fbpx
Таг: укинување

таг: укинување

ДУИ најави амандман за укинување на патните трошоци на сите функционери

Пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми на комисиската расправа за финансирање и буџет најави дека пратеничката групa на ДУИ ќе поднесе амандман за укинување надоместокот за патни трошоци на сите функционери. Според него, новинарите немале други теми и им вршеле атак на пратениците и ги направиле „дежурни виновници“. - Ајде на овој начин да ги испровоцираме другите функционери и да не сме...

Делави: Ќе има последици ако се укине специјалниот суд на Косово

Амбасадорот на САД во Косово, Грег Делави денеска изјави дека пратениците во косовското собрание кои ја поддржаа иницијативата за укинување на специјалниот суд за воени злосторства извршени од припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК), како и политичарите кои ја ја предводеа, ќе се соочат со последици доколку иницијативата успее. Обраќањето на Делави во врска со специјалниот суд е одржано...

Блокирана одлуката на Трамп за укинување на програмата за помош на младите имигранти

Американскиот судија Вилијам Алсап синоќа привремено ја блокирал одлуката на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп за укинување на програмата која ги штити младите имигранти од депортација. Како што пренесуваат светските агенции, Алсап го одборил барањето на сојузната држава Калифорнија и на другите тужители да се спречи укинувањето на програмата која ги штити децата кои со родителите илегално дошле...

ВМРО-ДПМНЕ бара судот да ги ослободи притворените за 27 април

Десетици неосновано притворени граѓани наместо со своите семејства новата година ја поминаа во ладни ќелии, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и реагираат на продолжениот притвор на осомничени за насилствата во Собранието од 27 април. Од партијата велат дека притворените се „жртви на политички прогон, кои ја чувствуваат инквизицијата на 21 век на сопствена кожа“. „Притворените граѓани се лишени од загарантираните човекови права,...

Стејт департментот бара од Косово да не се укинува специјалниот суд за воени злосторства

Американскиот Стејт департмент изрази длабока загриженост поради обидите на косовскиот парламент да го укине законот за новоформираниот специјален суд за воени злосторства, кој треба да им суди на команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК) за злосторства извршени за време на конфликтот од 1998 до 2000 година. Вчера и Амбасадата на САД во Приштина соопшти дека го оценува како прогрешен...

Советот за утврдување на факти бара да не биде укинат до Нова година

Советот за утврдување на факти, кој треба да биде укинат со предлог-закон, бара од Собранието и од Министерството за правда престанокот на работа да важи од први јануари 2018 година, а не со денот на објавување на новото законско решение во „Службен весник“. Од Советот денеска соопштија дека во понеделникот доставиле барање до Собранието и до координаторите на пратеничките групи од...

Собранието го изгласа укинувањето на Советот за јавни набавки

Собранието денеска ги донесе измените на Законот за јавни набавки по скратена постапка, со кои се укинува Советот за јавни набавки. Министерот за финансии, Драган Тевдовски пред пратениците рече дека Советот не успеал да ги оствари целите поради кои бил формиран и дека со неговото укинување ќе се отстранат бирократските процедури, кои како што рече, не само што не...

Владата го утврдила текстот на одговорите на прашалникот на ЕУ за напредокот на Македонија

Владата на денешната 35. седница го разгледала и го утврдила текстот за придонесот на Македонија кон извештајот на Европската комисија, соопшти владината служба за информирање. Текстот се однесува на прашалникот на Европската Унија за утврдување на напредокот на земјата во евроинтеграцискиот процес. Исто така, на денешната седница Владата го почнала процесот за измени и дополнувања на Законот за јавни набавки,...

Психолошкиот тест отпаѓа како услов за јавните службеници и функционери

Со голем број предлог-закони за измена на постојните, власта се подготвува за исфрлање на психолошкиот тест и на тестот за интегритет како услови за вработување раководни лица и службеници во јавната администрација и во јавните установи, се гледа при прелистувањето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (ЕНЕР). Истовремено, во сертификатите за познавање англиски јазик, потребни за вработување...

Груби: Јавното обвинителство донесе правична одлука за „Монструм“

Пратеникот на ДУИ во Собранието, Артан Груби, денеска од името на партијата ја поздрави одлуката на Јавното обвинителство, кое вчера побара од Врховниот суд да ја укине пресудата на Кривичниот и на Апелацискиот суд за случајот „Монструм“ и да го врати предметот на повторно судење. Тој, на прес-конференција во седиштето на ДУИ во Скопје, истакна дека со разрешувањето на јавниот...

