fbpx
Таг: училиште

таг: училиште

Странски наставници во посета на Скопје: Децата сè помалку користат моливи и пенкала

Денешните ученици не сакаат да читаат. Не им се допаѓа традиционалниот начин на читање. Нашата главна борба се состои токму во тоа, да ги натераме да читаат книги, да читаат текстови бидејќи тие немаат трпение за читање и анализа. Анализата значи дека мора да се размисли барем неколку минути за тоа што се чита, но децата немаат време за...

Повредени четворица ученици во напад со нож во германско училиште

Четворица ученици се повредени, од кои двајца потешко, во вчерашниот напад во училиште во Вупертал, западна Германија, соопштија полицијата и официјалните лица, а пренесе германската агенција ДПА. „Првичните сознанија се дека осомничениот напаѓач, кој сега е во притвор, е 17-годишен ученик во училиштето“, изјави Херберт Реул, покраинскиот министер за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија. Полицијата соопшти дека и осомничениот е...

Со молитва и торта со ликовите на Џафери и Ахмети, започна изградбата на училиште во Селце

По многу одложувања, денеска почнаа градежните работи за изградба на основното општинско училиште „Рилиндја“ во Селце, Тетово. За поставување на камен-темелникот во ова село ДУИ собра многу функционери, почнувајќи од премиерот, првиот вицепремиер, министерот и заменик министерот за образование, директори, градоначалници, функционери, заменици. Немаше претставници од општина Тетово,бидејќи, како што рекоа, не биле поканети. Реагираа од Движењето Беса кои...

Со пари од Светска банка поставена нова ИТ опрема во 40 училишта

Во 40 училишта во државата поставена е нова, современа опрема преку која учениците ќе можат безбедно да пристапуваат до глобалната интернет мрежа, за да полесно ги совладуваат наставните материјали, а истовремено да пребаруваат и дополнителни едукативни содржини, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН). „Пристапот е овозможен преку безжични пристапни точки во сите училници, а пребарувањето на содржините е...

Ако соученик ве малтретира во вибер група, направете скриншот и пријавете го кај педагогот

Ученик фотографирал соученик во соблекувална пред часот по физичко образование, па потоа фотографијата ја споделил во вибер група во која сите се исмејувале со ученикот-жртва. Девојка споделила фотографија со нејзиниот дечко, но по извесно време, тој ја злоуотребил и ја споделил со сите другари, со намера да ја исмее девојката. Ученичка навредувала своја соученичка во вибер група, пред сите...

Oд новиот е-дневник наставниците нема да ги боли глава, уверуваат надлежните

Софтверското решение со единствена база на податоци и централна администрација, заедно со вградените оптимизации треба да ги реши техничките проблеми со внесот на податоците во електронскиот дневник, велат надлежните во Министерството за образование и наука (МОН), на прашањата на Мета.мк поврзани со функционирањето на новиот електронски дневник во кој ќе се внесува целата педагошка евиденција. Ова ќе значи дека...

Обвиненија за родителите на малолетникот што уби 10 луѓе во основно училиште во Белград

Против Владимир Кецмановиќ и Миљана Кецмановиќ, таткото и мајката на 13 годишникот којшто на 3 мај годинава изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на главниот град на Србија, убивајќи вкупно 10 лица, денеска беше покренато обвинение од Вишото јавно обвинителство - Белград. Обвинителството за таткото, кој се наоѓа во притвор од 3 мај, бара затворска казна од...

Со јапонска донација обновенo e кичевското училиште „Д-р Владимир Полежиноски“

Со 80,593 евра, јапонска донација, променети се вратите и прозорците во училиштето „Д-р Владимир Полежиноски“ во Кичево, а обновени се и училишните тоалети. Како што информираат од Јапонската амбасада, амбасадорот на Јапонија Оцука Казуја денеска присуствувал на церемонијата за успешно завршениот проект. „Веруваме дека инвестирањето во образованието е инвестиција во иднината. И Јапонија е силно посветена на поддршката на економскиот...

Промоција на книга за тајното женско училиште во Струга од Дијана Петрова

Во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје утревечер со почеток во 19 часот ќе биде промовирана книгата „Излегувањето од сенка“ од Дијана Петрова. Промотор на романот е Иван Антоновски, модератор на настанот е Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Настанот ќе се одржи во спомен-собата „Т’га за југ“. Романот „Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште)“...

Шаќири: Нема повеќе користење телефон на час, стручни тимови да разговараат со секое дете

Сите училишта во Македонија да одржат состаноци со сите родители на тема „Подобрување на процесите, безбедност на организација и состојбите на училишните објекти и околината“. Да се отворат дискусии за тоа, дали се потребни училишни униформи како кодекс на облекување на учениците, а родителите да се запознаат со етичкиот кодекс на наставниците и да се размисли за надополнување на...

