fbpx
Таг: училиште

таг: училиште

Дојава за бомба во „Блаже Конески“ во Аеродром

Во ОУ „Блаже Конески“, во Аеродром, имало дојава за бомба, поради што учениците веднаш ги напуштиле училниците, а како што нè информираат дел од загрижените родители, на децата им било кажано да си одат дома и дека втора смена нема да има. Од СВР Скопје сè уште ја проверуваат информацијата.

Пожарот во „Јан Амос Коменски“ бил од заборавена греалка?

Пожар во работилница во подрумските простории избувнал утринава во Основното училиште „Јан Амос Коменси“ во Скопје. Командирот на скопската Противпожарна бригада, Благоја Менковски, за новинската агенција „Мета“ изјави дека веднаш било реагирано и пожарот е ставен под контрола. - Во работилница во подрумската просторија на училиштето, најверојатно од заборавена греалка избил пожар. Нема повредени, а пожарот е целосно изгаснат - изјави за...

„Илинден“ : Во Требиште да се учи на македонски јазик

Македонското здружение „Илинден – Тирана“ од Голо Брдо бара во основното училиште  „Десет маченици“ во Требиште да се држи настава по македонски јазик. - Се надеваме дека барањето на родителите ќе биде прифатено и ќе се земе предвид да се учи на македонски јазик. На барањето се потпишаа и 182 родители кои го поддржуваат овој предлог - се вели во соопштението...

Учениците во Кичево, в понеделник на училиште

Владата на Република Македонија на вчерашната седница донесе одлука со која обезбеди 50 тони нафта за греење и 10 тони нафта за превоз за кичевските училишта. Учениците од понеделник ќе се вратат во училишните клупи, а Владата подготви и програма на кој начин ќе се дополни наставата што учениците ја пропуштија поради проблемот со греењето.

Кичевските училишта сè уште без греење

Училиштата во Кичево сè уште се без греење затоа што Владата не донела одлука да се одобри нафта од стоковите резерви. Иако ова беше најавувано уште пред неколку недели, нема ништо од нафтата, а учениците веќе еден месец не одат на училиште. Министерот за образование Абдулаќим Адеми на брифинг со новинарите рече дека нафта ќе се добие, но пропуштените часови...

Скратени часови за учениците во Струга и во Кичево

Струшките основни училишта „Јосип Броз Тито“ и „Браќа Миладиновци“ и нивните подрачни центри во селата Лабуништа, Ливадишта и Радолишта сè уште се без струја поради неисплатени долгови. Поради тоа часовите за учениците од овие училишта се скратени по 15 минути. Повеќе, пак,  од 1.200 ученици од Кичево веќе трета недела не следат настава затоа што училиштата нема со што да се затоплуваат.

Професор претепал ученик во скопско Студеничани

Тринаесетгодишен ученик бил претепан од професор во училиштето на скопското село Студеничани. Момчето имало повреди на главата и побарало лекарска помош, пренесува „МКД“. Чичкото на ученикот, во изјава за телевизија „Сител“, рекол дека инцидентот се случил во основното училиште „Наим Фрашери“. Повеќе информации за случајот се очекува полицијата да соопшти во текот на денот.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...