Гешковска: Сè во врска со „Монструм“ беше направено по закон и со докази

Сè во врска со обвинението за случајот „Монструм“ беше направено според закон и врз основа на докази, вели за „Мета“, обвинителката Гордана Гешковска, која го застапуваше обвинението за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро. Гешковска не сакаше да го коментира барањето на Јавното обвинителство за укинување на пресудите на Кривичниот и на Апелацискиот суд и за враќање на случајот „Монструм“ на...

ЗНМ: Со укинувањето на рекламите ќе прекине коруптивната врска меѓу власта и медиумите

Укинувањето на рекламите ќе ги ослободи медиумите од финансиската зависност од Владата, која во изминатиот период стана еден од најголемите огласувачи во медиумите, велат од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), по повод одлуката на Владата да ги укине владините реклами во приватните медиуми. Од ЗНМ сметаат дека на тој начин „ќе се прекине коруптивната врска помеѓу власта и медиумите, бидејќи...

Трамп го нападна лидерот на републиканците во Сенатот поради „Обамакер“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска остро го критикуваше лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел, поради неуспехот во укинувањето на законот за здравствена заштита (Обамакер) и донесувањето нов закон, јавуваат американските медиуми. Трамп го обвини Меконел дека е виновен за неуспехот на републиканците, кои имаат мнозинство во Сенатот, да го укинат законот за здравствена заштита што го воведе претходниот...

Советот за утврдување факти вели дека неговото укинување би било чекор назад

Заложбата на официјалните институции надлежноста на Советот за утврдување факти повторно да се инкорпорира во идниот Судски совет на Република Македонија не е ништо друго туку прифаќање на принципот „кадија те тужи - кадија те суди“, кој е ретрограден и напуштен во многу области, вели Сашо Поцевски, претседател на Советот за утврдување на факти и за поведување постапка за...

Божиновска: Укинувањето на титулата национален уметник е понижувачко

Укинувањето на Законот за национален уметник на Република Македонија претставува врв на понижувањето на сопствените културни дострели од страна на СДС, министерот Алаѓозовски и на Зоран Заев, изјави денеска на прес-конференција Валентина Божиновска од ВМРО-ДПМНЕ. - Со овој предлог-закон, Зоран Заев, Алаѓозовски и СДС брутално го погазија домашното културно творештво и ги потценија достигнувања на најголемите репрезенти на македонската култура...

ВМРО-ДПМНЕ: Политиката на СДСМ е „не ме гледај што правам, слушај ме што зборувам“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ попладнево на две одделени прес-конференции реагираше на назначувањето на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за потпретседател на СДСМ и на укинувањето на дисперзираните студии од страна на Владата. - СДС продолжува со лицемерната политика, која најдобро е опишана во народната поговорка „не ме гледај што правам, слушај ме што зборувам“. Зоран Заев и СДС најавуваа департизација и...

Нелоски: СДСМ укинувајќи ги дисперзираните студии уништи благородна идеја

„СДС ги укинува дисперзираните студии на дел од високо образовните установи, без притоа да направи анализа на досегашните резултати, без да го почитува високиот интерес за овој тип студии и, конечно, без да спроведе, како што често милуваат да кажат – јавна дебата за носење на оваа одлука“, обвини Владимир Нелоски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција...

СЈО бара од Врховниот суд да пресече за замрзнувањето на имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Специјалното јавно обвинителство преку барање за заштита на законитоста испратено до Врховниот суд, ја оспори одлуката на Кривичниот суд, кој одби да замрзне дел од имотот на ВМРО-ДПМНЕ, за кој, според СЈО, постојат сомневања дека е стекнат на криминален начин. Неофицијално, станува збор за зградата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, која е дел од имотот што СЈО бара да биде привермено...

Од денеска нема повеќе роаминг во земјите на ЕУ

Денеска официјално стапува на сила укинувањето на роамингот за сите корисници на мобилни телефони во земјите на Европската Унија. Владите и институциите на земјите членки на Европската Унија потпишаа договор за техничките услови за намалувањето на давачките за роаминг на телекомуникациските оператори, а тој беше изгласан на седници на Советот на Европа и на Европарламентот. Според новиот договор, цената на мобилниот...

Министерство за образование: Екстерното тестирање е укинато

Со објавувањето на трите закони за измена на законите за основното образование, за средното образование и за наставниците во основното и во средното образование во „Службен весник на Република Македонија“ бр.67 од 1 јуни 2017 година, екстерното тестирање во Македонија е укинато и нема да се спроведува, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). „Сите почнати постапки во врска со...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...