!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Папата замоли за прошка поради улогата на Црквата во геноцидот во Руанда


Ватикан, 20 март, 2017 - 20:47 (META) 

Папата Франциск замоли за прошка поради „гревовите и грешките на Црквата и на нејзините членови“ за време на геноцидот во Руанда во 1994 година.

Тој на претседателот на Руанда, Пол Кагаме, му рече дека се надева дека неговото извинување ќе ѝ помогне на земјата да ги залечи раните.

Во изјава по нивниот состанок, Ватикан призна дека некои католички свештеници и чесни сестри „подлегнале на омразата и на насилството, издавајќи ја нивната мисија“ со тоа што учествувале во геноцидот.

За време на геноцидот, кој траел 100 дена, екстремистите Хуту убиле повеќе од 800.000 Тутси.

Според зборовите на преживеаните, многу жртви биле убиени од свештени лица и чесни сестри, а владата на Руанда соопшти дека многумина умреле во црквите во кои барале засолниште.

Ватикан соопшти дека папата ја пренел тагата на Светиот престол и на Црквата поради геноцидот и изразил солидарност со жртвите.


Се преврте брод во Уганда, загинаа 30 лица


Кампала, 26 декември, 2016 - 18:25 (META) 

Најмалку 30 лица загинаа откако се преврте брод на езерото Алберт во Уганда.
Властите соопштија дека најмалку 10 лица се удавиле, а повеќе од 20 лица се водат како исчезнати по несреќата.

Во полициското соопштение се наведува дека 15 лица ја преживеале несреќата.

На бродот се наоѓале 45 членови на локалниот фудбалски клуб и нивни навивачи, изјави полицаецот Џон Рутангир.

Според неговите зборови, спасувачите досега пронашле девет тела.

Бродот станал нестабилен поради преголемиот број патници и се превртел на едната страна.


Масакрирани 22 цивили во Конго


Киншаса, 26 декември, 2016 - 11:07 (META) 

Најмалку 22 цивили се убиени за време на викендов во масакр во провинцијата Северен Киву во Конго, соопштија локалните власти.

Претставникот на провинцијата Северен Киву, Амиси Калонда, изјави дека „крвопролевањето“, за кое ги обвини бунтовниците од Уганда, се случило во градот Ерингети, кој е погоден со бран напади во кои настрадаа повеќе од 700 цивили.

Калонда наведе дека за вчерашниот напад се одговорни Обединетите демократски сили (АДФ), групи бунтовници во кои доминираат пуритански муслимани од Уганда.

– АДФ уште еднаш ги турна луѓето од Ерингери и од околните области во жалост – рече Калонда.

Тој рече дека АДФ вчера убиле 10 цивили, а уште 12 тела денеска се пронајдени во околните села.

„Нивниот начин на убивање е секогаш ист – вели Калонда и додава дека тие секогаш убиваат со ножеви и со мачети.


Сепаратисти нападнаа патрола во Уганда, 55 лица убиени


Кампала, 27 ноември, 2016 - 16:30 (META) 

Најмалку 55 лица се убиени во западниот дел на Уганда при жестоки судири на безбедносните сили на Уганда и на сепаратистите.

Судирите се поврзуваат со локалниот племенски поглавар кој не го признава претседателот на државата.

До судирот дошло кога сепаратистите, членови на племето Рвензуруру, ја нападнале патролата на безбедносните сили.

Според податоците на полицијата, загинале 14 полицајци и 41 сепаратист.