fbpx
Таг: УЕФА

таг: УЕФА

Шефот на УЕФА, Платини, добил понуда да се кандидира за претседател на ФИФА

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, бил замолен од мнозинството шефови на светските фудбалски организации да се кандидира за нов претседател на Светската фубдалска организација ФИФА, јавува Радиото 5 на „Би-Би-Си“. Според информациите, на Платини му била гарантирана поддршката од неговата конфедерација, од Азиската, Јужна Америка и од Северна и Централна Америка и Карибите. Сега, како што јавува „Би-Би-Си“, само му останува...

ФФМ: Скопје ја доби честа да биде домаќин на Европскиот суперкуп во 2017 година

Фудбалската федерација на Македонија ја доби довербата од УЕФА за организација на ексклузивниот дуел меѓу победниците на Лигата на шампионите и Лигата на Европа за сезоната 2016/17 година, објави ФФМ. Одлуката ја донесе извршниот комитет на Европската фудбалска унија на состанок во Прага, а на прес-конференција ја соопшти Џани Инфантино, генерален секретар на УЕФА. Скопје во август 2017 година ќе биде...

УЕФА покрена истрага против Интер, Ловерпул, Монако…

Европската фудбалска федерација почна истрага за кршење на финансискиот фер плеј против пет тимови, но ја проширува својата истрага и врз други клубови. Истрагата е покрената против Хал, Спарта од Прага, Лион, Рух и Волфсбург. Тимовите ќе мора да ги испратат своите документи во седиштето на европската федерација, но за нив засега не се изречени никакви санкции. УЕФА, исто така, ја...

УЕФА почна дисциплинска постапка против Галатасарај

УЕФА почна дисциплинска постапка против турската екипа Галатасарај поради тоа што нејзините навивачи, на натпреварот против Андерлехт, во Младинската фудбалска лига на шампиони, предизвикаа прекин со фрлање пиротехнички средства, а потоа почнаа со националистички скандирања кон Србија и убиениот навивач на Црвена звезда, Марко Ивковиќ. Се очекува турскиот фудбалски гигант да заработи висока казна.  

12.000 евра казна за Македонската фудбалска федерација

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја казни Фудбалската федерација на Македонија со 12.000 евра. Телото за контрола, етика и дисциплина ја изрече оваа казна за ФФМ поради однесувањето на дел од гледачите на трибините на „Филип Втори“ на квалификацискиот натпревар за ЕП 2016, Македонија -­ Луксембург, на 9 октомври, за употреба на ласер.

УЕФА: Судијата не го оштети Сити

Европската фудбалска унија соопшти дека судијата Тасос Сидиропулос во извештајот навел дека не му дал жолт картон на играчот на ЦСК на натпреварот со Манчестер сити. Преносот од натпреварот во кој ЦСК го победи Сити со 2:1 покажа дека Сидиропулос требало да го санкционира Понтус Вернблум поради фаул над Серхиј Агуеро во 77. минута. Но, наместо Вернблом да добие жолт картон,...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...