fbpx
Таг: угостителски објект

таг: угостителски објект

Прилепчанка прскала запалива течност во угостителски објект и се заканувала со пожар

Полицајци во Прилеп вчера доцна вечерта ја уапсиле прилепчанката К.И.(32), под сомнение за кривично дело „предизвикување општа опасност" по чл. 288 од КЗ. Случајот вчера околу 22 часот во ОВР Прилеп го пријавил Т.К.(61) од Прилеп, кој известил дека половина час претходно во неговиот угостителски објект во Прилеп влегла К.И. и со шише наполнето со запалива течност прскала по подот...

Полицијата во Чегране откри мини зоолошка градина со диви животни без соодветна дозвола

Во угостителски објект во тетовското село Чегране денеска е пронајдена мини зоолошка градина со диви животни без соодветна дозвола, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 20.11.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција -  Секторот за општ и насилен криминал, во содејство со Оддел за специјални полициски операции, СВР Тетово, инспектори од Државен инспекторат за...

Приведени 13 лица на две домашни забави во Скопје и сопственик на угостителски објект во Тетовско

Во период од 24 часа, полицијата привела дури 14 лица кои не ги почитувале мерките за заштита од ковид-19, од кои 13 лица кои биле на две забави во Скопје и сопственик на угостителски објект во Тетовско, кој работел по крајот на работното време одредено со антиепидемиските мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Во тетовското село Горно Седларце вчеравечер...

Казна од 6.000 евра поради гласна музика и бучава за кафе-барот „Интермецо“ во Капиштец

Општина Центар соопшти дека по бројните поплаки од граѓаните кои живеат во близина на кафе-барот „Интермецо“ во Капиштец, кои се жалеле на бучавата и гласната музика која се слуша од локалот, општинската Инспекција за животна средина на кафе барот, поради гласна музика му изрекле мандатна глоба во висина од 6.000 евра во денарска противредност. „Проблемот со гласната музика и бучавата...

Се врши вештачење на снимките од локалот во кој присуствувал Христијан Мицкоски

На денешната прес-конфренција, заменик дополнителната министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска информираше за деталите од настанот во скопско Дебар маало на 3 јуни, кога во затворен дел од угостителски објект беше присутен опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски. Петровска појасни дека од исказите на очевидците, односно вработените во објектот, идентификувани се сите четворица кои го придружувале Мицкоски. „Можам само да ви потврдам дека...

Молотов коктел фрлен во угостителски објект во Тетово

Утрово, околу 4.30 часот, две непознати лица го искршиле изложното стакло и фрлиле молотов коктел во угостителски објект во Тетово, информираат од МВР. Случајот бил пријавен од очевидец, а екипа на тетовската противпожарна бригада го изгаснала пожарот, во кој биле оштетени неколку маси и столови во објектот, лоциран на крстосницата од улиците ЈНА и Јане Сандански. Полициските екипи кои извршиле увид,...

Фрлен молотов коктел во локал во Тетово

Непознат сторител, утрово околу 4 часот, фрлил молотов коктел на улицата ЈНА во Тетово, кај угостителскиот објект „Бар код“, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, во случајот нема повредени лица, а била причинета материјална штета. Полициска екипа извршила увид на местото и презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Пејачки и танчарки од Албанија откриени во угостителски објект во Гостивар

По наредба за претрес од Основниот суд-Гостивар, овластени службени лица при МВР и УЈП извршија контрола во угостителскиот објект „Нота“ во гостиварското село Чегране. При врачување на наредбата за претрес на сопственикот Ш.Ш., тој вербално нападнал еден од полициските службеници и сакал физички да се пресмета, по што избегал од објектот. По извршената контрола и претрес во објектот, затекнати се и пронајдени осум државјанки на Албанија,...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...