fbpx
Таг: улици

таг: улици

Со 12 електрични метларки, вакуумски ќе се чистат улиците во Скопје

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска започна да ги употребува новонабавените 12 електрични метларки наменети за вакуумско чистење. „Станува збор за еколошки машини што работат на електричен погон, така што не го загадуваат амбиенталниот воздух. Електричните метларки ќе се употребуваат за одржување на хигиената на јавните површини во градот Скопје. Во текот на денешниот ден, екипите на претпријатието со новите метларки ги чистат...

Error 1200: Што се случува кога „градоначалникот“ на општината ќе „го изгуби“ велосипедот? (видео)

Младите од „Че Тим ТВ“ направија продолжение на видеата со приказната за замислениот „градоначалник“ на Општина Тетово. Откако собра храброст да вози велосипед низ улиците на овој град каде што недостасуваат велосипедски патеки, „градоначалникот“ доживува несреќа. За бавната реакција на Итната помош, однесувањето на лекарите и другите актуелности погледнете го видеото. (за превод на македонски вклучете превод: кликнете на „cc“ копчето...

АГОРА: Скопје е машки град, само 4 улици, 2 плоштада и еден мост се именувани според жени

Од вкупниот број од 156 улици под надлежност на Град Скопје повеќето од половина, 91 улица или 58 проценти, се именувани по личности. Од тие личности пак, 87 се имиња на мажи или 96 проценти, и четири се имиња на жени или само четири проценти. Ова се вели во анализата на имињата на улиците од страна на Центарот за промовирање...

Отворена анкета за нови имиња на улици, мостови и плоштади во Скопје

Град Скопје денеска отвори анкета за граѓаните за нови имиња на топоними (улици, булевари, мостови, плоштади, паркови и други инфраструктурни објекти). Граѓаните може да испратат предлози на два начина - или преку онлајн прашалникот или пак преку класично писмо на следната адреса: Град Скопје, Совет на Град Скопје, бул. Илинден, бр. 82. Анкетата, и преку интернет и преку класично писмо,...

Кочани ќе се задолжува за изградба на нови патишта и улици

Општина Кочани во вторник ќе одржи јавна расправа, на која очекува да ги слушне предлозите на граѓаните за тоа како да ги искористи заемот од близу 45,5 милиони денари од Светската банка. Овие пари целосно се наменети за изградба на нови патишта и улици во градот Кочани и населените места. Дополнително 12 милиони денари, општината од Светска Банка ќе добие...

Неколку сообраќајници низ градот, утре ќе бидат затворени за сообраќај

Министерство за внатрешни работи информира дека утре ќе бидат затворени неколку сообраќајници. „На улицата 1732 (зад Националната фудбалска арена во Градскиот парк) поради однапред најавено снимање во организација на Агенција за маркетинг „Дивисион“, сообраќајот по оваа улица од потегот кај ресторанот „Опатија“ до фудбалскиот терен на АРМ ќе биде затворен во период од 06 до 19 часот, а сообраќајот ќе...

Шилегов: Нема прекопи на улиците откако ќе бидат реконструирани

Градот ќе стави ред во прекопувањето на скопските улици, најави денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, поради, како што кажа, досегашната пракса од Градот да се бара дозвола за прекоп на улица, која Градот мораше да ја издаде. „Сега воведуваме сосема нова пракса- на почеток на секоја градежна сезона Град Скопје ќе објави листа на улици кои ќе бидат...

Град Скопје: Коловозите се целосно чисти, се дорасчистуваат тротоарите

Коловозите на булеварите и магистралните улици кои се во надлежност на Град Скопје се целосно расчистени, а на терен интензивно се работи на чистење на тротоарите и велосипедските патеки од наталожениот снег за да им се овозможи полесно движење на граѓаните, информираат од Град Скопје. „Во текот на изминатава вечер повторно се поминати сите булевари и улици што се во...

Споредните улици и тротоарите останаа неисчистени од снегот

Граѓаните негодуваат што на споредните улици во населбите низ општините не поминала никаква механизација, а и дека работници не го чистат снегот кој денеска цел ден паѓа во Скопје и во целата држава. На главните сообраќајници во Скопје има остатоци од кашест снег, па движењето е отежнато, споредните улици воопшто не се исчистени, а многу снег има и на тротоарите....

Град Скопје фрлил 355 тони сол на улиците

Од Град Скопје известија дека денеска и вчера поради снегот на сите улици во надлежност на градската управа биле фрлени 355 тони сол. „Утрово сите булевари и улици кои се во надлежност на Градот Скопје се исчистени и истите се проодни“, тврдат од градот, појаснувајќи дека освен механизацијата за зимско чистење, се вршело и рачно чистење на тротоарите и улиците....

