fbpx
Таг: УНДП

таг: УНДП

Нов ласерски систем за спречување нелегална употреба на оружје

Со воведувањето нов систем за управување со деактивирано огнено оружје, овозможено преку донацијата од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ќе се спречи злоупотребата на оружје и ќе се подобри безбедноста во Северна Македонија, соопштуваат оттаму. „Машината за ласерско означување оружје, која е поставена во Министерството за внатрешни работи, ќе означува деактивирано огнено...

Доделени наградите за новинарски стории на тема „Справување со загадувањето на воздухот“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска свечено ги додели наградите за 2023 година за новинарски стории на тема: „Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија“. Првата наградата е доделена на новинарката Катерина Топалова Дејановска за сторијата со наслов „Тешка зима“, објавено на „Дома.еду.мк“. Се работи за новинарски продукт...

Аерозагадувањето во фокус на вечерашната епизода на „Шорткат“

Новата епизода на „Шорткат“ ја емитуваме вечерва, а во неа главна тема е актуелниот проект на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) за справување со загадувањето на воздухот во пет македонски општини. Покрај тоа што ќе може да дознаете повеќе за справувањето со аерозагадувањето, во „Шорткат“ вечерва информираме и за резултатите од конкурсот за краток хорор расказ што годинава...

Регионална конференција: „Младите се иднината“ не треба да биде само празна фраза

„Младите се иднината“ не треба да биде само празна фраза, туку носителите на одлуки на сите нивоа треба да ги чујат нашите пораки и активно да нè вклучат во процесите на креирање политики, особено оние што директно нè засегаат. Ова е пораката која денеска ја испратија учесниците на Регионалната конференција за младински политики и конструктивни наративи на локално ниво,...

Ковачевски – Штајнер: Поддршка од ОН за Македонија како регионален центар на зелена енергија

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во Њујорк се сретнал со Ахим Штајнер, администратор на Програмата за развој на ОН (UNDP) и ко-претседавач на механизмот за енергија на ОН (UN Energy). На состанокот, како што информираат од Владата, било потенцирано значењето на ОН и на развојните мрежи на организацијата, како што е УНДП, којашто им...

Пет македонски градови ќе се справуваат со аерозагадувањето со помош на Шведска и УНДП

Во пет општини -  Кавадарци, Струмица, Гостивар, Струга и Куманово, изворите на загадување на амбиентниот воздух ќе се идентификуваат со најсовремена опрема и методологија, при што за првпат во земјава ќе се спроведе и мерење на загадувањето на воздухот во затворен простор. Истражувањата ќе ги вршат Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип (УГД) и лабораторијата „Амбикон“, а ќе се спроведат...

Григорјан: Сите општествени фактори да се обединат во борбата против дезинформациите

Ширењето дезинформации и лажни вести, манипулирањето со фактите и искривувањето на реалноста стана секојдневие. Имајќи ја предвид изложеноста на граѓаните на дезинформации, како и претстојните избори во земјата, неопходно е да се работи на позитивни практики за креирање поголема општествена отпорност на погрешните информации, заклучија учесниците на денешната панел дискусија насловена „Демократијата на коцка: Справување со дезинформациите како ризик...

Младите бестрашно уриваат бариери за редефинирање на иднината, порачаа тие од скопскиот Градски парк

Младите да се вклучат во различни активности наменети за нив, креативно да се изразуваат и делуваат и да учествуваат во процесите на донесување одлуки. Ова беше истакнато на настанот по повод Меѓународниот ден на младите, што во петокот се одржа во градскиот парк – Школка во Скопје, соопштија од Младинскиот образовен форум (МОФ). Настанот беше организиран од Канцеларијата на Фондот...

Промовирана нова поштенска марка „Скопје се сеќава 1963 – 2023“

Програмата за развој на Обединетите нации во партнерство со АД Пошта на Северна Македонија денес ја промовираше новата поштенска марка „Скопје се сеќава 1963 - 2023“ издадена по повод одбележувањето шест децении од разорниот скопски земјотрес. По иницијатива на УНДП, поштенската марка е испечатена во 6.000 примероци по дизајн изработен од Лоран Куфало, со препознатливиот стилизиран мотив на часовникот на...

Конечно ослободена од „синџирите“ на домашното насилство

„Прво си помислив дека е некоја моментална нервозна, агресивна ситуација којашто нема да се повтори, но сè почесто и почесто се повторуваше и на крајот премина во навика. Си мислиш дека еден ден ќе престане, но се лажеш, тоа нема никогаш да престане, само се зголемува и се влошува. И секогаш трпиш сè поголемо и поголемо насилство.“ Младата жена на...

