fbpx
Таг: училишта

таг: училишта

УНИЦЕФ загрижен поради прекинот на наставата на учениците, ќе мора да се надомести изгубеното

УНИЦЕФ е сериозно загрижен поради продолжениот прекин на наставата и повикува да се преземат мерки со кои ќе се овозможи децата од основното и средното образование да ја надоместат изгубената настава веднаш откако ќе се вратат на училиште, се наведува во денешното соопштение од УНИЦЕФ, откако постана јасно дека штрајкот на наставниците продолжува низ училиштата во земјава. Од УНИЦЕФ велат...

Попладнево средба на СОНК и Владата, ако нема договор, штрајкот ќе продолжи и утре

Во владата попладнево ќе се одржи нова средба меѓу Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) како уште еден обид да се постигне договор за завршување на штрајкот во училиштата и градинките во земјава. Покрај претседателот на СОНК Јаким Неделков, на денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе биде и...

Нова епизода на „Шорткат“: Репортажа од Чешка за тоа како може да се зачува индустриското наследство

Во емисијата „Шорткат“ неделава ја објавуваме репортажата од локалитетот Долњи Витковице, кој претставува заштитено индустриско наследство во чешкиот град Острава. Овој некогашен комплекс не е напуштен и заборавен како фабриките „Треска“, „Купром“ и Стакларницата во Скопје, туку е претворен во креативен центар што го посетуваат над 1,3 милиони лица од целиот свет. Во денешната епизода информираме и за големиот пожар...

Штрајкувачите ќе добијат само пари за придонеси, штрајкот продолжува и утре

Mинистерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, денеска изјави дека на оние кои штрајкуваат во училиштата и во градинките, ќе им бидат исплатени само придонеси. Таа кажа дека тоа не значи дека врз вработените се прави притисок да го прекинат штрајкот, туку, според неа, тоа е само почитување на законите и колективниот договор. Согласно последната одлука на Советот...

Народен правобранител: Образовниот процес на децата не треба да трпи последици од штрајкот

Правото на штрајк и правото на образование се две уставно загарантирани права, но во ситуација при судир на овие две права, според сите меѓународни документи и според Конвенцијата за правата на детето, предност се дава на правата на децата, што значи дека воспитно - образовниот процес не треба да трпи последици. Ова денеска го изјави Народниот правобранител Насер Зибери. Тој...

Малолетничките бракови во фокусот на новата епизода на „Шорткат“

Проблемот со малолетничките бракови е во фокус на новата епизода на информативната емисија за млади „Шорткат“. Согласно податоците од организациите, тие се особено чести во средини каде што живее најсиромашното население. Освен што склучувањето брак влијае негативно врз здравјето на малолетните девојчиња, тоа е и една од причините што тие престануваат да се образоваат, затоа што од нив се...

Прв ден штрајк на наставниците: Во некои училишта децата се прифаќаат и има настава, во други цели колективи не работат

На првиот ден од штрајкот кој го организира раководството на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), сликата во училиштата е различна. Во некои училишта се прифаќаат деца и настава се одржува, а во други места, пак, цели наставнички колективи се во штрајк и не прифаќаат деца. Директорот на гимназијата „Орце Николов“, Митко Димовски за Мета вели дека две третини...

СОНК од утре ќе штрајкува, бара Владата да го „одврзе ќесето“

Штрајкот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) ќе се одржи утре. Членовите на синдикатот ќе штрајкуваат со неизвршување на работните задачи на работното место, односно ќе бидат сместени во простории што заеднички ќе ги договорат со директорите на установите и нема да ги извршуваат своите воспитно-образовни и згрижувачки дејности, соопшти на прес-конференција Јаким Неделков, претседател на...

СОНК најавува штрајк од 11 април, нема да има настава и згрижување деца

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) донел одлука за организирање на генерален штрајк во образованието и градинките кој ќе започне од 11 април, затоа што не постигнале договор со надлежните за зголемување на платите. Како што соопштија оттаму, во изминатиот период оствариле повеќе средби во Владата, но и со социјалните партнери - министерствата за образование и наука...

Петличковски: Не стравувам дека ќе се шири вирусот кога децата ќе ги извадат маските

Лично не стравувам дека ќе се прошири вирусот ковид-19 откако децата ќе престанат да ги носат маските додека се на настава, бидејќи преносот во училиштата е на многу ниско ниво. Ова за Мета го изјави имунологот Д-р Александар Петличковски, претседателот на Комисијата за заразни болести, по најавената одлука за престанок на важноста на одлуката за задолжително носење заштитни маски...