За да се намали сообраќајниот метеж: Користете јавен превоз или возете велосипед

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за да се намали сообраќајниот метеж во градовите им препорачува на граѓаните да користат јавен превоз секогаш кога можат, да возат велосипед, а кога веќе управуваат со автомобил, да ги почитуваат сообраќајните правила и по можност со еден автомобил да се превезуваат повеќемина. „Истражувањата покажуваат дека патувањето со јавен превоз е побезбедно...

Тетовци се жалат на нечисти улици, за власта состојбата е задоволителна

Граѓаните на Тетово се жалат дека споредните улици во градот не се мијат и чистат колку што е потребно, а локалните власти велат дека улиците се одржуваат секој ден и нивната состојба е задоволителна. Граѓаните коишто ги контактира „Порталб.мк“, велат дека споредните улици се нечисти поради ниското ниво на одржување од страна на властите, но и поради жителите, кои фрлаат...

Викендов посебен сообраќаен режим во Скопје поради три настани

Поради улична трка, автомобилистички натпревар и марш во рамки на кампања, во двата дена на викендот во Скопје ќе бидат затворени неколку важни улици и ќе има посебен сообраќаен режим, соопшти МВР. За меѓународниот натпревар во автомобилизам „Скопје 2018“ во организација на АКК Примо АВЈ – Скопје и утре и задутре во периодот од 7 до 17 часот ќе биде...

Фрлени 30 тони сол на скопските улици

Откако утрово беа регистрирани првите врнежи на снег во СКопје оваа сезона, по што екипите на зимската служба на Град Скопје веднаш излегоа на терен и превентивно интервенираа на булеварите и магистралните улици кои се во надлежност на Градот, информира градската управа. Притоа превентивно на повеќе сообраќајници и критични точки биле растурени околу 30 тони сол.  Зимската служба на Град...

Во шест скопски општини отстрaнети 2.754 кубни метри смет

Екипите на јавните градски претрпијатија досега ги исчистија улиците и јавните површини во општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Центар, Чаир и во Шуто Оризари и оттаму отстранија 2.754 кубни метри смет, информираат од Град Скопје. Последниве два дена акцијата се спроведува во Општината Карпош, а во текот на наредните денови работите ќе се преселат во општините Ѓорче Петров...

Трајановски спинува околу неговата ефикасност

Градоначалникот Трајановски кој од граѓаните на Скопје го бара третиот мандат има нереализирани крупни проектни ветувања, особено во делот на инфраструктурата и екологијата. Оттука, неговото спротивно тврдење е извртена вистина или спин, пишува „Вистиномер“. „Еден од кандидатите за нов градоначалнички мандат за Скопје, Коце Трајановски, презентирајќи ја својата програма на отворањето на градскиот изборен штаб, меѓу другото го искажа и...

Жителите на Дебар Маало утре ќе протестираат за безбедни улици и тротоари

Жителите на Дебар Маало во Скопје, утре ќе протестираат за безбедни улици и тротоари за пешаци пред Министерство за култура, во 18 часот. „Окупираните тротоари, неконтролираното градење, нерешениот паркинг-простор и лошиот режим за дотур на роба, го направија маалото небезбедно за живеење“, се вели на фејсбук-страницата „Вратете ни ги тротоарите“. Настанот е во организација на иницијативата „Во одбрана на Дебар Маало“ која...

Движење Беса: Срамот на Теута Арифи не го покриваат ни чадори

Младинскиот форум на Движењето Беса денеска во Тетово изведе герила-акција и постави чадори на дупки на улиците и на дивата депонија на влезот на Тетово. Со тоа го изразија своето негодување за владеењето на градоначалничката Теута Арифи. - Иако знаеме дека пропаднатите и срамни политики на градоначалничката на Општина Тетово, госпоѓа Теута Арифи, не може да ги покрие ништо, ние, Младинскиот...

Општините Сопиште и Чешиново-Облешево добија грантови од ИПА-програмата

Општините Сопиште и Чешиново-Облешево денеска добија грантови во вкупен износ од 237.733 евра од ИПА-програмата на Европската Унија. - Денеска потпишуваме договори за изградба на детска градинка во Општина Сопиште и за изградба на локални улици и за подобрување на водоснабдувањето во Општина Чешиново-Облешево. Изградбата на инфраструктура во руралните средини е еден од приоритетите на реформската влада. Вложувањата во изградба...

Улиците околу градскиот стадион ќе бидат затворени од 15 часот

Министерството за внатрешни работи информира дека од 15 часот ќе воведе посебен сообраќаен режим на возила и на движење на пешаците во непосредна близина на Градскиот парк во Скопје. Ограничувањето на движењето ќе биде поради одигрувањето на меѓународниот фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и на Шпанија со почеток во 20.45 часот. „Ќе биде ограничено движењето на возилата по булеварот Илинден и по...

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...