fbpx
Таг: украински конфликт

таг: украински конфликт

„Дизни“ ги запира сите бизниси во Русија како последица на нападот над Украина

Компанијата „Волт Дизни“ ќе ги суспендира сите свои бизниси во Русија проследувајќи ги последните настани од, како што посочуваат, неиспровоцираната воена инвазија на Украина, пренесува Варајети. Дизни ги обзнани своите планови за запирање на прикажувањето свои филмови во Русија, но овие се дополнителни чекори ко ги презема за намалување и целосно запирање на сите операции во руската држава. Компанијата има...

Русија сепак потврди дека млади регрути кои не се професионални војници се борат во Украина

Руската армија вчера за првпат потврди дека млади воени регрути учествувале во воениот напад врз Украина, кој трае веќе две недели. Оваа информација ја пренесоа и светските медиуми, но изненадувачки таа пронајде простор и во руските државни медиуми. Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков изјави дека дел од младите регрути биле заробени од украинските сили, потврдувајќи дека млади...

Цените на нафтените деривати го надминаа максимумот од 2012 година, редици по бензинските пумпи

Синоќешното поскапување на бензините за 5 и пол денари и на дизелот за 10 денари повторно создаде редици пред бензинските пумпи низ земјава. Колони автомобили чекаа по десетици минути за да набават гориво пред да се затворат бензинските пумпи. Војната што ја почна Русија во Украина и размислувањето на светските лидери за тоа дали треба или не да се...

Виза и Мастеркард се повлекуваат од Русија, ограничувања за корисниците на нивните картички

Глобалните гиганти во бизнисот со кредитни и дебитни картички Виза и Мастеркард објавија дека ги прекинуваат трансакциите во Русија како резултат на руската инвазија врз Украина, јавува Би-би-си. Овие два гиганти контролираат над 90 отсто од плаќањата со кредитни и дебитни картички во светот, без територијата на Кина. Сите корисници коишто имаат картички на Виза и Мастеркард од руски банки...

Руски воздушен напад уништи училиште во Житомир, НАТО предупредува дека Русија користи касетни бомби

Во центарот на Житомир, град во северозападниот дел на Украина, руски воздушен напад ја уништи зградата на училиштето бр.25, соопштија украинските власти. „Беше лансиран проектил или бомба. Информациите за жртвите ќе бидат објавени подоцна. Всушност, половина од училиштето беше уништено. Спасувачките операции се во тек“, рече градоначалникот на Житомир, Серхиј Сухомлин во своето видео обраќање, пренесува Укринформ.   Градското училиште бр.25 се...

Со порака „не на војната“, вработените на една од последните независни телевизии во Русија се збогуваа од публиката

Eдна од ретките независни телевизии „ТВ Дожд“ ја емитуваа својата последна програма пред колективно да се збогуваат и да се одјават, симболично, со емитување на Лебедовото езеро. Вработените на „ТВ Дожд“ вчера, на крај од вечерните вести, се собраа околу водителите, кои порачаа „не на војната“, пред сите заедно да заминат. Преносот траеше и додека вработените го напуштаа студиото, по...

Русија суспендирана од меѓународни натпревари, познатите брендови ги прекинуваат врските со земјата

Низа познати брендови се повлекуваат од Русија изминатава недела, меѓу кои и филмски студија, технолошки компании и производители на автомобили и облека, по руската инвазија на Украина. Стриминг платформата „Нетфликс“ објави дека паузира со сите идни проекти во Русија, соопштувајќи дека го проценува влијанието на актуелните случувања во Украина. Снимањето на серијата на руски јазик „Зато“ (Zato) е стопирано. Од...

Згоеноста кај најмладите е централна тема во најновата епизода на „Шорткат“

Проблемот со прекумерната телесна тежина кај најмладите е главната тема во новата епизода на „Шорткат“. Покрај за неа, во емисијата можете да ги погледнете најзначајните делови од онлајн-дебатата што ја одржа Фондацијата Метаморфозис во понеделникот на тема „Глобалното затоплување повикува на акција, како да се справат младите со иднината?“, како и резултатите од истражувањето за дискриминацијата со која што...

Русија се соочува со истрага за воени злосторства, младите Руси протестираат против војната

Покрената е истрага за можни воени злосторства во Украина, откако Русија беше обвинета за бомбардирање цивили, објави Би-Би-Си. Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд рече дека се собираат докази за наводни воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид. Ваквиот потег на судот доаѓа откако 39 земји побараа да се отвори истрага. Градовите, вклучително и главниот град Киев, Харков и Херсон беа под...

Киев татнеше од експлозии, Херсон заземен од Русите

Изминатата ноќ за жителите на Киев беше страотна, со 4 силни експлозии што можеа да се слушнат дури и во скривници две нивоа под земја, јавија репортерите на Би-Би-Си во главниот град на Украина. Засега нема информации за цивилни и воени жртви. Во гранатирањето и ракетирање на градот Изиум, загинати се 8 луѓе, од кои најмалку 2 деца, јави официјалниот...