Борбата против сексуалното насилство во фокус на новиот проект на УНДП и МВР

Нов проект што во наредниве 18 месеци ќе го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе се фокусира на борбата против сексуалното и родово – базираното насилство на интернет, преку зајакнување на капацитетите на МВР. Како што соопштија од УНДП, станува збор за исклучителна важна активност, со оглед на тоа...

Претставени првите пронајдоци во новата лабораторија за биотехнологии

Над 30 учесници на првиот Експо ден во СУГС „Марија Кири - Склодовска“ – Скопје ги претставија пронајдоците направени во првата биотехнолошка лабораторија во земјата подржана од УНДП, УНИЦЕФ и Град Скопје. На настанот, на кој присуствуваше заменичката на регионалната директорка на УНДП, Марина Валтер, постојаниот претставник на УНДП во Северна Македонија, Армен Григорјан и претставници на Град Скопје беа...

Грковска: Со дигитализацијата се намалува просторот за корупција

„Дигиталната трансформација е можност за голем напредок кон ефикасно, транспарентно и отчетно работење на сите институции, без оглед дали станува збор за министерство или за општина. А тоа е најдобриот и најефективниот начин за да се зголеми довербата на граѓаните во системот“, рече вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на денешната тркалезна маса во организација на...

УНДП со шведски пари ќе го намалува загадувањето на воздухот во македонските општини

Со финансии од Шведска, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе реализира мерки за намалување на аерозагадувањето и за зајакнување на капацитетите на македонските општини. За реализација на Програмската рамка, Шведска обезбедила финансиска поддршка во висина од 4,13 милиони американски долари, а националното кофинансирање е во висина од половина милион долари преку Бирото за регионален развој. Со свои...

Здрави шуми за здрави луѓе: Акција на локалните заедници во регионот

На Меѓународниот ден на шумите – 21 април, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) со јавноста ја сподели репортажата „Здрави шуми за здрави луѓе“ која раскажува за неколку граѓански иницијативи кои успешно спроведуваат активности за заштита на шумите и урбаното зеленило. Сторијата која нè води на планината Романија во БиХ, парк шумата Горица во Црна Гора, падините на Шара...

Во Скопје отворена првата градска биотехнолошка лабораторија

Во скопското средно училиште „Марија Кири - Склодовска“ денеска беше отворена првата градска биотехнолошка лабораторија. На настанот присуствуваа и се обратија Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје, Армен Григоријан, постојан претставник на УНДП и Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ. Со отворањето на оваа биотехнолошка лабораторија од страна на Град Скопје, УНДП и УНИЦЕФ, се формира Национална иницијатива за трансформација на...

Грковска: Улогата на жените мора да биде поенергича и одлучувачка

Улогата на жените треба да биде поенергична и одлучувачка, со целосно почитување на човековите права и со искористување на потенцијалот, знаењето и искуството. Ова го истакна вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, која учествуваше на конференцијата „Жените и дигитализацијата – надминување на бариерите, отворање можности за унапредување на родовата еднаквост“. Конференцијата ја организираа агенциите на Обединетите Нации...

УНДП подготвува активности за поддршка на жените во политиката

Постојаниот претставник на УНДП Армен Грегоријан, денеска на средба ја информираше вицепремиерката Славица Грковска за плановите на УНДП во наредниот период кои се однесуваат на поддршка на жените во политиката, како и за влијанието на климатските промени од родова перспектива. Тие меѓудругото разговарале и за унапредување на меѓусебната соработка. „Вицепремиерката Грковска се заблагодари на поддршката што УНДП ја дава, особено...

Младите од Западен Балкан во Тирана дискутираа за младинските перспективи на регионот

Во изминатите два дена, 120 млади од Западен Балкан присуствуваа на конференцијата организирана како дел од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2). Станува збор за регионална иницијатива која се спроведува во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија, а која работи на зајакнување на партнерствата помеѓу локалните власти и граѓанското општество,...

Над 130 домаќинства во Лисиче преку УНДП добија еколошки уреди за греење и енергетско ефикасни фасади

Мерките преземени за подобрување на енергетската ефикасност на домовите и замената на старите грејни тела и шпорети со нови во над 120 домаќинства во населбата Лисиче, дадоа резултат и покажаа намалување на загадувањето на воздухот внатре во домовите и во околината каде што беа направени интервенциите. Овие анализи беа презентирани на завршниот настан на проектот „Справување со загадувањето во...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...