fbpx
Таг: улични кучиња

таг: улични кучиња

„Лајка“ апелира: Стоп за употребата на петарди и пиротехнички средства

Новогодишниот период иако е многу убав за нас, е најстресниот период за животните, особено за бездомните кучиња и мачиња. Употребата на петарди и пиротехнички средства предизвикува не само физички повреди, туку и стрес, страв, психички шок, доживотни трауми и неретко смрт од срцев удар кај животните, алармира ЈП „Лајка“. Во соопштението се порачува граѓаните да бидат општествено одговорни и да...

Мета факт: Општина Карпош финансиски помогна при изградба на ново прифатилиште за улични кучиња

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во својата предизборна програма, во делот „Екологија“, вети дека ќе отвори професионален стационар за сместување бездомни кучиња. Советот на Општина Карпош минатиот месец донесе одлука за давање финансиска помош на стационарот за бездомни кучиња кој во моментов го гради и опремува здружението „Шепасти ентузијасти“. Со оглед на овие околности, може да се оцени дека...

Општина Кичево троши повеќе за обештетување за каснувања, отколку за третман на кучињата-скитници

Само за една година, Општина Кичево потрошила повеќе пари за обештетување на лицата кои се каснати од кучиња-скитници, отколку за третманот на кучињата. Според податоците што ги обезбеди Порталб.мк, во текот на 2022 година Општината наменила 1,2 милиони денари или 19.500 евра за прашањето на третманот на кучињата-скитници, а од друга страна дала околу 7 милиони денари, или над...

„Бездомните“ животни во Истанбул – хармонија во секојдневниот живот, без напади и изживување

Пеколен летен ден во Истанбул. Бегство од сончевите зраци наоѓаме во најблиското продавниче за вода. За разлика од Македонија, во градот на Босфорот пречекот на муштеријата е изненадувачки. Покрај продавачот, речиси во секое дуќанче има барем по една мачка или куче. Испружени покрај тутунот и наргилето на полиците на киосци, распослани по подот во климатизираните сувенирници, поспани по столиците...

Лида: Изработив скулптура од кучето Медена оти сме слични – одбиваме тешкотиите да нè огорчат

Изминативе неколку дена Струга повторно е во центарот на вниманието меѓу активистите за заштита на уличните кучиња. Но, овој пат не поради тоа што некој пука во нив или ги труе, туку затоа што светски познатата уметница Лида Шерафатманд, која веќе неколку години живее во Струга, изработи скулптура за бездомната кучка Медена, која ги обожава луѓето и лесно се...

Приштина ќе плаќа по 50 евра месечно на луѓе што ќе вдомат улично куче

Откако пред два дена во центарот на Приштина улични кучиња искасаа двегодишно дете по лицето, градоначалникот Перпарим Рама одлучи да започне акција за отстранување на кучињата скитници од улица и нивно испраќање во прифатилишта со лиценца од косовската Агенција за ветеринарство и храна (АВУК), каде што ќе бидат соодветно третирани и потоа подготвени за посвојување, пренесоа косовските медиуми. Исто така,...

Во „Шорткат“ го третираме негативното влијание на климатските промени врз ски-центрите

Недостигот на снежни врнежи и невообичаеното топло време до средината на јануари ги испразнија македонските скијачки центри, кои трпат финансиски штети сезонава. Во најновата емисија на „Шорткат“ како главна тема го третираме негативното влијание на климатските промени врз ски-центрите. Во денешната епизода информираме и за резултатите од испитувањето на мострите земени од храната и кујната во студентскиот дом „Пелагонија“ по...

Контраспин: Проблемот со кучињата скитници не се решава со спинови

Проблемот е многу сложен и голем имајќи ги предвид и отштетите што ги плаќаат општините на годишно ниво (Само во Скопје беа над еден милион евра) и траумите на оштетените граѓани, па оттука со овој проблем треба да се занимава и државата и општините. Добро е што премиерот Ковачевски денеска ретерираше дека државата нема ингеренции и дека тоа е...

Институциите да се разбудат: Да се спречат напади врз граѓани од кучиња, но и убиства на кучиња и фрлање отрови

Убиствата на уличните кучиња во Струга кои се случија завчера и големиот број на каснувања ја прелеаа капката на трпението на граѓаните, кои со години очекуваат од надлежните институции да го решат проблемот со сè поголемиот број на улични кучиња низ државата. Активисти од повеќе здруженија за заштита на правата на животните, но и други граѓани и поединци кои...

Ковачевски: Иако не е наша надлежност, ќе побараме помош од Брисел за проблемот со бездомните кучиња

По настанот со убиството на десетина улични кучиња во Струга кој предизвика бурни реакции во јавноста, денес премиерот Димитар Ковачевски за време на посетата на РЕК Битола, рече дека и покрај тоа што проблемот со кучиња скитници е во надлежност на локалните власти, Владата ќе бара помош од Брисел, преку ИПАРД програмите да се изгради стационар, кој ќе биде...

Вистиномер: Стационарот за бездомни кучиња во Струмица готов, но се најавува отворање до крајот на годината

Мета.мк ја пренесува анализата на „Вистиномер“ на изборно ветување на градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски: Ветување: Изградба на стационар за кучиња бездомници во Струмица     ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Ветувањето на градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски за изградба на „Стационар за кучиња бездомници’’,  наведено  во неговата изборна програма  „Живот во Струмица за сите“ (стр. 21), со која излезе на локалните избори во 2017 година, досега (04.10.2021) не...

Шилегов најави ново јавно претпријатие за улични кучиња

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов донесе одлука од денеска да почне постапка за формирање ново јавно претпријатие кое ќе биде задолжено за третман и благосостојба на уличните животни, со што стационарот „Вардариште“ ќе биде минато. „Стационарот „Вардариште“ повеќе нема да биде во надлежност на ЈП „Комунална хигиена“, туку ќе добие еднаков статус со другите јавни претпријатија кои се занимаваат...

Универзитетска професорка искасана до смрт од кучиња во Грција

Глутница кучиња - скитници во Североисточна Грција искасале до смрт пензионирана универзитетска професорка од Велика Британија, додека се враќала пеш од посета на археолошки локалитет, јавија британските медиуми. Силија Холингворт (62) се јавила по телефон на своето семејство во четвртокот, во миговите кога била нападната од глутницата кучиња близу археолошкиот локалитет Месимвриа, кај границата со Турција. Семејството потоа ги алармирало...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...