Основното образование губи по околу 1.000 ученици годишно

За само една учебна година, бројот на ученици во основното образование се намалил за 1.015, а бројот на средношколци за дури 1.798, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). На крајот на учебната 2021/2022 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 184.910, што е намалување за 0.6 отсо во однос на претходната година, а во редовните...

Приведен средношколец од Штип, се заканувал на Инстаграм

Штипската полиција привела ученик од гимназијата „Славчо Стојменски" откако тој вчера на социјалната платформа Инстаграм објавил заканувачка порака. СВР Штип потврди дека 18-годишниот Б.Д. е приведен и дека е информиран јавен обвинител. Според соопштението на СВР Штип, се преземаат мерки за расчистување на случајот. Директорот на училиштето, Марјан Арсов, за медумите изјави дека училишните служби разговарале со ученикот и со неговите...

Сослушан таткото на детето кое уби девет лица: обвинителството бара притвор, тој го негира делото

Во Вишото јавно обвинителство во Белград, бил сослушан В. К. (47), татко на седмоодделенецот К.К., кој на 3 мај уби девет луѓе во ОУ „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар, пренесува РТС. На рочиштето таткото негирал дека сторил кривично дело и детално ја изнел својата одбрана, а обвинителството најавило дека ќе бара мерка притвор. Сослушувањето на таткото на 13-годишното дете...

Српската влада по вчерашната трагедија предлага контроли и мораториум за носење оружје

Српската влада ги донесе најновите одлуки по вчерашното деветкратно убиство во белградското училиште „Владислав Рибникар“, пишува Радио-телевизија Србија.  Владата со најновите одлуки предлага мораториум на издавање дозволи за поседување и носење огнено оружје (дозволи за набавка на оружје, потврди за оружје и слично), во наредните две години. Во рок од три месеци, мора да заврши прегледот на сите издадени дозволи...

Властите ги утврдуваат причините за деветкратното убиство во Белград, граѓаните бесни

Српските официјални власти започнаа со објавување во јавноста на првичните сознанија околу мотивите за вчерашното деветкратно убиство во Белград. Веселин Милиќ, началник на белградската полиција во вчерашното гостување во емисијата „Око“ на РТС, откри дека К.К. (13), седмоодделенецот кој вчера уби осум свои соученици и чуварот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, а рани уште шест деца и...

Вучиќ предлага мораториум за поседување оружје и кривична одговорност за лица над 12 години

Српскиот претседател Александар Вучиќ попладнево имаше свое обраќање до јавноста, по траорниот настан, кога седмоодделенец уби осум свои соученици и чуварот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, а рани уште шест деца и наставничка. Вучиќ откри повеќе детали околу случајот, а предложи и десет мерки, за кои рече дека треба да одлучат надлежните институции. Тој изјави дека ова е...

Осум деца и чуварот се убиени, откако седмоодделенец пукаше во училиште во Белград

Во пукотницата што се случи денеска во Белград, во основното училиште „Владислав Рибникар“ на Врачар, убиени се осум деца и чуварот на училиштето, потврди српското Министерството за внатрешни работи. Српската полиција соопштува дека шест деца и еден наставник се ранети и се пренесени во болница. Ученикот од седмо одделение, К.К., роден 2009 година, кој се сомничи дека пукал во своите...

„Тројка“ за училиштата од просветните инспектори: лоша хигиена и недостиг од компјутери

Лошите хигиенски услови во училиштата и во спортските сали, недостигот на нагледни средства (географски карти, глобуси, хамери, историски карти, смарт табли, геометриски тела, хербариуми и сл.) како и недостигот на компјутери и компјутерска опрема во наставата, се најчестите слаби страни кои ги нотирале просветните инспектори во нивните извештаи, кога ја оценувале работата на училиштата во Македонија. Државниот просветен инспекторат...

Ова се потребните документи за упис на прваче

Извод од матичната книга на родените, медицинска потврда од стоматолог, потврда за направен офталмолошки преглед, како и потврда за примени вакцини. Ова се документите кои треба родителите на првачиња да ги обезбедат, за да можат да ги запишат своите деца во прво одделение. Рокот за пријави почнува на 1 мај, а завршува на 31 мај. И годинава, како и минатата,...

Анкета на Мета: Средношколците на училиште најчесто јадат бурек, пециво или тост, а 30 отсто не се физички активни

Средношколците најчесто јадат бурек, хамбургер, тост или пециво додека се на училиште, а најчесто пијат кафе или вода. Ова го покажаа резултатите од анкетата што ја направи Мета.мк, со која целта беше да видиме какви се навиките во исхраната на средношколци од неколку училишта за средно образование, како и колку често спортуваат. Анкетниот прашалник го одговорија вкупно 672 ученици. Ги...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...