fbpx
Таг: УКИМ

таг: УКИМ

Денови на поезијата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

Соживотот може да биде и поезија, е една од пораките што одекнаа од вечерта на современа македонска поезија „Лицето на зборовите“, што Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, ја одржа во рамките на манифестацијата „Денови на поезијата“. Како што информираат од фалкултетот, заедно со македонски поети и со доајенот на македонскиот театар, Благој Чоревски, студенти што студираат македонистика, пренеле антологиски...

ФИНКИ денеска протестира за просторните проблеми, БРО не ги отстапува бараките

ФИНКИ
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) денеска во 12 часот излегува на протест пред Владата со барање за подобрување на условите за студирање на студентите поради просторниот проблем со кој се соочува установата. На протестот е најавено дека ќе се одржи и редовна седница на Наставно-научниот совет на факултетот. Со повеќе од 5.000 студенти, ФИНКИ е најброен факултет...

Најбројниот факултет во државата утре на протест пред Владата: Бараат „подобри услови за студирање“

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), со одлука на деканатската управа, утре во 12 часот излегува на мирен протест пред Владата. Покрај деканот и продеканите, членови на деканатската управа се и раководителите на институтите и еден член избран од Факултетското студентско собрание. Од факултетот соопштија дека на протестот ќе се одржи 25-тата редовна седница на Наставно-научниот совет. Целта...

МОН: ФИНКИ ќе добие свој објект, не гледаме трајно решение во идејата да се доделат просториите на БРО

Со евентуално доделување на просториите во кои во моментов е сместено Бирото за развој на образованието (БРО), Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) би добил објект кој не исполнува услови за реализација на наставата. Ова е одговорот од Министерството за образование и наука (МОН) по вчерашното јавно излагање на ФИНКИ во кое факултетот, барајќи решение за просторниот...

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

ФИНКИ
Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000 студенти, ФИНКИ е најголемата високообразовна установа во државата, но вистински предизвик за управата на факултетот е тоа што институцијата нема доволно простор за да ги смести сите запишани студенти. И покрај...

Се унифицираат платите на јавните универзитети, изгласани измените на Законот за високо образование

Со законска интервенција во Законот за високо образование, кој по скратена постапка беше изгласан денеска, се изедначи вредноста на коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи од буџетската сметка во државата. Тоа значи дека отсега, ќе биде изедначена платата на вработените во јавните високообразовни установи, која се исплаќа од средствата на буџетската сметка, за иста сложеност,...

Повисоки плати за вработените на УКИМ за 22 отсто од овој месец

Вработените на најстариот државен универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Македонија, од овој месец ќе добиваат повисоки плати во просек за околу 22 отсто, а ретроактивно ќе им се исплати и разликата за месец јануари. Со ова започнува исполнувањето на обврската на државата која произлегува од колективниот поединечен договор на оваа високообразовна установа потпишан на 29 јануари 2022 година, а со...

Комплексот кај Ректоратот на УКИМ утре без вода

Комплексот на општествени факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје утре од 9 часот наутро ќе остане без водоснабдување. За ова информираше Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје. Од таму велат дека причината за прекинот на водоснабдување е уличен дефект ф-150 мм на булеварот „Гоце Делчев“ во близина на Правниот факултет при УКИМ. Водоснабдувањето ќе биде прекинато...

Продолжен е рокот за запишување на семестар на Медицинскиот факултет во Скопје

По објавата на Мета.мк и заложбите на Универзитетското студентско собрание при УКИМ, Mедицинскиот факултет во Скопје го продолжи рокот за заверка на семестар без студентите да треба да плаќаат казна. Рокот за пријави на студентите требаше да истече денес, среде испитна сесија, а речиси 3.000 студенти имаа исти термини за носење документи, по што пред факултетот се создадоа огромни редици....

(ГАЛЕРИЈА) Студентите на протест пред МОН: Бараме промени!

Започна протестот на студентите пред Министерството за образование и наука каде стотина студенти порачаа дека бараат промени. Целта на протестот е да се истакне потребата од поголема ефикасност на институцијата, да се искаже револтот на студентите за ненавремента исплата на продолжените студентски стипендии, задоцнетите исплати на ваучерите за превоз и доцнењата со исплатите по склучувањето на спогодбите за ретроактивна исплата...

