштението. Одлуката е донесена...

Зелен и современ Охрид бара „Охрид СОС“ од идниот градоначалник

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ до кандидатите за градоначалници се обрати со своја „Платформа за зелен и современ Охрид“. Од иницијативата велат дека проектите што досега се предлагале биле за развој на масовен туризам кој е надминат, неодржлив, со краткотрајна и ограничена добивка и е сосема несоодветен за регионот. „Охрид нема стратегија за развој на турзимот, ниту стратегија за управување со УНЕСКО-регионот. Заштитата на Охридското Езеро...

Косово го одложи барањето за членство во УНЕСКО

Косовското министерство за надворешни работи соопшти дека Косово го одложи поднесувањето барање за прием во УНЕСКО. „Прагматичното одложување на зачленувањето на Република Косово во Интерпол и во УНЕСКО е договор во координација со САД,  Велика Британија, Франција, Германија и со Италија“, стои во соопштението. Министерството, исто така, верува дека ваквата одлука придонесува за зајакнување на меѓународната позиција на Косово, унапредување на...

Иванов – Бокова: Македонија ги поддржува програмите на УНЕСКО

Претседателот на Ѓорге Иванов денеска во јорданскиот главен град Аман разговарал со генералната директорка на УНЕСКО Ирина Бокова за тековните и идните активности и проекти на Република Македонија во соработка со светската организација за образование, наука и култура. Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, двајцата соговорници ја потврдиле одличната соработка меѓу Македонија и УНЕСКО и изразиле подготвеност за нејзино...

Еколозите и властите со различни толкувања на ставовите на мисијата на УНЕСКО во Охрид

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, ги обвинува еколошките асоцијации дека намерно шират паника и невистини околу можното симнување на Охрид од листата на светските вредности и реткости на УНЕСКО. - Се чини дека некои структури се задолжени и од петни жили се борат Охрид да го изгуби статусот на заштитен град на УНЕСКО, многу повеќе отколку што привидно се загрижени...

Комисијата на УНЕСКО: На Охрид не му се заканува бришење од листата

Посетата на Охрид е рутинска контрола, односно вршиме увид на бројните проекти. Тоа не треба да се доведува во врска со предупредувањата за бришење од листата на УНЕСКО. Ова е ставот на експертите од комисијата на УНЕСКО кои неколку дена вршат увид на проектите во Охрид, кои додаваат дека никогаш не станало збор за такво прашање. - Нашата посета е...

Еколозите и реактивната мисија на УНЕСКО: Животната средина не е за остварување профит

Здружението за заштита на животните и животната средина „Еден“, заедно со реактивната мисија на УНЕСКО, денеска во Охрид ги систематизира препораките и заклучоците од претходно одржаните средби со граѓанските организации што го третираат прашањето на заштитата на околината. Една од темите на средбите беше „Заштитени зони во Охридско-преспанскиот Регион во рамки на програмите на УНЕСКО“, а ја презентираше Наташа Доневска, консултант...

Експертите на УНЕСКО ја почнаа контролата на проектите во Охрид

Група експерти на УНЕСКО од денеска се во Охрид каде што вршат увид на повеќе проекти што се во тек или кои се планирани да се реализираат. Експертите на УНЕСКО најпрво го посетиле Националниот парк Галичица, каде разговарале со раководството на јавната установа, но и со претставници на владата. Неофицијално, во НП Галичица се врши увид во однос на два проекти планирани...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...