fbpx
Таг: училишта

таг: училишта

Брзи антигенски тестови за учениците во основните и средните училишта, најави Филипче

Најголем дел од младите корона вирусот го поминуваат без симптоми, па според тоа истите се препознаени како трансмитери на вирусот. Засега, состојбата во училиштата е стабилна, но поради претпазливост и располагање со точни информации и сознанија во подготовка е методологија за спроведување на скрининг тестирање за учениците во основните и средните училишта. Тестирањата на учениците ќе се прават со...

Царовска: Нема интерна трансмисија на вирусот во училиштата, моделот на настава останува ист

Состојбата со ковид-19 во училиштата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб, засега нема потреба од промена на моделот за начинот на одвивање на наставата, бидејќи нема интерна трансмисија на вирусот во училиштата. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска, утрово на редовниот координативен состанок со директорите на основните...

МОН: 14 ученици се ковид позитивни од околу 257.000 што посетуваат настава во училиштата

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска информираше дека 14 ученици во основните и средните училишта во земјава се позитивни на ковид-19, но ниту еден од нив не е заразен во училиште и дека не постои интерна трансмисија на корона вирусот во училиштата. Министерството за образование и наука (МОН) денеска апелираше за доследно почитување на сите мерки за заштита...

Петнаесет училишта добија мобилни станици за миење раце во пресрет на новата учебна година

Петнаесет училишта посочени од Институтот за јавно здравје и Државниот просветен инспекторат добија мобилни станици за миење раце, донирани од УНИЦЕФ и УСАИД. Денеска министерката за образование Мила Царовска, претставниците на УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани и на УСАИД, Ерик Јановски, заедно со Филип Темелковски, градоначалник на Кисела Вода и Македонскиот центар за граѓанско образование го посетија основното училиште „Климен Охридски“...

Сојузот на средношколци апелира учениците да ги почитуваат здравствените протоколи со почетокот на учебната година

Сојузот на средношколци ги повика сите ученици во средните училишта да ги почитуваат здравствените протоколи како единствен и најдобар начин да се заштитат, пред почетокот на новата учебна година која е предвидено да започне на 1 септември. Колку што е важен квалитетот на образовниот процес, толку е важно и здравјето на средношколците, велат од Сојузот. Со цел да се зголеми нивото...

Вистиномер: Лага е дека од септември децата во училиштата тајно ќе се вакцинираат

Од Министерството за здравство велат дека се невистинити информациите оти од септември се подготвува тајна вакцинација на децата во училиштата. Оттаму нагласуваат дека лица постари од 18 години се имунизираат по сопствена волја, а деца од 12-18 годишна возраст исклучиво со согласност од родител. Малолетните лица во земјава се вакцинираат со вакцината од производителот „Фајзер“, пишува „Вистиномер“ во својата...

Сојузот на средношколци ја поздрави одлуката за отворање на училиштата и настава со физичко присуство

Сојузот на средношколците денеска одржа состанок со министерката за образование и наука Мила Царовска, на кој ја поздравија одлуката на Владата за започнување на новата учебна година со физичко присуство. Тие го споделија заедничкиот став со министерството дека отворањето на училиштата под здравствени протоколи е најдобра опција за сите ученици. „Задоволни сме од донесената одлука, бидејќи ние и минатата учебна...

Имаме највисока стапка на вакцинација споредено со многу земји во регионот, вели Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека во овој момент имаме највисока стапка на вакцинација споредено со многу земји во регионот, па дури и во овој дел на Европа. „Искрено верувам дека така и ќе продолжиме. Изминатава недела имаме прилично висок процент за вакцинација што сметам дека е многу добро и се надевам дека така и ќе продолжи,“ рече Филипче,...

Филипче: Во септември учениците може да се вратат во клупите, при крај се протоколите за работа на училиштата

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека се речиси готови протоколите за враќање на сите ученици во училиштата во новата учебна година што започнува во септември. Тој денеска оцени дека ако ситуацијата со ковид-19 во септември биде како сега, учениците треба да се вратат во училиштата. „Скоро се готови протоколите за работа на училиштата од септември. Има уште некои технички...

ФИТР: Поддршка за над 150 ученици од целата држава за иновативни зелени проекти

Вкупно деветнаесет основни и средни училишта од целата држава ќе реализираат зелени проекти за зачувување и унапредување на животната средина и биодиверзитетот, информираат од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Проектите се наградени во рамките на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи #4 – зелени проекти”, кој го спроведува Фонд за иновации и технолошки развој во соработка со Министерството...