УСС-УКИМ најави протест пред МОН во понеделник

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ) вчеравечер на социјалните мрежи најави студентски протест во понеделник (05.02) во 14 часот пред Министерството за образование (МОН). Тие велат оти протестираат против неправдите врз студентите и против неефикасното работење на МОН. Протестот на студентите доаѓа по реакциите од студентските организации дека стипендиите за постојните и новите корисници доцнат....

Мета факт: Не е точно дека се заговара покачување на школарината што ја плаќаат студентите на УКИМ

Низа објави на социјалните мрежи и медиумите изминатиов викенд го кренаа алармот меѓу македонските студенти, преку (дез)информацијата дека школарината што на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) ја плаќаат идните академски граѓани, наводно ќе се зголеми двојно. Овие наводи денеска ги демантираа и ректорката на УКИМ, Билјана Ангелова и Министерството за образование и наука (МОН). Меѓу првите објави и соопштенија...

Студенти на УКИМ ќе одат на обуки за дезинформации и односи со јавност

Студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе имаат можност да се стекнат со практично искуство посетувајќи обукина еден од Регионалните центри за справување со дезинформации и односи со јавност кој наскоро се очекува да ја добие НАТО акредитација. Ова, меѓудругото, е предвидено со меморандумот за соработка кој денеска го потпишаа ректорката Биљана Агелова и министерката за одбрана Славјанка...

Шорткат: Услугите на УКИМ ќе се плаќаат онлајн

Професори и асистенти на УКИМ направија систем со кој им се овозможува на студентите услугите на факултетите да ги плаќаат онлајн. Ќе станат ли уплатниците и редиците во банка минато за студентите, дознајте во новата епизода на „Шорткат“. Во вестите за млади информираме и за предложените измени на Законот за средно образование, невработените магистри и доктори, како и за носењето...

Зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (МСМЈЛК) ја организира четвртата зимска школа која ќе трае пет дена, односно до 26 јануари (на далечина), информираат оттаму. Директорката проф. д-р Кристина Николовска кажа дека годинава со нов концепт и со проактивност, поттикнале голем интерес за македонистиката во светот. На Зимската школа ќе учествуваат 81...

Од февруари студенти од Тирана ќе учат македонски јазик во новоотворениот Лекторат

Студенти кои живеат во Тирана, од вториот семестар, ќе започнат да учат македонски јазик во новиот Лекторат кој е отворен во главниот албански град, поточно на тамошниот Факултет за странски јазици при Универзитетот во Тирана. Како што информираат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, наставата ќе ја одржува новоизбраната лекторка д-р Славица Свидерска. „Во...

В петок Отворен ден на УКИМ за идните студенти

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје в петок, на 10 декември, организира Отворен ден за сите матуранти и идни студенти. Настанот ќе се одржи во периодот помеѓу 10 и 12 часот, како и од 12 до 14 часот, на секој од факултетите во рамки на универзитетот. На Отворениот ден ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите...

Савче Ѓошева е новата студентска правобранителка на УКИМ

Студентката Савче Ѓошева е избрана за нова студентска правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). Ѓошева е студентка на Филолошкиот факултет, а претходно ја извршуваше функцијата в.д. претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, до изборот на новиот претседател Александар Николовски. Од УСС УКИМ им порачуваат на студентите, доколку се случи нивните права во текот на студиите да...

УСАИД со нов проект: Младите имаат потенцијал, но не и поддршка

Младите во земјава имаат многу потенцијал, а решението не е во иселувањето во странство, туку е потребно е да се поддржат и да се вклучат во заедницата. Ова беше пораката од настанот кој се одржа денеска во „Нетавил“ во Скопје на кој официјално се потпиша меморандум меѓу УСАИД и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје. Станува збор за...

Објавен е конкурс за избор на студентски правобранител на УКИМ

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (УСС УКИМ) денеска објави конкурс за избор на студентски правобранител. Според конкурсот, заинтересираните кандидати треба да се редовни студенти на некој од факултетите на УКИМ, а потребно е да испратат биографија и предлог-цели за двегодишниот мандат на адресата [email protected]. Изборот на студентски правобранител го врши универзитетскиот Сенат на предлог од...

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...