Координативниот кризен штаб предложи укинување на маските во училиштата и зголемување на дозволениот број на луѓе во затворени простори

Главниот координативен кризен штаб за справување со КОВИД-19 (ГККШ) вчера ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести и на Владата и упати предлот за измена на одлуката за носење маски во училиштата. Ако Владата го прифати предлогот, учениците во основните училишта ќе посетуваат настава без маски, освен ако ученикот по сопствена волја не бара да носи заштитна маска....

„Шорткат“: Јавниот превоз сè помалку атрактивен за младите

Во фокус на новата епизода на емисијата „Шорткат“ е интересот на младите за користење на јавниот градско-приградски превоз, кој забрзано опаѓа. Младите го користат само затоа што мораат, односно немаат дуга опција. Доколку имаат можност за избор, пак, најголем дел од нив би одлучиле да возат автомобил. Во ова издание на „Шорткат“ ги прикажуваме резултатите од онлајн анкетата што...

Нема повеќе „копи-пејст“ проектни задачи за матурскиот испит

Учениците што се во завршна година ќе полагаат државна матура во јуни. Во Државниот испитен центар (ДИЦ) информираат дека веќе се при крај со организациските подготовки за испитот на зрелоста. Како што објаснува директорката Елизабета Наумовска, годинава ќе има новини само во однос на изработката на проектната задача, а по останатите предмети полагањето ќе остане исто. „Прашањата се направени, учениците...

Почна скринингот, 5.000 родители се согласиле на децата да им се земе брис за ковид-19

Министерството за здравство информира дека денеска започна реализацијата на скринингот во неколку oсновни училишта во Скопје. Досега, како што информираат оттаму, се добиени 5.000 согласности од родители за оваа цел. „Скринингот во училиштата е веќе отпочнат. Завршена е првата фаза во однос на добивање и обработка на согласностите од родителите. Голем е интересот за учество во скринингот и досега се...

Ковид-19 се шири меѓу учениците, од утре започнува скрининг во училиштата

Бидејќи се загрижувачки бројките на заболени ученици од ковид-19 што посетуваат настава во училиштата, од утре започнува скрининг во основните училишта каде што бројките се зголемени, најавија денеска одговорните во Комисијата за заштита од заразни болести (КЗБ). „Во средните училишта нема таква состојба, таму засега е стабилно. Но, има загрижувачки бројки во основните училишта, а тоа е аларм да иницираме...

Зголемен бројот на заболени деца од ковид-19, ќе се прави скрининг во училиштата

Бројот на нови случаи со ковид-19 и процентот на позитивни од тестираните лица е во опаѓање последната недела. Сепак, во овој период во земјата биле регистрирани 320 заболени деца на возраст меѓу 6 и 14 години, а седмицата пред неа имало 200 заболени деца, објасни претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски. Ова претставува зголемување од околу 60...

Учениците од утре на тринеделен зимски распуст

Учениците од основните и средните училишта денеска го завршуваат првото полугодие од учебната година. Тие од утре се на тринеделен зимски распуст. Според календарот на Министерството за образование и наука (МОН) предвидено е да се вратат на настава на 20 јануари, односно тогаш ќе почне второто полугодие. Претходно министерката за образование Мила Царовска рече дека засега нема потреба од продолжување на...

Од јануари ученичките во средните училишта во Скопје ќе добијат бесплатни менструални производи

На вчерашната седница на советот на Град Скопје по предлог амандман предложен од страна на советничката Теодора Крстевска изгласани се 2.000.000 денари од буџетот на градот кои ќе бидат наменети за обезбедување на бесплатни менструални производи за средните училишта. „Со тоа ќе се ублажи проблемот со менструалната сиромаштија. Од Јануари 2022 година, секое девојче ќе може нормално да функционира за...

Вистиномер: Не е точно дека СЗО не препорачува да се носат маски во училиштата

СЗО има донесено препораки за употребата на маски во училиштата и тоа за секоја возраст. Не е точно дека СЗО нема препораки за тоа дали децата во училиштата треба да носат маски, како што се сугерира во објавата што ја анализираме. Таквите препораки се присутни на повеќе места од порталот на СЗО, како и во официјални публикации издадени од...

Училишта ширум САД ја откажуваат наставата поради наводни закани за пукање што се појавиле на ТикТок

Училишта ширум Соединетите американски држави (САД) ја откажаа денешната настава по информациите дека на видео-платформата ТикТок наводно биле упатувани закани за пукање и бомбашки напади, пишува „Д Врџ“ (The Verge). Неколку училишта во Калифорнија, Тексас, Минесота и Мисури рекле дека планираат да ги затворат училиштата по извештаите во локалните медиуми. Други училишта, пак, најавиле засилено полициско присуство и им испратиле...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...