На 14 јуни започнуваат уписите во средните училишта за следната учебна 2021/2022 година

Уписите во средно образование ќе се реализираат преку три пријавувања во текот на следниот месец, почнувајќи од 14 јуни, информираат од Министерство за образование. Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, поточно на 23 август, за што доставуваат доказна...

Дезинформација е дека на партиските избори се гласаше во училиштата, велат од МОН

Министерството за образование и наука (МОН) ги отфрли како невистинити информациите дека на внатрепартиските избори кои се одржаа во неделата, а на кои се бираше претседател на Социјалдемократскиот сојуз, гласањето се одвивало во училиштата. Станува збор за груба, намерна манипулација и дезинформација, велат од МОН. „Не се гласало во ниту едно училиште на територијата на Република Северна Македонија“, додаваат оттаму потенцирајќи...

Царовска: Засега не се предвидени нови мерки во училиштата бидејќи таму нема ширење на заразата со ковид-19

Состојбата во училиштата е стабилна, нема ширење на заразата со ковид-19, изјави денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска на новинарско прашање поврзано со предвидени нови заштитни мерки од корона вирусот, имајќи ја предвид актуелната состојба во државата. „Сите протоколи се спроведуваат, немаме интерно ширење на заразата и засега не се размислува за нови мерки во училиштата“, рече министерката. Меѓу...

Фактоје: Реконструкцијата на училиштето во Пустец сè уште не е започната

За време на заедничката официјална посета на Пустец, општина населена од македонско малцинство во Албанија, министерката за образование Евис Куши вети дека ќе обезбеди услови за учење јазик и вклучување во бесплатната шема за учебници. Во меѓувреме, премиерот Зоран Заев гарантираше донација од 30.000 евра од претприемачи на РСМ, за реконструкција на надворешниот дел на училиштето, пишува албанскиот сервис...

Со законски измени игрите на среќа ќе се оддалечат на 500 метри од училиштата и факултетите

Министерство за финансии подготвува измени на Законот за игрите на среќа и за забавните игри кои предвидуваат просториите во кои се приредуваат игри на среќа да бидат оддалечени на половина километар од училиштата и факултетите. Во најавата за законските измени, објавена на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), се вели дека со постојниот закон не е уредена оддалеченоста на...

Инклузивното образование зависи од подготвеноста на заедницата да ги почитува човековите права

Обуки на наставниците со практична и теоретска настава за работа со деца со попреченост, поголема вклученост на дефектолозите и другите стручни лица како образовни асистенти, задолжителна едукација на факултетите за идни наставници и професори, но и воведување на асистивна технологија се дел од препораките на наставниците за подобрување на инклузивното образование на денешниот онлајн научен собир на тема „Воспитувањето...

По написот на „Порталб.мк“, поставени столбови околу ОУ „Истикбал“ во Тетово (ФОТО)

Десетина дена откако „Порталб.мк“ информираше дека учениците од ОУ „Истикбал“ во Тетово секој ден се принудени да пешачат на улица бидејќи на тротоарите околу училиштето постојано има паркирани автомобили, Општина Тетово постави столбови за да се спречи паркирањето. Учениците на ОУ „Наим Фрашери“ и денеска продолжуваат да се движат по улица наместо по тротоар, пишува „Порталб.мк“. Не само околу училиштата,...

Училиштата да се затворат единствено кога ќе нема други алтернативи, вели претставничката на УНИЦЕФ во земјава

Кога се размислува дали да се укине наставата со физичко присуство треба да се направи добра проценка за придобивките наспроти ризиците имајќи ги предвид здравствените, образованите и другите социо-економски фактори. Она што со сигурност го знаеме е дека затворањето на училиштата има јасни негативни ефекти врз здравјето, образованието и развојот на децата, семејниот приход и вкупната економија, истакнува Патриција...

Царовска: Се разгледува опцијата парите за греење на училниците да се пренаменат за ИТ уреди

Во пресрет на зимскиот период и грејната сезона што следи, а поврзано со загревањето во училиштата, министерката за образование и наука Мила Царовска при денешна посета на училиште во Кочани изјави дека се разговара за рационализација на средствата што се трошат за греење во училиштата и нивна пренамена во вложување во ИТ уреди. „За да не се расфрламе со пари...

Германија инвестира 500 милиони евра во системите за вентилација поради корона вирусот

Германската влада донесе одлука да инвестира 500 милиони евра за подобрување на системот на вентилација во јавните установи, со цел да се спречи ширењето на корона вирусот. Ќе се доделуваат неповратни средства за да се подобри циркулацијата на воздухот во јавните установи, музеите, театрите, факултетите и училиштата. Приватните компании засега не можат да се пријават за овој вид на...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...