Санкциите кон Русија: крешендо

За една седмица Европската унија во три наврати (на 23, 25 и 28 февруари 2022) воведуваше нови санкции или ги менуваше постојните санкции кон Русија. Тие претходно беа најавувани на високо ниво, па се создаде и конфузија околу тоа за кои санкции се преговара, а кои се веќе во сила. Покрај внатрешните договарања, ЕУ ги усогласуваше санкциите и со...

Украинци лежат пред руски воени возила пред најголемата нуклеарна централа во земјата

Најголемата нуклеарна централа во Украина е под контрола на руските сили, соопшти денеска, Рафаел Гроси, шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), повикувајќи се на информациите добиени од Москва, пренесе Би-Би-Си. Според МААЕ, тие се повикуваат на официјално писмо од Москва, во кое до Агенцијата стигнало известување во кое се наведува дека нуклеарната централа Запорожје ја опслужува редовен персонал,...

Харков опкружен и бомбардиран, Борис Џонсон вели дека потсетува на трагедијата на Сараево

Најмалку 21 цивил е убиен, а 112 се ранети во изминативе 24 часа поради руските гранатирања на украинскиот град Харков, јавуваат светските медиуми. Погодени се владини, но и бројни цивилни објекти во градот. Вториот по големина град во Украина брои 1,5 милиони жители и веќе со денови е опкружен од руските воени сили, јавува Гардијан. Русите се обидоа во неколку...

Османи: Семејството со новорoденче од Харков е евакуирано во посебен безбедносен коридор

Семејството Спирковски, од градот Харков, кое беше во најтешка состојба, со новороденче кое има само неколку дена, во моментов е дел од посебен безбедносен коридор на повеќе од 100 километри од градот и е на пат да ја напушти Украина, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук. „Тие се на безбедно и се во добра состојба. Очекувам во...

Ковачевски на средба со Борис Џонсон: Обединетото Кралство е наш стратешки партнер

Лидерите од земјите на Западен Балкан вчера остварија средба со британскиот премиер Борис Џонсон и британската министерка за надворешни работи Лиз Трас. Официјален Лондон ја потврдил посветеноста на Обединетото Кралство кон регионот, додека лидерите се согласиле дека заеднички одговор е потребен како одговор на нападите врз Украина, напиша на Твитер амбасадорката на Обединетото Кралство во Скопје, Рејчел Галовеј. https://twitter.com/RGallowayUK/status/1498446494323642371 Премиерот Димитар...

Русија го затвори своето небо за прелети од 36 држави

Русија воведе реципроцитет кон дел од земјите кои одлучија да го затворат својот воздушен простор за прелети на руски авиони. „Во согласност со нормите на меѓународното право, како одговор на забраната на европските држави дека обавувањето на летовите на цивилните авиони со кои управуваат руските авиопревозници и/или се регистрирани во Русија , воведено е ограничување на летовите на авиопревозниците од...

Во Русија ограничен пристапот кон социјалната мрежа Твитер

Во некои делови од Русија пристапот на корисниците кон социјалната мрежа Твитер е ограничен, потврдуваат за Би-би-си од компанијата. „Свесни сме дека Твитер претрпува рестрикции и го ограничува пристапот за некои корисници во Русија и работиме на тоа да ги задржиме нашите услуги безбедни и достапни“, велат од компанијата во изјавата за британскиот медиум. Компанијата за следење на сајбер безбедност и...

Пендаровски на вонреден Самит на НАТО: Потребно е Алијансата да го покаже своето единство

Претседателот Стево Пендаровски попладнево учествуваше на вонредниот виртуелен Самит на НАТО, на ниво на шефови на држави и влади, на којшто се разговараше за безбедносната ситуација во и околу Украина. Во своето обраќање на состанокот, претседателот Пендаровски потенцираше дека во овој критичен момент за меѓународниот правен поредок, за мирот и за безбедноста на Европа, потребно е Алијансата да го покаже...

Финска размислува за членство во НАТО, дели граница со Русија од над 1.300 километри

Финската премиерка Сана Марин во националниот парламент изјави дека размислува за членство во НАТО, доколку тоа е потребно за финската национална безбедност. Таа додаде дека војна од поголем обем денеска е многу поверојатна по подолг историски период. За почетокот на нападот на Русија врз Украина, премиерката Марин рече дека акцијата ќе има долгорочни последици по односите меѓу Финска и...

Османи: Нашите дипломати и неколку граѓани во Киев се во скривница, се обидуваме да ги евакуираме

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес конференција по повод посетата на неговиот српски колега Никола Селаковиќ, соопшти дека постојано е во контакт со нашата амбасада во Киев, како и со наши граѓани кои се обидуваат да заминат од Украина. „Ние сме во комуникација со нашата амбасада. За жал, ситуацијата не е добра, особено во Киев. Амбасадорот и...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...